1. Затоа што имаме 30% невработеност.
2. Затоа што сме тотално ирелевантни па никој не сака да инвестира кај нас.
3. Мал пазар.
4. Лош кадар.
5. Непродуктивен кадар.
6. Лоша инфрастуктура.
7. Нестабилно поднебје.....
Вака може до 1001... Да не се лажеме без субвенции нема странски инвестиции. Без странски инвестиции уште долого ќе имаме голема невработеност. Нешто сигурно треба да се направи и еве се прави е сега колку и дали е најдобро никој не знае али за разлика од предходно бар нешто се прави...
1. Зависи од кадарот, и за подефицитарен кадар платите се нешто малку повисоки, ама не многу. Но генерално си во право, и како фактори ги гледам тоа што луѓето не сакаат да се погледнот во огледало кои се и што се, а истовремено властите не сметаат за обично топовско месо.
2. Ова е точно, историски гледано проблем на цел Балкан.
3. Пазар оди со потрошувачи/клиенти, ако произведуваш ветробрански стакла во Македонија пазарот не е мал, не постои. Ама близината со Западна Европа треба да е плус во овој поглед.
4. Не се согласувам. Одредена доквалификација можеби е потребна, ама кадарот овде не е паднат од Марс. Последен пример Гентерм, цели 3 месеци обука во Украина за роботски работи...тоа не ќе да е до кадарот, повеќе е до желбата за феудални принципи на работење.
5. Надоврзување на претходното, ама е последица и на деградирачките плати. Не можам јас да мислам на продуктивност при извршување на работните задачи ако платата ми е таква да треба да правам пресметки каде ми се најефтини млекото и јогуртот за дома.
6. и 7. Апсолутно точно, само што и двете влечат историски корени и веројатно се решаваат во повеќе генерации.
Штом нешто се прави, потребна е повратна врска за евалуација на направеното. Моменталните ефекти се спасување на белосветски (и некои домашни) феудалци од пропаст на сметка на тотално деградирање на домашниот човечки капитал. Ако имаш некакво влијание, работете на тој план.[DOUBLEPOST=1452612322][/DOUBLEPOST]
Не мислев стриктно на тебе.
А што должиме како пример беше земено државното образование. Тоа што тебе како идеја не ти се допаѓа е сосем друга работа.
Според мене, целосно здравство и одреден степен на образование, спорт и култура (до некои 16 години) треба да се под државна контрола, и истовремено бесплатно на располагање на сите македонски жители. Нивното финансирање е повеќе проблем на властите и нивното управување со парите, отколку јас да работам 42 години (?!?!) само за образованието, како што имаше пишано еден член претходно.