Фан клуб: МЗТ Скопје

V

Viktoranius

Гостин
Верувам дека има јаки семки :)
Инаку денес конечно гласот ми се пушти.
Ми беше фатен благодарение на Златевски.
btw. Mногу убав гест од страна на управата со дресот. Тоа е големината на еден клуб. Одсекогаш таквите гестови многу ми се допаѓале.
За каков дрес ?
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
469
Поени од реакции
0


06.03.2008 :: Заклучоци на прволигашите

Здружението на клубови од Прва Лига Мажи, ја одржа 9-та седница на 04 Март во просториите на КФМ, свикана на иницијатива на Претседателот на КФМ Даниел Димевски. Целта на состанокот беше да се согледаат сите помали инциденти кои се случија во досегашниот дел од продолжението на сезоната, да се укаже и превенира да не прераснат во поголеми инциденти, со што неповратно ќе се наруши угледот на најпопуларниот и најгледан македонски спорт. Во коректна и пријателска атмосфера, по тричасовна расправа околу однесувањето на публиката, навивачките групи, службените лица - тренери, играчи, управа на клубовите, во изминатите напревари од вториот дел на на сезоната, со едногласна одлука на седумте присутни претставници на клубовите, ги доненесе и се обврза да ги спроведе следните

ЗАКЛУЧОЦИ

1. Да се работи на тоа, секој натпревар од кошаркарската Прва Лига да не претставува стрес, туку, напротив, да претставува задоволство, да предизвикува празнично расположение кај управите, спонзорите и директните учесници на натпреварите, а поразите да не ги сметаме како крај на светот туку од нив да излеземе поискусни за натамошно делување и напредок во клубот на кого му припаѓаме. Да создаваме атмосфера на другарување, да сме свесни за мисијата на едукација на публиката и актерите на една спортска манифестација - кошаркарски натпревар од највисок ранг во Р. Македонија.

2. Секој клуб (претседател - управа), да му наложи на својот стручен штаб да внимава на своите гестикулации за време на натпреварите, со своето неспортско и театрално реагирање да не предизвикуваат, да не бидат иницијална каписла за неспортска реакција кај навивачката група на клубот.

3. Секој клуб (претседател - управа), да им наложи на своите играчи, особено на оние кои со своето проблематично однесување за време на натпреварите (неспортски и театрални реакции по судиските одлуки, неспортска и недозволена театрална комуникација и навредлива гестикулација кон противничките играчи, тренери и навивачки групи), да се однесуваат спортски и коректно, затоа што секако поинаку му нанесуваат ненадоместлива штета на угледот на својот клуб и на кошарката воопшто. Играчите да се предупредат дека за неспортско и вулгарно однесување ќе бидат ригорозно санкционирани.

4. Во врска со ограничената (со Закон) реакција и работа на органите на МВР за време на натпреварите, раководството на КФМ да подготви и поднесе иницијатива со предлог за измена и дополнување на Законот за јавен ред и мир и организација на спортски натпревари. Целта е да се зголемат овластувањата на органите на МВР за справување со неодговорни гледачи, кои со своето вулгарно и вандалско однесување ја загрозуваат безбедноста на учесниците на натпреварите и го нарушуваат угледот на кошарката и спортот воопшто. Да се предложат поригорозни санкции кон сите оние кои го кршат законот.

5. Клубовите, согласно законските прописи, да воспостават подобра комуникација и да се ангажираат да воспостават контрола и подобра соработка со навивачките групи.

6. На локално ниво, клубовите да бараат присуство на екипа со специјални полициски сили за спречување на насилно однесување на навивачките групи пред, за време и по завршување на натпреварот.

7. Управите и службените лица на секој клуб, да се воздржуваат од непристојна гестикулација за време на натпреварите и да бидат воздржани во коментарите по завршувањето на натпреварите. Да имаат повеќе доверба во институционалниот начин на решавање на проблемите и да не предизвикуваат наелектризирана атмосфера меѓу учесниците.

8. Службените лица и учесниците на натпреварите да не го коментираат судењето јавно и да не даваат никакви изјави поврзани со судењето во медиумите. Доколку се утврди такво нешто, на Комесарот за натпреварување му се даваат широки овластувања ваквите појави најстрого да ги казнува.

9. Комесарот за натпреварување санкциите да ги одмерува максимално одговорно и со еднаков критериум и да изрекува поригорозни казни за сторените прекршоци.

10. Во интерес на регуларноста и обврските на клубовите, сите долгувања на клубовите да се подмират најдоцна до 21.03.2008 година. Неподмирувањето на долгот повлекува автоматска суспензија од натпреварувањето. Со подмирување на долгот, суспензијата автоматски престанува да важи.

Скопје, 04.03.2008 Здружение на клубови од Прва Лига Мажи
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
469
Поени од реакции
0
zapazete gi tockite 6,7,8 i 9.nedaj boze nekoj da kazal los zbor za sudija.znaci sudiite ispadnaa pozastiteni od igracite,kako da e sudisko prvenstvo a ne kosarkarsko.sekoja cest gospodine Tome Dimishkovski,mislam deka sega ke si gi zastite vasite milenicinja vo sudiskata organizacija i kako sto e redot treba da gi proglasite za svetci i da im postavime spomenik vednas do onoj na majka tereza

OVA E SRAMOTA ZA MAKEDONSKATA KOSARKA
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
zapazete gi tockite 6,7,8 i 9.nedaj boze nekoj da kazal los zbor za sudija.znaci sudiite ispadnaa pozastiteni od igracite,kako da e sudisko prvenstvo a ne kosarkarsko.sekoja cest gospodine Tome Dimishkovski,mislam deka sega ke si gi zastite vasite mislenicinja vo sudiskata organizacija i kako sto e redot treba da gi proglasite za svetci i da im postavime spomenik vednas do onoj na majka tereza

OVA E SRAMOTA ZA MAKEDONSKATA KOSARKA
Па тоа е нормално мора да се научиме на култура со судиите затоа таква е и публиката,секоја судиска одлука мора да се прифати кога тоа е досудено джабе е се:toe: Еве гледи НБА,на секој мал приговор на судијата се добива техничка јасно ми е дека сме 999999999999999999 пати зад Нба,но мора да се навикнеме на култура со судиите,такви се и Младинските Лиги децата пцујат по судитие?20 Години постар човек пред се мора да го поштуваш,нема ред МОРА ДА СЕ СТАВИ !!!:toe:
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
469
Поени од реакции
0
Па тоа е нормално мора да се научиме на култура со судиите затоа таква е и публиката,секоја судиска одлука мора да се прифати кога тоа е досудено джабе е се:toe: Еве гледи НБА,на секој мал приговор на судијата се добива техничка јасно ми е дека сме 999999999999999999 пати зад Нба,но мора да се навикнеме на култура со судиите,такви се и Младинските
Лиги децата пцујат со судитие?20 Години постар човек пред се мора да го поштуваш,нема ред МОРА ДА СЕ СТАВИ !!!:toe:
se slagam deka treba da se vospostavi red,no toa ke funkcionira koga ke ima realno sudenje,site sto pratat kosarka znaat kolku sudiite realno sudat,zatoa i pisav deka ova poveke mi nalikuva na sudisko prvenstvo a ne na kosarkarsko.pogolemiot del od sudiite megjusebno se skarani i toa uste poveke ja zgolemuva tenzijata.jas nikade ne procitav koi se kaznite za previd na sudiite,za tendenciozno sudenje.spored mene tokmu toa ne fer sudenje e najgolemata pricina za tenzijata koja se javuva na tribinite.se slagam so toa deka treba da se izmeni zakonot za javen red i mir i deka sekoj onoj sto ke frli predmet treba da odgovara pred organite,no ti ne mozes na publikata da i kazes dali taa moze da si go kaze svoeto mislenje ili ne.publikata si ja platila vleznicata za da gleda kosarka a ne za da gi gleda sudiite vo glavna uloga na terenot
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
se slagam deka treba da se vospostavi red,no toa ke funkcionira koga ke ima realno sudenje,site sto pratat kosarka znaat kolku sudiite realno sudat,zatoa i pisav deka ova poveke mi nalikuva na sudisko prvenstvo a ne na kosarkarsko.pogolemiot del od sudiite megjusebno se skarani i toa uste poveke ja zgolemuva tenzijata.jas nikade ne procitav koi se kaznite za previd na sudiite,za tendenciozno sudenje.spored mene tokmu toa ne fer sudenje e najgolemata pricina za tenzijata koja se javuva na tribinite.se slagam so toa deka treba da se izmeni zakonot za javen red i mir i deka sekoj onoj sto ke frli predmet treba da odgovara pred organite,no ti ne mozes na publikata da i kazes dali taa moze da si go kaze svoeto mislenje ili ne.publikata si ja platila vleznicata za da gleda kosarka a ne za da gi gleda sudiite vo glavna uloga na terenot
Абе та разбирам,кога ке има добро судење ке нема ни приговори ни ништо,но кога тогаш мислам дека ке се стави ред.:toe:
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
469
Поени од реакции
0
pa jas mislam deka sega e vistinskoto vreme za da tie sudii pocnat da sudat kako sto treba.odamna nemalo vaka kvalitetna kosarkarska liga kaj nas i tokmu zatoa mislam deka kako sto probuva kfm da gi dovede klubovite i navivacite vo red treba toa i da go primeni vo svoite redovi za se da funkcionira kako sto treba i kako sto dolikuva na vaka jako prvenstvo
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Абе ке има фер судење верувам,но во многу од случаите кога ке изгубат тимовите,еве на пример вие пота судиите се криви,и тие се мета на тврди предмети,парички тоа не е фер.Сите сакаат да победуваат ова е проблемот...:tapp:
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Утопија е ова што го барате..во НБА судиите подлежат на федерален закон ..ги гони ФБИ ако прават мучки..а нашите ги гони Штерјо..и по некој разлутен навивач..
Во секој случај не е до квалитетот на кошарката требаат закони...во апс ако си со двоен аршин, во апс ако зимаш плата и од Штерјо, во апс ако се продаваш за порција пирошки..и т.н...Е тогаш ќе судат како што треба..и сите ќе се однесуваат според прописите..
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
469
Поени од реакции
0
Абе ке има фер судење верувам,но во многу од случаите кога ке изгубат тимовите,еве на пример вие пота судиите се криви,и тие се мета на тврди предмети,парички тоа не е фер.Сите сакаат да победуваат ова е проблемот...:tapp:
eve sega ke ti kazam na poslednata utakmica so pelister zosto bea meta na upaljaci i paricki.na polozuvanje na ne znam tocno koj igrac bese topkata udira vo tabla i odejki nakaj obracot srdjan stankovic udira banana.i sega edniot sudija pokazuva dva poena ama drugiot koj e glaven pokazuva deka nema kos.znaci iako cela sala vide deka basketot ja dopre tablata samo toj samobendisan sudija ne videl i poradi toa ne bese priznat kosot.ne deka gi pravdam site onie koi frlija predmeti tuku sakam da ti dolovam deka vakvi greski ne smee da mu se desat na eden prvoligaski sudija,a vakvite greski budat revolt kaj publikata i kaj igracite
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
469
Поени од реакции
0
Утопија е ова што го барате..во НБА судиите подлежат на федерален закон ..ги гони ФБИ ако прават мучки..а нашите ги гони Штерјо..и по некој разлутен навивач..
Во секој случај не е до квалитетот на кошарката требаат закони...во апс ако си со двоен аршин, во апс ако зимаш плата и од Штерјо, во апс ако се продаваш за порција пирошки..и т.н...Е тогаш ќе судат како што треба..и сите ќе се однесуваат според прописите..
se slagam so se ova sto sgo napisa markus
 

Kajgana Shop

На врв Bottom