Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Па тоа ми беше муабетот имаме многу играчи во средниот ред, а само со Манџо и Дибала во форма во нападот да се бориш во три фронта и да очекуваш успех во сите е малку наивно според мене, сепак Лавеци би завршил огромна работа ако се донесе, за да имаме успешна сезона.
 
Што ако имаме многу играчи во среден ред, кога тие или не се квалитетни, или се подложни на повреди. Мора да се направи чистка таму и да се донесе еден квалитетен играч.

Лавеци ако се донесе, тогаш ќе лета Заза, а моментално Заза дава гол на секои 70 минути(статистички). Јас во Јануари би му дал предност и пред Мората за да се докаже дека не се случајни тие 5 гола и да си го задржи местото во Јуве.
 
Ич не го сакам Берарди. Лани (т.е. летоска) му беше шансата да дојде и да покаже дека вреди. Не ја искористи, чао пријатно. Се надевам дека нема да го потпишат.
Ја одбива секоја прилика за да дојди во Јуве, те не бил спремен, те убо му било во Сасуоло, фан на Интер бил, па отворен бил на трансфер во Шпанија и Англија, детето се сака освен Јуве.
 
Абе тоа фан бил на Интер е малце исфорсирано од страна на медиумиве. Татко му на времето бил некој си во главните во некоја треторазредна навивачка група на Интер, и со тоа си влечат паралела како и Берарди бил за Интер, што не значи дека нема шанси да е, но на повеќе места го имам сретнато како причина зошто не идел во Јуве. Па ако беше толку вжештен навивач на Интер, зошто потпишуваше договор со Јуве кога го имаа по половина со Сасуоло?

Работава со Берарди е дека најверојатно не сака да биде уште еден Џилардињо, Бориело и ред други `ѕвезди` кои не го дочекаа својот блесок во голем клуб баш поради одлуката што побрзо да заиграат за нив. Негова одлука е.

Инаку, карактерно и неговата дисциплина не ми се допаѓаат, и најверојатно не е на највисоко ниво. Не знај да го скроти темпераментот и доста пати знај да напрај непромислен црвен картон, а игра напаѓач. А тек како би се вклопил во екипа како Јуве каде притисокот е дааалеку поголем од Сасуоло тоа е друга тема на разговор.
 
Неговиот тренер во Сасуоло изјави дека Берарди е интроверт и дека не сака промени, можеби е исплашен од цела таа промена.
 
Ко така нека си остани цела кариера во Сасуоло и нема што агентот да пишти по медиуми да тропа зелени.
Абе тоа фан бил на Интер е малце исфорсирано од страна на медиумиве. Татко му на времето бил некој си во главните во некоја треторазредна навивачка група на Интер, и со тоа си влечат паралела како и Берарди бил за Интер, што не значи дека нема шанси да е, но на повеќе места го имам сретнато како причина зошто не идел во Јуве. Па ако беше толку вжештен навивач на Интер, зошто потпишуваше договор со Јуве кога го имаа по половина со Сасуоло?

Работава со Берарди е дека најверојатно не сака да биде уште еден Џилардињо, Бориело и ред други `ѕвезди` кои не го дочекаа својот блесок во голем клуб баш поради одлуката што побрзо да заиграат за нив. Негова одлука е.

Инаку, карактерно и неговата дисциплина не ми се допаѓаат, и најверојатно не е на највисоко ниво. Не знај да го скроти темпераментот и доста пати знај да напрај непромислен црвен картон, а игра напаѓач. А тек како би се вклопил во екипа како Јуве каде притисокот е дааалеку поголем од Сасуоло тоа е друга тема на разговор.
Абе не ми смета мене најтежок ултрас на интер нека е, ете го Бонучи беше интераш чист па ништо. Ме нервира малиот едноставно не избегава лани јасно кажа дека не сака да оди во Јуве а во меѓувреме вели дека би одел во Ливерпул/Арсенал/Барселона во секунда.[DOUBLEPOST=1451428534][/DOUBLEPOST]Погба наводно на некои фанови од Емиратите им рекол дека наредното лето ќе е играч на Барселона.
 
Абе не ми смета мене најтежок ултрас на интер нека е, ете го Бонучи беше интераш чист па ништо. Ме нервира малиот едноставно не избегава лани јасно кажа дека не сака да оди во Јуве а во меѓувреме вели дека би одел во Ливерпул/Арсенал/Барселона во секунда.
Meне поентата ми беше дека медиумиве тоа го наведуваат како главна причина за тоа што не идел во Јуве, агентов негов изјавува дека Јуве и Сасуоло имаат усмен договор за следното лето (како што имаа со Заза), но ако не сака да иди во Јуве и безпари нека е не треба да се земи, нека си стој во Сасуоло, или нека замини во Барса (нешто што е рамно на sci fi теорија). А искрено, ретко се има обратено лично Берарди за која е негова желба. Секогаш агентот негов ги дава сите информации. Ништо чудно е дали е ова нивна заедничка цел (агентот и Берарди) да биде намамување некој тим да им даде голема плата и што е можно подолг договор. Или Берарди е под контрола на агентот кој мириса пари, не знам. Не сакам да шпекулирам, но никакво сценарио не би ме изненадило, а искрено Берарди сеуште не вреди 25 милиони.

Искрено, јас мислам дека е уште еден нов `Дел Пиеро/Баџо/Виери`, уште една нереализирана `ѕвезда`, кој најголемото нешто што успеал да постигни во кариерата ќе му биде 2 гола дадени против Милан кој заврши на 7 позиција, и лани што ги постигна головите. Еве го сезонава гледам многу гола се изнадава, го имам гледано 2-3 пати сезонава, не дека е лош, но толку прашина да се крева за него, како да се работи за Виери на младост.
 
Италијанските фудбалски експерти и тренери веќе го прогласија Дибала како новиот Дел Пиеро. Види Берарди е одличен треквартиста ненормално добра визија и пас, одлично ја лепи топката али како што рече ако не се гледа тука нека се носи негде подалеку од тука.
 
Нели крило е Берарди, од каде сега треквартиста?
 
Италијанските фудбалски експерти и тренери веќе го прогласија Дибала како новиот Дел Пиеро. Види Берарди е одличен треквартиста ненормално добра визија и пас, одлично ја лепи топката али како што рече ако не се гледа тука нека се носи негде подалеку од тука.
Според мене голем играч не може да биде голем, ако не се докаже во голем клуб. И од Бориело и многу други кои решетеа во малите клубови, се изгубија во големите, така да едно е да бидеш прв во Сасуоло друго е кога ќе облечеш дрес на Јуве,Милан и Интер.

Ако се плаши да оди во голем клуб, тогаш најверојатно е сигурен дека нема да биде прва виолина, нешто налик на Ди Натале кој никогаш не го направи тој чекор повеќе во својата кариера, а имаше понуди и од Јуве и од Милан и Интер.

Газета пишува дека Интер и Милан се заинтересирани за Касерес. Интер нудел 3.5 милиони за Касерес да премине во Интер оваа зима, а Милан сакал да се договори со играчот, и влето да замини за безпари, но ќе му дадат висока плата од 4 милиони евра.[DOUBLEPOST=1451503943][/DOUBLEPOST]Конте му рекол на Заза дека ќе мора да игра повеќе ако сака место за ЕП влето.

Заза наводно после овој разговор побарал од Јуве трансфер. Бидејќи гаранции, не може да добие, си побарал трансфер. Негово право.

Наводно, Ватфорд веќе испратиле понуда. Сопственикот на Ватфорд е истиот со Удинезе, Џино Поцо кои имаат одлична соработка со Ањели и Марота,а наводно веќе имале и контакт.
 
Последно уредено:
Момци среќна Нова Година. Да ве следи многу здравје, успех и љубов. Најбитно од се посакувам да бидете среќни и исполнети, бидејќи само тоа ќе ни овозможи догодина пак да си честитаме :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom