Teтово

  • Креатор на темата Креатор на темата JoCkI
  • Време на започнување Време на започнување
Ццц 21ви век, вода нема, воздух нема. Училиштата затворени. Кај ни растат децата бе еј, од бетер на бетер.

Sent from my E2105 using Tapatalk
 
Мене не ми е јасно како ќе се реши ситуацијата со тоа што децата нема да одат на училиште па и градинките ги затворија. Па има родители кои одат на работа кој ќе им ги чува децата. Или пак ако седат дома нема да излезат децата никаде? Дај и на работа да не одиме нека се затвори градов. Или пак воздухот дома што го дишиме многу почист е. Туку друго им е финтата да нетрошат пари за греење (а тие пари се веќе обезбедени од буџет) и да пикаат во џеб.
 
^ Pa i toa so parite i sega se spasija od protesti od ucenicite koi ne odea na uciliste tuku odea pred opstina i se digase prasina a vaka sega doma ke si sedat ili na kafe a ne pred opstina..
 
Тетово и се е можно и никој ништо не презема за загадувањето туку ќути си и терај
 
„ДОСТА ВЕЌЕ, ОДЕТЕ ВО 997 ПМ!“

Масовни протести во Тетово против загадувањето, граѓаните ги блокираа влезовите од градот

Револтирани од енормното загадување, денеска неколку илјади граѓани на Тетово ги блокираа трите главни влезови на градот и маршираа по улиците. Побараа сите надлежни институции да преземат поконкретни мерки за намалување на високите концентрации на ПМ10 честичките во воздухот, со кои Тетово руши рекорди во загаденост на национално, регионално, а се „трка“ и на европско ниво.


mkd-233419.jpg

Незадоволната толпа ги блокираше влезовите на Тетово кај Градскиот стадион, оној кај кружниот тек кај „Веро“, влезот кај Средното медицинско училиште и ректоратот на ДТУ, но се протестираше и пред општинската зграда и на централниот градски плоштад, каде тетовчани гласно кажаа „СТОП за загадувањето“.

Низ улиците се создаде река од револтирани граѓани, а можеше да се забележат и учениците од Економското училиште, Македонци и Албанци, како заедно протестираат против штетните состојки во воздухот, кои во вечерните часови се и 20 пати над дозволените граници.

Дел од топлата незадоволството го искажаа носејќи заштитни маски на лицето, други држеа транспаренти, трети извикуваа и свиркаа, а имаше и такви што фрлија јајца кон зградата на општината.

Иако поради загадувањето беше прекината наставата во училиштата, сепак, тетовчани бараат долготрајни мерки, комплетно менување на политиката кон лошата еколошка состојба и конкретни рестрикции во градежништвото, сообраќајот и индустријата.

За утре се најавува и нов протест под името „Доста веќе, одете во 997 ПМ“.


„Вo петок, во 13 часот на плоштадот ’Илирија’ во Тетово, движењата ’Еко герила’ и ’Мајка и дете’ организираат протестен собир, во знак на револт за катастрофалната еколошка состојба. Нашиот град исчезнува, нашите граѓани се по болниците, на нашите животи им доаѓа крај. Оваа состојба не се толерира. Ова труење не се трпи! Доста веќе!“, стои во повикот за утрешниот протест.
mkd-233421.jpg
 
Само незнам која е таа мерка пуштање на децата дома? Ко децата да загадуваат. Или пак дема нема да бидат изложени на загадениот воздух? Полни кафиќине сите се шетаат. НЕзнам што ќе се постигне со тоа. Во текстот пишува цитирам “Иако поради загадувањето беше прекината наставата во училиштата, сепак, тетовчани бараат долготрајни мерки,“ изјавава е ко тоа решение да е краткорочно. Тоа не е ама баш никакво решение туку само да штедат за греење да не трошат пари затоа што за тоа обично немаат а за избори имаат. Или пак ќе штедат пари за на пролет изборите. Ова загадувањево им дојде како добар изговор.
 
Шара пак гори.
Сува Гора откаршија исто.
 
Што? Има дрва на Шара?
Уште не си напраиле ко у Авганистан да им биде...
Сеа ќе го затвора Југохром, па не ни требаат дрва. Воздухот има кристално чист да биде.
 
Сеа ќе го затвора Југохром, па не ни требаат дрва. Воздухот има кристално чист да биде.
Да бе, стварно така ќе биде. Ќе видиш.
Еве кај нас у Скопје не ни има Југохром и баш таков е воздухот - кристално чист. Исто и у Битола, а и на други места.
Вие ослободите се од Југохром и воздух ќе ви се прочисти и вода ќе добиете и депониите у сред град на кои се палат гуми, наместо отровен чад ќе почнат јонизиран воздух со мирис на рузмарин да пуштаат, и на Шара нови дрва ќе пораснат. Само Југохром затворите го.


Рака на срце, сериозно, и јас сметам дека Југохром треба да се затвори и не мислам дека ќе ви се подобрат многу, многу резултатите на воздухот, али барем нешто ќе се подобрат.
Албанците не сакаат да се реши проблемот на воздухот, они сакаат кафирската инвестиција да ја нема. Тоа што стварно сметам дека таа инвестиција учествува во загадувањето е друга работа.
Но, ако беа они за почист воздух, ќе ги уваже и другите параметри и ќе знаеа дека Југохром нема да го реши проблемот.

Сакам да го затворат, за да се види после воздухот, колку ќе биде понезагаден. Дали тоа ќе биде значително или незначително.
 
и на Шара нови дрва ќе пораснат. Само Југохром затворите го.
Сува Гора од каршија после ратот за 3 години брич ја сторија, Шара исто, урбаниот хаос, стари возила, паркирање на сред пат....депониата у сред град на 50 метра од Жито полог, сето тоа не загадува, проблемот е Југохром, веројатно заради каурите што работат во него, ако мнозинството беа Арнаути сигурно немаше и тоа да е проблем.
ФОТО: Депонијата на 1,4 километри од плоштадот во Тетово

Ваќе изгледа претоварната станица (читај: депонијата) на улаз у Тетоо кој е чиста.



Од лева страна може да се вида брдата ѓубре, а позади са силосите на Жито полог. Освен што депонијата се наоѓа на помалку од 50 метра од најголемата фабрика за леб у Тетоо, истата се наоѓа на 1,4 километра од плоштадот у центар на град.
 
Сува Гора од каршија после ратот за 3 години брич ја сторија, Шара исто, урбаниот хаос, стари возила, паркирање на сред пат....депониата у сред град на 50 метра од Жито полог, сето тоа не загадува, проблемот е Југохром, веројатно заради каурите што работат во него, ако мнозинството беа Арнаути сигурно немаше и тоа да е проблем.
ФОТО: Депонијата на 1,4 километри од плоштадот во Тетово

Ваќе изгледа претоварната станица (читај: депонијата) на улаз у Тетоо кој е чиста.



Од лева страна може да се вида брдата ѓубре, а позади са силосите на Жито полог. Освен што депонијата се наоѓа на помалку од 50 метра од најголемата фабрика за леб у Тетоо, истата се наоѓа на 1,4 километра од плоштадот у центар на град.

Веројатно српските тајни служби ги попречуваат градските власти да го превземат системот од Камикацу.
 
Југохром ќе се затвори на неопределено време.

Баш сега да видиме на кое ниво ќе биде загадувањето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom