Ipsissimus
P.I.
Немора да се затвори, се што треба е да се постават потребните филтри, и нема да загадува.Југохром ќе се затвори на неопределено време.
Баш сега да видиме на кое ниво ќе биде загадувањето.
Југохром почна да поставува филтри за задржување на прашината
Новата опрема што се поставува во комбинатот ќе обезбеди поголема заштита на животната средина и нови вработувања.

Фабриката за производство на феролегури, Југохром од Јегуновце почна со реализација на проектот за изградба на филтер станици за прочистување на издувните гасови од производството на фабриката.
Работата на филтер станиците покрај заштита на животната средина, ќе овозможи и нови вработувања во фабриката која во моментот работи со половина капацитет и има повеќе од 1.000 вработени.
Целокупната инвестиција која опфаќа изградба и опремување на три филтер станици, планирано е да се заврши до крајот на годинава. Изградбата на филтер станиците, чиј габарит ги надминува дури и димензиите на производствените погони на фабриката, ќе овозможи задржување на прашината која се создава со производство на феросилициум и прочистување на чадот кој се испушта од фабриката до ниво на концентрација на ПМ10 честички од 10 mg/m³. Според позитивните прописи дозволената концентрација на ПМ10 честички во воздухот изнесува 50mg/m³.
„За реализација на инвестициски проект од оваа големина потребни се време и финансиски средства. Оттука со задоволство можам да кажам дека Југохром го почна овој инвестициски процес, за чија реализација во најголем дел се ангажирани домашни компании. До крајот на годинaва можеме да очекуваме заокружување на инвестицијата, а со тоа и зголемување на искористеноста на капацитетите на фабриката и нови вработувања“, изјави Славко Стојчески, технички директор во Југохром.

Фабриката за производство на феролегури Југохром, произведува феросилициум, легура која во главно се користи како суровина во челичната индустрија. Работењето на фабриката има значајно влијание врз економијата на земјата, учествувајќи со 0,9% во БДП и 7% во извозот од металопреработувачката индустрија. Покрај редовните вработувања, функционирањето на фабриката овозможува уште над 5.000 индиректни вработувања во компании чие работење е поврзано со Југохром, соопшти компанијата.
Link.