РАДИОДИФУЗНА ТАКСА - има ли логична причина да постои?

Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Мамата ни е ја ебаа со миљарда давачки и крадење пари од џебот на обичниот човек, што ли уште не ни напраија, кој ли закон не го прекршија, а овде со цилиндар и монокл ми изиграва бечка школа, некој покондирен од кујзне кое село нашол работа у администрација, постигнал нешто што у негова фамилија не е постигнато со генерации.
...па ми се обраќа со почитуван член. Игнорантно и дрско, нема што.

- Кога ќе ме гледаш со жален поглед одпозади решетки, тогаш можеш да се преправаш како сакаш.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Кој зане и дали имал телевизор и струја по дома ама важно памет сега соли
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Кој зане и дали имал телевизор и струја по дома
Колку што знам имаат телевизори во Демир Хисар. Додуша еден телевизор за повеќе пациенти, ама се брои и така.
 
Член од
14 ноември 2015
Мислења
13
Поени од реакции
4
Мамата ни е ја ебаа со миљарда давачки и крадење пари од џебот на обичниот човек, што ли уште не ни напраија, кој ли закон не го прекршија, а овде со цилиндар и монокл ми изиграва бечка школа, некој покондирен од кујзне кое село нашол работа у администрација, постигнал нешто што у негова фамилија не е постигнато со генерации.
...па ми се обраќа со почитуван член. Игнорантно и дрско, нема што.

- Кога ќе ме гледаш со жален поглед одпозади решетки, тогаш можеш да се преправаш како сакаш.
Branchez нема да паднам на вашето ниско ниво,но....тоа што го рековте го оставам на ваша свест и совест.
Имено сакам да истакнам во овој одговор кон вас дека сигурно и вие плаќате претплата за РДТ,но овде се правите како да не плаќате.Но вие не се сеќавате дека се плаќаше порано РДТ со сила,а ако не наплаќаа граѓаните им ставаа печат на тв приемниците,доколку грешам прашајте некој постар од вас ке ви каже дека е така,но тогаш сигурно вие си плаќвте,а сега ги навредувате со зборови ие што редовно си плаќаат претплата.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ете така е,инкасантот (не државата) го запечатуваше телевизорот па кога ќе се платеше (ама не блокираше сметки) рдт го отпечатуваше телевизорот

И што си се фатил ко слеп за стап,ај оди по репете!
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Почитуван член сакам да ви одговорам на вашата таканаречена невистина.Тоа што го кажувате незнам можеби е точно,ама јас како граѓанин не сум забележал тоа да се случи на граѓаните,незнам можеби има исклучоци.Еве сега ке ви кажам јс еден пример:
1.како беше порано требаше на инкасатор да се даваат пари на рака за РДТ а ако не се дадеа следуваше запечатување на тв приемникот,така ли беше или не?
2.За отпечатување на тв приемникот требаше да се плати казна од 2.000 денари кои беа само за џебовите на инкасаторите,јас незнам можеби сте млад и не се сеќавате на овој начин на наплата на РДТ.

Која невистина дојди лично ќе ти докажам дека оваа случка на мене лично ми се има десено. Значи не прекажувам дека на некој му се десено туку лично мене и среќа деновиве сум на одмор па наместо да посветам време на семејството јас трчам докажувам дека се работи за ист стан. Ти изгледа или си слеп негледаш што се дешава или така ти одговара. За тоа порано не се секирај постар сум во Југославија сум роден иако една деценија сум живел во истата но и да вршеле “присилно“ тоа било на еден стан т.е. на телевизор, а не сега присилно на сите тројца дома ни вршат присилна наплата за ист телевизор. Плус тоа порано само таа телевизија ја имавме и гледавме и барем се правеа некакви емисии исе снимаа филмови. Се направија народни приказни кој неможат сега школовани глумци ни до пола квалитет да направат, бушава азбука се направи емисија која и ден денес ја гледаат младите деца. Имавме наши емисии за деца како дајте музика, автограм, (ако ти текнува “потпис тежок еден грам автограм“). Кога ги гледав тие емисии не ми излагаше телоп во ќошот за тоа што направила владата или како зглешила опозицијата. Само кај нас има власт самата себеси да се фали и да се рекламира. Имаше музички емисии квизови сега освен политички рекламирања нема ништо. За таква телевизија вреди да се плати. И пак ќе кажам не ми е проблем да плаќам, туку ме нервира начинот на кој тоа го прават (иако оваа програма не заслужува да и се плати).

И ај кажи ми дали ова што го наведов не е така?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Branchez нема да паднам на вашето ниско ниво,но....тоа што го рековте го оставам на ваша свест и совест.
Имено сакам да истакнам во овој одговор кон вас дека сигурно и вие плаќате претплата за РДТ,но овде се правите како да не плаќате.Но вие не се сеќавате дека се плаќаше порано РДТ со сила,а ако не наплаќаа граѓаните им ставаа печат на тв приемниците,доколку грешам прашајте некој постар од вас ке ви каже дека е така,но тогаш сигурно вие си плаќвте,а сега ги навредувате со зборови ие што редовно си плаќаат претплата.
аа зошто менвавме сустемот ако задржавме лоши работи од комунизмо? Тие запечатваа телевизори овие запленуваат телевизори
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
аа зошто менвавме сустемот ако задржавме лоши работи од комунизмо? Тие запечатваа телевизори овие запленуваат телевизори
Ма арно само тоа да запленуваат, туку и трансакциски сметки блокираат па ела земи плата ако можеш и купи за јадење.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Ма арно само тоа да запленуваат, туку и трансакциски сметки блокираат па ела земи плата ако можеш и купи за јадење.
Тој шо не гледа МТВ не заслужува да јаде
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
паможе и секој граѓанин да поднесе претставка до Уставен суд за да се укине претплатата.
Добро ти е ова Миле. На Уставен, а? Јас мислев дека законот треба да се промени во Собранието.

..Јас лично имам кабловска телевизија и за следење на ТВ програми си плаќам редовно кај операторот со кој имам своеволно потпишано договор.
Јас НЕМАМ а не ми се верува ниту било кој друг дека има договор со Македонска телевизија за користење на нејзини услуги.
Во која друга земја во светот сте принудени по пат на огромни казни и трошкови преку извршители кои упаѓаат во станови и куќи и одземаат имоти, блокираат и така празните сметки на граѓаните за да наплатат долг за кој нема никаков документ??
Тоа што имаш кабелска телевизија, тоа нема никаква врска со радиодифузната претплата (или давачка). Не ми е јасно како тоа на огромен дел од населението не им е јасно. Тоа е како да не сакаш да плаќаш данок, бидејќи ти си ги дал парите на пример на внуци, на деца... на просјак... Кабелските оператори ти нудат канали, за свој профит, да не ставаш антени, сателиски, итн...
Не ти треба договор со МТВ. Тоа е давачка за јавниот сервис, не се тоа пари само за МРТ, иако тие најмногу добиваат. Исто така не сме потпишале договор дека ќе плаќаме ДДВ насекаде, па плаќаме. Не е мерило за плаќање на оваа такса дали се гледа или не државната ТВ и радио.
Јавниот сервис се финансира од населението на МК, дали преку такса, преку буџет или мешано...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Добро ти е ова Миле. На Уставен, а? Јас мислев дека законот треба да се промени во Собранието.

Тоа што имаш кабелска телевизија, тоа нема никаква врска со радиодифузната претплата (или давачка). Не ми е јасно како тоа на огромен дел од населението не им е јасно. Тоа е како да не сакаш да плаќаш данок, бидејќи ти си ги дал парите на пример на внуци, на деца... на просјак... Кабелските оператори ти нудат канали, за свој профит, да не ставаш антени, сателиски, итн...
Не ти треба договор со МТВ. Тоа е давачка за јавниот сервис, не се тоа пари само за МРТ, иако тие најмногу добиваат. Исто така не сме потпишале договор дека ќе плаќаме ДДВ насекаде, па плаќаме. Не е мерило за плаќање на оваа такса дали се гледа или не државната ТВ и радио.
Јавниот сервис се финансира од населението на МК, дали преку такса, преку буџет или мешано...
е гледаш во СФРЈ имаше можност да си го одјавиш телевизорот да ти го запечатат и да не плаќаш повеќе радио дифузна такса.
Во тој еднопартиски диктаторски систем си имал избор, сакаш или неќеш да плаќаш
Сега не, сега ќе ти упаднат дома со полиција ќе ти соберат ствари ќе ти блокираат плата, ќе те остават без леб за да македонска телевизија која не ја гледаш и со која немаш никаков договор - земи пари од тебе.
И после сме биле сега во едно слободно општество и демократски ситем.
Менувам 1 година на титова диктатура за 10 години денешна демократија
 
Не е тоа муабетот. Може да решиме и да не постои јавниот сервис. И радиодифузија (предаватели и врски). Не станува збор дали се гледа или не (или не станува многу збор). Секако тој сервис се финансира од населението. Не треба да го гледаме како комерцијална фирма. Јас СФРЈ не ја спомнав, а и тогаш тој сервис се финансираше преку претплата и буџет.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Не е тоа муабетот. Може да решиме и да не постои јавниот сервис. И радиодифузија (предаватели и врски). Не станува збор дали се гледа или не (или не станува многу збор). Секако тој сервис се финансира од населението. Не треба да го гледаме како комерцијална фирма. Јас СФРЈ не ја спомнав, а и тогаш тој сервис се финансираше преку претплата и буџет.
но можеше секој граѓанин да откаже и не плаќа претплата, постоеше избор дали сакаш или неќиш да плаќаш претплата и дали сакаш или неќиш да користиш радиодифузија, сега немаш избор, мора да плаќаш/
Тоа значи дека овој систем не е во состојба да го финансира тој сервис освен преку принудна наплата, и само да спомнам иако не е во врска со темата, но е поврзано со системски решениа, одеднаш сега веќе н можеме да обезбедиме бесплатно здравство на сите нивоа, бесплатно школство на сите нивоа и сите права за вработените на сите нивоа.
Ојдовме во “понапреден систем“ во кој изгубивме еден куп привилегии, бенефиции, права како луѓе, како народ.
Ако власта сака да покаже дека е подобра од предходен систем, треба да укине обврски и принуди, и да придодаи во права и слободи а не да ги одзема и редуцира.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Во ред, но мора да се разбере дека јавниот сервис не се плаќа како одење во кино, или купување на што и да е. Ова се финансира за да постои и не се базира на претплатници. Еден вид на задолжителна такса. Воопшто не навлегувам дали има добри услуги, дали ја врши добро функцијата и слично.
 
Член од
5 ноември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
27
Не е тоа муабетот. Може да решиме и да не постои јавниот сервис. И радиодифузија (предаватели и врски). Не станува збор дали се гледа или не (или не станува многу збор). Секако тој сервис се финансира од населението. Не треба да го гледаме како комерцијална фирма. Јас СФРЈ не ја спомнав, а и тогаш тој сервис се финансираше преку претплата и буџет.
Секако дека треба да се гледа од комерцијален аспект, затоа што има и други субјекти кои нудат соодветен производ. Споредбата со ДДВ не е коректна затоа што тоа е класичен данок, па и ако некој не е економски доволно силен и не купува производи и не плака. РТД е класичен АРАЧ. Ем имаш алтернатива ем мора да плакаш за да се вработат блиските на партиите. Нема што да се залажуваме. Видов дека се спомна дека алтернатива е Уставен. Да, но и тука за поединецот се појавува дилемата дали е мокен да издвои од својот скромен да речам никаков приход за такво нешто. Како поединци сме немокни освен ако некој реши да си го потроши времето и нервите. За успех е потребна акција на мнозинството. Па дури и некоја фејсбук или онлајн петиција за почеток.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom