Правна помош и совети

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Да прашам нешто. Дечко ми беше казнет од цајкани за возење со поголемо количество алкохол од дозволеното. Станува збор за едно промилче плус, или нешто слично. Настанов се деси пред година време на последниот ден од месецот и вртевме по броеви да му ја скинат казната али ништо - као било последен ден од месецот, а цајканите морале до крај на месецот да имаат исполнето одредена бројка. И цела колона од коли допреа.
Имам две прашања - ни рекоа дека имало некој закон за пола саат после излагање од кафиќ не се важат промилите, така нешто. Ова адвокат ни го кажа.
Другото - ова се деси пред некоја година, а од казната ни трага ни глас. Ќе му стигне на домашна адреса или како?
Ајдее кој е тој закон и од кај знаат полицајците пред колку време искочил од кафана :). Има време ќе стигне казната, со оглед на спората ни администрација.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ајдее кој е тој закон и од кај знаат полицајците пред колку време искочил од кафана :). Има време ќе стигне казната, со оглед на спората ни администрација.
Па не знам дали е закон или дупка во законот :) Али адвокатов рече на тоа можеш да се извадиш. Абе финтата беше што ако е дозволено со 0.5 промили, он имаше 0.6. Безвеза стварно.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Па не знам дали е закон или дупка во законот :) Али адвокатов рече на тоа можеш да се извадиш. Абе финтата беше што ако е дозволено со 0.5 промили, он имаше 0.6. Безвеза стварно.
Хм..да не сте разбрале лошо, шо знам. Знам дека во зависност од пормилите, како растат пропорционално се зголемува и казната. Нагаѓам, не знам точно на пр. ако има 0.6- 150 евра, 0.9- 180 евра итн.
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923
Имав сообраќајка пред 5-6 години во која настрада една девојка која седеше на предното седиште. Останатите во колата не бевме повредени , девојката имаше скршеница на рамото, колкот и раката. кривицата беше моја, свртев на место каде што не смееше да се врти. Си застанав нормално на семафор на црвено чекајќи да се запали зелено за да завртам лево ( кое што два месеци пред сообраќајката ја забраниле за вртење лево). Значи мене ми беше зелено (за право а јас завртив лево) и на колата што ме удри и беше зелено.
Арно ама типот што ме удри со колата беше тиква пијан, имаше 1.80 промили алкохол во себе.
Девојката што беше со мене во кола доби отштета од осигурувањето во вредност од 2 милиони денари. На судската постапка која ја поведе државата против мене бев осуден парично.
Девојката на истата постапка побара да ја упатат на граѓанска парница. откога си замина судијата искоментира “што бара на граѓанска постапка кога земала 30.000 евра“
Прашањето е : Дали може многу да ме одере или поради тоа што земала голема сума на пари ќе се извлечам со нешто помалку ?
И после колку време од судската постапка застарува делото ?
 
Член од
7 декември 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
nesto da ne znaes na ovaaa tema za esei kade da najdam na net
Дали на Република Македонија и треба поголем степен на (де)централизација и зошто?
 
F

FilipMacedon

Гостин
nesto da ne znaes na ovaaa tema za esei kade da najdam na net
Дали на Република Македонија и треба поголем степен на (де)централизација и зошто?
Пробај најди книга од Стефан Буџаковски за Правници прва година,таму имаш убаво опишано за децентрализација,и земји со силен централизиран апарат.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Дали при извршување може да се пленат работи во лична сопственост на брачниот другар на должникот (кој ги имал пред стапување во брак и може да докаже со фактури и купопродажни договори) или да му се задржува и нему на плата или да му се блокира неговата (не заедничката) банкарска сметка?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093

Не може! (збориме ако брачниот другар не е должник)
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
Пред скоро 2 месеца бех со двајца пријатели,и тие вршеа нужда т.е. мочеа а јас стоев настрана,дојде полиција на нив им напиша казна на мене ништо само ме запишаа..Дали е можно да ме викнат на суд како сведок или во случај да не сакаат да ја платат казната ќе ме повикаат мене?И дали е морално да се појавам ?
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Пред скоро 2 месеца бех со двајца пријатели,и тие вршеа нужда т.е. мочеа а јас стоев настрана,дојде полиција на нив им напиша казна на мене ништо само ме запишаа..Дали е можно да ме викнат на суд како сведок или во случај да не сакаат да ја платат казната ќе ме повикаат мене?И дали е морално да се појавам ?
Па може ептен ако дојде работата за на суд, постои можност да те викнат. Е сеа, не се чуди ако тоа биде за година-дена :). Нека си платат и готово.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.067
Поени од реакции
16.183
со одлука на Уставниот Суд У.Број: 148/2010-0-0
Дата на Донесување: 10/27/2010

http://www.ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf/ffc0feee91d7bd9ac1256d280038c474/fdeef46cedad3984c12577e50046a2f8?OpenDocument

е запрена наплатата на надоместок за одржувањето на јавната чистота број 07-2285/16 од 14 септември 2009 година („Службен гласник на општина Охрид“ бр.9/2009), се до корегирање на одлуката на Општина Охрид.
Се работи за, без законска основа донесена одлука на Советот на општина Охрид, со која граѓаните кој имаат викенд станови или куќи плаќаат еднократно годишно 1500мкд за јавна чистота , додека граѓаните што се пријавени дека живеат во становите и куките плаќаат од 40 до 70мкд месечно, зависно од градската зона, значи најголема сума во централното подрачје е 70х12 = 840мкд годишно.
Меѓутоа од ЈП Охридски Комуналец не се откажуваат од наплата на 1500.00мкд од викенд становите. Рок на плаќање на сметките за викенд становите е 31.12.2010. Некој од граганите заплашени од тужби и извршители ги платија сметките во целост, некој наводно само губретарината, а некој чекаат. Се работи за голем број на засегнати граѓани, но симптоматично е штпо се молчи, а н.пр. за случајот со телефонските секретарки на Телеком се крена голема прашина, се јавија и од заштита на потрошувачи и од народен правобранител..
По мое мислење најдобро е да се плати спрема толкувањето на Уставниот Суд, надоместокот за јавна чистоќа еднакво како и соседите кој имаат живеалиште. Но прашање е дали ЈП Комуналец ке ги прифати тие уплати, тој си ги има внесено сумите на база одлуката од Советот на Општина Охрид.
б.т.в., имаше во почеток на 2004 обид на Охридска дистрибуција за викенд становите да воведе двојна тарифа, имаше и уфрлување на животно осигурување во сметка за струја. Подоцна се укинаа тие работи, ама кој платил парите тешко дека ги поврати повеќеплатените пари...
Прашање е како ќе се однесува надлежниот локален суд ? , имено по законите на РМ предметите со мала вредност остануваат до локалната Апелација (Битола), т.е. нема БЗЗ, нема Ревизија.Во посебно незгодна ситуација се сопствениците на викенд станови кој се далеку и не доаѓаат често во Охрид, и по се изгледа локалните мангупи ке се обидат барем оваа година да дрпнат екстра пари од нив.
По се изгледа ќе има уште еден од многуте случаи на невладеење на Правото во целата територија на РМ, кој како, кој коњ ќе се фати ќе ора..

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
не знам дали е за тука прашањево ама ај.....имам кола на бугарски таблици,со оставинска постапка,јас сум наследник. Тука не сакам, а и неможам да ја регистрирам,но сепак ваљда мора да се одјави од Бугарија....некој знае нешто околу тоа?
Фала однапред :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.067
Поени од реакции
16.183
Да прашам нешто. Дечко ми беше казнет од цајкани за возење со поголемо количество алкохол од дозволеното. Станува збор за едно промилче плус, или нешто слично. Настанов се деси пред година време на последниот ден од месецот и вртевме по броеви да му ја скинат казната али ништо - као било последен ден од месецот, а цајканите морале до крај на месецот да имаат исполнето одредена бројка. И цела колона од коли допреа.
Имам две прашања - ни рекоа дека имало некој закон за пола саат после излагање од кафиќ не се важат промилите, така нешто. Ова адвокат ни го кажа.
Другото - ова се деси пред некоја година, а од казната ни трага ни глас. Ќе му стигне на домашна адреса или како?
... ova e neverojatno, tuku mozel da se pobara krv da se vadi, duvanjeto moze da kazuva nekogash poveke promilcinja.. no ako najdat so krvta se plaka i analizata
 
Член од
17 декември 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
goceg zdr dali moze nekoj da mi pomogne sakam da otvoram svoj prehramben dukan koj dokumenti se potrebni za ottvaranje na takva dejnost i po novitezakoni koj uslovi treba da gi ispolnuva dukanot po novite zakoni i kade da se obratam za pravna pomosvi blagodaram na site sto ke mi pomognete
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
goceg zdr dali moze nekoj da mi pomogne sakam da otvoram svoj prehramben dukan koj dokumenti se potrebni za ottvaranje na takva dejnost i po novitezakoni koj uslovi treba da gi ispolnuva dukanot po novite zakoni i kade da se obratam za pravna pomosvi blagodaram na site sto ke mi pomognete
Оди во Централен регистар (во зградата на Народна банка) и побарај документи за ДООЕЛ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom