Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Комшијата идиот буши секој ден од 7 попладне до 11. Може да му викнам полиција или негде да го пријавам или како иде законот? Фала

Викај полиција другар....
Имаш право како граѓанин да се пожалиш ако некој го нарушува мирот во населбата,и должна е полицијата да интервенира....
Имаше некои законски одредби за тоа во кое време и колкава звучна јачина на децибели е дозволена во урбани средини,не знам сеа точно колку изнесуваше......се над таа граница не смее да се дозволи и полицијата е должна да интервенира доколку се надмини дозволената граница......
 
Да, епа тоа сакавб да прашам, некој да не знае како е со времето и гласночата
 
Да, епа тоа сакавб да прашам, некој да не знае како е со времето и гласночата
Абе ти пријави,нема шо да те интересира колкава е гласночата.за тоа нека се замараат џандарите..
Нивна должност е да дојдат кога ќе се наруши редот,мирот и СПОКОЈСТВОТО на граѓаните...
Во најмала рака ќе го опоменат комшијата....па белким ќе му дојди паметот да буши во некое попристојно време....
 
Ај мала помош- иам еден случај на работа, но пошо сообраќајно право не ми е специјалност, малце сум во збунка. На наш возач кој вози кола со австриски таблици (за фирма некоја) му прави проблем полиција кога ќе влезе во Косово и во Албанија. На царина не му правеле проблеми, туку само кога ќе го застанела полиција у Косово и Албанија. Што да му кажам на клиентот за да не му прават проблеми :) ?

*има и зелен картон и меѓ.воз.дозвола
 
Bev upravitel na firma, i vo tekot na rabotenjeto uplakav moj mari na smetka na firmata i na ime pozajmica. Sega jas ne sum upravitel, ni vraboten. Firmata ja nasledi tret covek i toj e upravitel. Dali imam pravo da si ja baram taa pozajmica. Gi cuvam bankarskite uplatnici.
 
Живеам во стан. Пред пола месец од таванот кај тоалетот течеше вода која го оштети. Викнавме мајстор кој кажа дека водата иде од комшиите над нас, била напукната цевка. Отидовме и им кажавме дека не мора тие да викаат мајстор еве ние секако сме викнале, само да дозволат да влеземе да поравиме откаде што тече.

Проблемот е што во станот над нас живеат двајца од кои едниот е со ретардација, а другиот е во поодминати години и е сенилен. Прво не сакаа ниту да не пуштат ниту пак да си викнат мајстор да им поправи пошто нив им било ОК. После едвај некако се разбравме, не пуштија да поправиме, но откако си тргнавме пак пуштиле вода и протече повторно... Еве сега пак тече, а нив не им чуе. Ме интересира ако некој случајно знае кои се моите можности? Каде да се обратам за да си го средат проблемот со протечувањето на вода којшто мене ми ствара поголеми проблеми.
 
На кои телефони можам да се жалам за неиздавање фискална сметка, продавање алкохол после 19 часот и за наплата на сметка поголема од реалната.
 
На кои телефони можам да се жалам за неиздавање фискална сметка, продавање алкохол после 19 часот и за наплата на сметка поголема од реалната.
ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ
3162-341
многу го сакам бројов :)
 
ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ
3162-341
многу го сакам бројов :)

Фала друже, утре му праќам инспекција на копиљот што ми продаде Тубор 0.33 за 70 ден. во обичен колонијал.
 
Фала друже, утре му праќам инспекција на копиљот што ми продаде Тубор 0.33 за 70 ден. во обичен колонијал.
Ова ко клипот од К-15- коа веќе му праќаш пазарна, испрати му и санитарна и трудова инспекција, чисто онака да го проверат дали одржува хигиеана во локалот и дали е пријавен :).
 
Имам потреба од совет, тд секој добронамерен совет е добродојден :)
значи вака:
Се работи за имотно-правни односи односно за дел од куќа, после поделба според тестамент се подели што се подели на наследниците и заврши постапката.
после некое време се јави следниов проблем: еден од наследниците на непознат начин запишал дел од куќата што не му припаѓа во катастерот за недвижности како негова сопственост, со што освен ни е дел со тоа ни се затвара и пристапот кон нашиот дел.
Во меѓувреме наследникот кој си присвоил и тоа што нетреба не тужи бидејки сме му го узурпирале делот кој го присвоил(како што кажав на непознат начин) и дека сме му го попречувале правоо на сопственост иако истиот сите го користиме само за пристап до делот кој ни припаѓа. инаку спорниот дел е ходник кој до спорниот момент се смета=е за заеднички, иако според поделбата спаѓа во наша сопственст. овој случај траеше што траеше и беше досудено во наша корист односно бевме ослободени од обвинението.
Кога се обративме до Катастарот за да пријавиме непревилност во запишувањето бевме едноставно културно исфрлени од таму со усно образложение дека они не се надлежни за тоа се додека нема правосилна сутска одлука за истото.
Покренавме тужба до основен суд скопје 2 и во тек е процес, но тука се јави нов проблем другата страна ангажирала некој попознат адвокат (екс судија) кој цело време поднесува писмени поднесоци со кој врши притисок кон судот да ја одбие тужбата како неоснована иако веќе се одржале неколку рочишта, + знаејки ја моќта на горенаведениот адвокат нашиот адвокат се повлече со образлижување дека не сака да си има проблеми со горенаведениот адвокат, бевме и кај уште неколку адвокати но добивавме слични одговори.
за истиот случај се обративме и кај јавниот правобранител и истиот кажа дека не е уште надлежен се додека не се донесе конечна пресуда или не се забушоти случајот, и дека не сме единствени со што сме се жалеле од дадениот адвокат, а како личен совет ни препорача да купиме подебело јаже па во вардар...
Е сега ве молам за билокаков совет да препорачате некој адвокат или било што само да се спасиме од проблемите кој ги имаме, зошто не напоменав дека освен овој спор ние сме скоро секојдјневно психицки вознемирувани, ни прават проблеми на секое поле и слично ама тоа е веќе друг случај
Однапред БлагодАрам :)
 
Ве молам да ми посочите како треба да изгледа одговор на тужба за развод на брак.Мислам до кого треба да гласи.Ако може со пример,се разбира без детали.Хитно
 
Потребно е да ме советувате што треба да поднесам , до извршител кој не ја запазил и ја потврдил постапката за извршување. Пто се поднесува и до кого?
 

Секогаш кога сте попречувани да го користите ходникот судската одлука дека е заедничка просторија во рака и викајте полиција
Во ваква корумпирана држава правен епилог на вашава ситуација единствено во некоја изборна година кога ќе сака власта да докажи дека сме правна држава...
и при физичка делба на еден објект ако не можат сите наследници да имаат влез во нивниот дел тогаш објектот се прогласува за физички неделив и објектот оди на лицитација така да можи тоа да му е намерата на тој што ве малтретира
 
Да прашам нешто. Дечко ми беше казнет од цајкани за возење со поголемо количество алкохол од дозволеното. Станува збор за едно промилче плус, или нешто слично. Настанов се деси пред година време на последниот ден од месецот и вртевме по броеви да му ја скинат казната али ништо - као било последен ден од месецот, а цајканите морале до крај на месецот да имаат исполнето одредена бројка. И цела колона од коли допреа.
Имам две прашања - ни рекоа дека имало некој закон за пола саат после излагање од кафиќ не се важат промилите, така нешто. Ова адвокат ни го кажа.
Другото - ова се деси пред некоја година, а од казната ни трага ни глас. Ќе му стигне на домашна адреса или како?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom