Имам потреба од совет, тд секој добронамерен совет е добродојден
значи вака:
Се работи за имотно-правни односи односно за дел од куќа, после поделба според тестамент се подели што се подели на наследниците и заврши постапката.
после некое време се јави следниов проблем: еден од наследниците на непознат начин запишал дел од куќата што не му припаѓа во катастерот за недвижности како негова сопственост, со што освен ни е дел со тоа ни се затвара и пристапот кон нашиот дел.
Во меѓувреме наследникот кој си присвоил и тоа што нетреба не тужи бидејки сме му го узурпирале делот кој го присвоил(како што кажав на непознат начин) и дека сме му го попречувале правоо на сопственост иако истиот сите го користиме само за пристап до делот кој ни припаѓа. инаку спорниот дел е ходник кој до спорниот момент се смета=е за заеднички, иако според поделбата спаѓа во наша сопственст. овој случај траеше што траеше и беше досудено во наша корист односно бевме ослободени од обвинението.
Кога се обративме до Катастарот за да пријавиме непревилност во запишувањето бевме едноставно културно исфрлени од таму со усно образложение дека они не се надлежни за тоа се додека нема правосилна сутска одлука за истото.
Покренавме тужба до основен суд скопје 2 и во тек е процес, но тука се јави нов проблем другата страна ангажирала некој попознат адвокат (екс судија) кој цело време поднесува писмени поднесоци со кој врши притисок кон судот да ја одбие тужбата како неоснована иако веќе се одржале неколку рочишта, + знаејки ја моќта на горенаведениот адвокат нашиот адвокат се повлече со образлижување дека не сака да си има проблеми со горенаведениот адвокат, бевме и кај уште неколку адвокати но добивавме слични одговори.
за истиот случај се обративме и кај јавниот правобранител и истиот кажа дека не е уште надлежен се додека не се донесе конечна пресуда или не се забушоти случајот, и дека не сме единствени со што сме се жалеле од дадениот адвокат, а како личен совет ни препорача да купиме подебело јаже па во вардар...
Е сега ве молам за билокаков совет да препорачате некој адвокат или било што само да се спасиме од проблемите кој ги имаме, зошто не напоменав дека освен овој спор ние сме скоро секојдјневно психицки вознемирувани, ни прават проблеми на секое поле и слично ама тоа е веќе друг случај
Однапред БлагодАрам