Јас планирам оваа недела да ги гледам: македонскиот и Desde Alla во петок, Panama во сабота и Mustang во недела. За наредната недела немам поим, немам уште распоред од работа. Кој е за, нека крене рака.
Пред почетокот на овогодинешниот Cinedays решив да си направам мал private Cinadays дома. Еден од петте филмови од овогодинешната програма кои успеав да ги најдам на нет беше En Chance Til (A Second Chance), филм од кој имав огромни очекувања со оглед на тоа што режисер на филмот е Susanne Bier, жената која освои Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2010 за одличната драма Haevnen (In a Better World). И морам да признаам дека не само што не ме разочара, туку дури и ги надмина моите очекувања.
En Chance Til е извонреден, трогателен трилер / драма за
болката при загубата на најмилото
, прекрасен емотивен приказ за родителството и различните „видови на родители“, преубава студија за моралот и (не)оправданоста при прекршувањето на моралните начела и уште многу нешта... На прво место би ја издвоил глумата во филмов - Џејми Ланистер (Nikolaj Coster-Waldau) е на висина на задачата и на неговите емоции почива голем дел од филмот, а изненадувачки добра беше и May Andersen - актерка која првпат ја среќавам, но чие име дефинитивно ќе го запаметам. Толку емотивен набој во филм одамна не сум видел. Susanne Bier уште еднаш покажува како се развиваат ликови (а не како fuckin' Сорентино за чии ликови I don't give a shit), како се прави атмосфера и како се гради приказна во филм. Не сакам многу да зборувам, за да не расипам нешто со некој спојлер, затоа - само топла препорака: кој сака добар европски филм, нека си земе 150 денари со себе, и правец - билетара на кино Милениум. А на 14.11.2015, во сабота, во 17:30 - за кога е закажана проекцијата на филмов, освен билетот, понесете си и марамчиња со себе!
Уште ми стои кнедла во грлово...
Споричка психолошка драма/трилер, се скоцкано одлично, од глума, до режија, до саундтрак. Едино што е малку предвидлив и клише, и имаше 2-3 исфорсирани сцени. Не е нивото на Медена Ноќ, али еве уште едно психолошко филмче си добивме, не совршено, ама сепак солидно.
Или Камка не знае да глуми или до мене е шо ја хејтам на велико и брат и` и неа.
Се сложувам со Гранде во целина, добро филмче е, споро, психолошко во македонски граници Ирена Ристиќ ми беше океј, на моменти срцка со цвикерите, Салаетин беше исто така добар, има искуство пред камера, ама најприродна ми беше Милица Стојановска. 60-тина, а може и повеќе години има жената, ама одлично глуми. Музичето беше погодено, сценографија и костимографија - тип-топ, визуелно убав. И да не се повторувам пак, не е на ниво на Медена ноќ, ама добар е.
Гледајте го.

Хмм...
А па мене Медена Ноќ ми беше просечен филм па. Што уствари уопште не е лоша работа, ми се допадна, последниве неколку години можда и најдобар наш филм што сум го гледал (што кажува колку срања излегле) ама па се надевав овој ќе биде малце подобар од "Ок, ова беше сосема ок уствари,браво, изненаден сум"
Ама ајде ќе пишам и јас вечер што ќе мислам за филмов. Се надевам ќе почнеме повеќе со вака релативно оригинални филмови а не "Македонија! фак јеа!" или "Македонија! Фак ноу!" приказни.
Знам Медена Ноќ беше според некоја претстава/книга....оваа според нешто е правена или е идеа на сценаристот ?

според чешката новела Уво, која Трајков ја читал во студентските денови.
А такоџе постои и чешки филм што е правен според книгата - Uho мислам се викаше.
Три дена во септември - можеби предвидлив, но интересен. Мене ми се допадна, особено затоа што немаме вакви филмчиња во нашата мала кинематографија. Убаво скоцкан, добра глума, сценографија, музика... речиси сѐ си е на место. Е сега - имаше некои „пропусти“ од технички карактер и мали недоследности во приказната (кои можеби само мене ми се имаат причинето), плус и Камка иритира со појавата, убаво рече некој погоре - она може да глуми само курва, наркоманка, некојаси badass жена и толку, но во глобала подобар филм од многу други наши. 7/10
Desde Alla - тука пак сѐ си е на свое место: одлична глума (во филм како овој во кој има толку малку дијалог, глумата е и повеќе од важна), одлична сценографија, камера (неподвижна, долги кадри со многу дејство во нив...), музика, начнува интересни теми како хомофобијата во општества кај кои хомосексуалноста е табу тема, темата која неколкупати се провлекува за отсуството на таткото во домот и воспитувањето на децата... Она што мене навистина многу ми сметаше е awkward приказната. Не дека имам проблем со queer кинематографија, напротив. Но тука дефинитивно нешто со приказната не функционира како што треба. Малку е невкусна поставеноста на врските помеѓу ликовите и делува по малку грозно на моменти. Читав едно интервју со режисерот на филмот каде тој бара оправдување за ова во љубовта, во стил: „љубовта не познава граници“. Можеби, но овде љубовта недостасува речиси во целиот филм. Тоа што јас го препознав повеќе личеше на потреба од блискост која се извитопери до таму што на крајот истата згрозува и ужаснува. Не знам како успеал филмов да освои Златен лав во Венеција, можеби голем дел од жирито таму биле педофили. Сепак, реков, освен развојот на приказната, немам замерки за ништо останато во филмот, па затоа 6/10.
Три дена... е ужасен филм. УЖАСЕН! Штета, баш сакав да ми се допадне.
На Desde Alla стварно не можам да му најдам маана (ок, можеше да помине и без мисионерската ), oдличен филм.
Го гледав на јутјуб хрватскиот Zagreb Cappucino, многу лош филм а сакав ако бев вчера во Скопје да го изгледам во кино. Просечна драма за две жени во средните години од кои едната е пред развод а другата и доаѓа на гости во Загреб на неколку дена. Си најдоа мажи, се плеснаа, капучиното низ цел филм и тоа е тоа.
Madre Mia, Far from the Madding, En chance til веќе ми беа изгледани од порано. Madre Mia е добар филм, може да го изгледате.
Во понеделник планирам да одам на српскиот Panama и шведскиот Efterskalv, ќе треба да трчам од Милениум во Фросина да стигнам
И јас си го симнав Загреб капучино, ама ме разочара. Ме утепа од досада, краток е за игран филм, само 70 минути, ама тие 70 минути ќе ве утепаат од што не се дешава ништо.
Три дена беше споро дејството, ама филмот беше добар. Капучиново беше спор, ама лош, и стварно не знам што мислеле прво за насловот, а потем и за капучиното што го вртеја низ цел филм.
Се надевам Far from the madding crowd ќе ми биде подобар.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.