Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
До пред неколку години, сериозно ја потценував германската кинематографија. Неоправдано. Германија изобилува со сериозно добри режисери, глумци, приказни пресликани на филмско платно.

Покрај многуте одлични германски филмови кои сум ги гледал, денес конечно го изгледав ,,Good Bye Lenin''.
(http://www.imdb.com/title/tt0301357/?ref_=fn_al_tt_1)

Феноменален. Па и повеќе од тоа. Препорачувам.
 
najjako mi bese koga na tatko i mu falese pola glava a utvrdija deka se liznal i padnal covekot:D
ќути ќути, слични глупости и нелогичности цел филм
оваа од еден танц падна у депресија после дека ќе си одел овој, глуми нервозна...
а и една од последните реплики, васиковска „I told you so“
 
Ентмен е супер (y). Сношти го изгледав, 8 од 10 комотно. Ентмен влегува во топ3 соло филмовите на Марвел и можда најдобра оригиџин стори, рамо до рамо со Ајронмен од 2008ма. А и фино го вклопија во поширокиот Универзум, со Авенџерс сцените и истереговите, што само доби во целина како заокружување на Втората Фаза од МЦУ филмовите.

Дозата на хумор на ниво (ни пресериозно, ни over the top како Гардианс шо беше), тини-мини акционите сцени стварно јако изведени и сработени (се добива филинг како во сосема друг Свет да се одвива акцијата), Пол Рад фино се стопи со карактерот (за него бев скептик искрено од прва, но сега си делува нечурал), во Скот Ленг МЦУ доби поинаков, мисфит херој, но сепак со чисто срце и желба за искуплење. Лили исто беше закон, бед есс фацата си ја има оддамна, што само и' помогна на публиката полесно да ја долови како Хоуп ван Дајн. Can't wait for some Wasp-Antman combo action! Негативецот опет #Мех, али мање битно на крајот.

Ентони угина ли пред крајот, кога тој куроглавиот го пукаше од хеликоптерот и дадоа само како му паѓа едното крило?? :(:(:(
ППС - Спајдеремен референцата пред крај и пост кредитите !! :cuc::cuc:
 
Од Youth (2015) се најдува арен торент?
 
youth во глобала и мене нешто не ми беше уау како на Злате. Прво превише ликови, после главниве ликови не беа развиени како што треба, сценариото на моменти беше убер досадно, али имаше одлична екипа и заради глумата, музиката и визуелното совршенство доби 6че од мене. Поубав филм од визуелна гледна точка немам гледано одамна. Боите беа бонбонче. :love:
 
Ама ликовите и приказната - катастрофа. На моменти имав чувство ко Сорентино да не знаел на кој лик и чија приказна да се фокусира, па направил калакурница од ликови за кои не ми е гајле и приказни кои никогаш не би ме заинтригирале. И најстрашно од сѐ - не му е прв пат!
 
Не знам пошто прв филм ми е од Сорентино. Треба да го ѕирнам Grande belezza па да видам дали повторно ќе пуштам негов филм или ќе го игнорирам. Мислев сум го гледал, ама тоа да сум го смешал со The best offer. :icon_mrgr:

Туку ти вратија на мејл дали може да го гледаш Три дена од 17.30? :)

п.с. И да White god е филм и пол. (y)
 
Срање е филмов не си го троши времето.
Го сметнав вечер да го гледам демек.........го имаше пофалено едно другарче шо се пребира од филмови. Ќе го пуштам да видам, веќе кога ,,потрошив" гигабајти од нетот :D
 
Го сметнав вечер да го гледам демек.........го имаше пофалено едно другарче шо се пребира од филмови. Ќе го пуштам да видам, веќе кога ,,потрошив" гигабајти од нетот :D
И јас го имав на Watchlist ама освен живописните кадри и Michael Caine нема друг квалитет да се искупи.

Јас се разочарав но може тебе ќе ти биде по вкус.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom