Деко брат, те молам намали со играње менаџер, онака ко другар те замолувам. Значи сите се слагаме дека Манчио мора да го смени пристапот против послабите екипи, односно по даден гол да продолжи со притисок и да се оди на втор даден за мирно приведување на мечот кон својот крај. За дерби мечевите како вчера со Рома апсолутно ништо немам против да се игра на резултат.
Е сеа, да не се чудиш зошто ти ја пишав првата реченица. Му пишав и на оној Ибракадабра у фан клуб, што очекувате вие од Интер, да игра ко Барса и да бега 40 бода пред другите со гол разлика 50:4? Брат, Манчини кога дојде наследи екипа со јачина на играчи левел ФК Раштак, а мотивацијата и хемијата во тимот беа навлезени во длабок минус. Скоро цел тим ни е нов во однос на прошлата сезона, летово се испазарија десетина играчи, па треба ли време тие играчи да се уиграат? Летоска јадевте гомна дека сме ги изгубиле сите пријателски и дека ќе пропаднеме начисто, сеа ви смета дека тепа само по 1-0, а нема везе што сме први, на крај на сезона што ќе ви смета јас не знам... Дај прекинете само да хејтате безвезно, кога има простор за критики кон Манчини и јас го критикувам, ама без потреба не се оди со глава во ѕид.