UEFA Champions League 2015/2016

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Единствено ако говори Сколс за напаѓач има поента според мене, а во друг случај нема врска да не се лажеме.

Најголем проблем кај ПЛ тимовите во ЛШ е тоа што немаат доволен ростер за ротација, т.е на секој тим (освен Сити можеби) му фалат плус 2-3 играчи кои ќе надополнат во ПЛ при важни натпревари во ЛШ. Плус на тоа да се додадат и повреди Како што пиша некој ПЛ е најкомпетитивна во споредба со сите и тука најмногу се цедат играчите во викенди пред ЛШ. Еве Челзи со Њукасл пример играчите се намачија во тек на 90 минути и данокот им го зеде во вчерашниот меч. Исто и Арсенал се исцеди тотално со Лестер иако тепа убедливо на крајот. Ние имавме мака со 4 повредени, Сити исто се намачи со Тотенхем во саботата. Од тоа што го гледам од стартниве состави на англискиве тимови во 95% составот им е ист од тој што играл во изминатите 3 натпревари што е доволен показател. Како паралела ќе го земам тимот на Јунајтед од 2008 и 2009 каде пред ЛШ и поготово пред нокаут фазата во ПЛ се штедеа главните играчи зошто имавме тотални замени. Сега секој тим асипрант да стигне далеку во ПЛ и ЛШ мора да има по 2 играчи на секоја позиција без исклучок што значи 22 играчи кои би биле со исклучителен квалитет и 3-4 млади кои ќе добиваат минутажа.



Комотно и Мата може да влези во овој круг со игриве што ги пружа изминативе 2 години.
Тоа што лигата е изедначена внатре меѓу самите екипи незначи по автоматизам и дека е најквалитетна од фудбалски аспект...Или попросто кажано незначи дека фудбалот кој се игра е квалитетен,и тоа е се што сакам да кажам.

Тактички,дефанзивно,фудбалот е слаб...Можеби делува атрактивно,има доста голови и изедначени утакмици но сите овие недостатоци кои ги посочувам се гледаат и познаваат во Европа.

На крај краева,добрата покриеност на сите позиции е основа и предуслов во борбата за титули на сите фронтови и тоа важи за сите екипи,не само за англиските.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.802
Поени од реакции
44.102
Многу од нас го критикуваме Венгер дека долги години се влече на стара слава во Арсенал....Епа истото се случува и со Премиер лигата.

Тоа што викаш дека неможат да се навикнат на модерниот фудбал е токму тоа што јас го зборам...Лигата од маркетиншки аспект е во самиот врв но од фудбалски аспект е останата неколку години наназад и тоа јасно се покажува во дуелите со екипите во Шпанија во Европа па ако сакаш и со екипите од Германија односно Баерн и Дортмунд.

Фудбалот е застарен,дефанзивно многу слаб каде што најголемиот дел од екипите немаат сопствена база на играчи и се е фрлено на картата трансфери што од една страна носи атрактивност од друга страна па нестабилност за екипите кои полека губат на идентитет.

И да,квалитетот на екипите треба да се суди према резултатите во меѓусебните дуели конкретно во Европа и тука кремот на англиската лигата во последните неколку години во најелитното европско натпреварување е во најмала рака лош....Види ги полуфиналистите во последните неколку години...

Мислам дека лигата е во сериозен пад од причините кои ги набројав но дека фамата создадена од агресивен маркетинг,пари,трансфери,аналитирачи/старлети не ни дава на сите нас како фудбалски фанови да го видиме тоа...Но тоа е неминовно.
Пак судиме според 5 екипи само, а лигите се составени од 20. :) Баерн пред 2 сезони ги победи и Јунајтед и Арсенал, дали Бундесот беше поквалитетен од Премиер Лигата или само Баерн беше појак од овие две екипи? Слаби се во Европа последните 2-3 сезони - тоа е факт. Но целокупно земени првенствата мислам дека во Англија има најквалитетни екипи. Еве Лестер лани влезе во ПЛ, веднаш се наметнаа играчи како Махрез и Варди, јас се кладам дека да копиме во екипите кои лани влегоа во Примера нема да најдеме играч кој е на пола квалитетен од овие двајца. :)
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
И Смолинг треба да е на листава. Сигурно би фатил место во смешната одбрана на Барса. Или кај овие играчите од среден ред што играат одбрана кај Баерн? :D

Керик исто. :) Руни и Матиќ ај да кажеме ти се изоставени ради формата. Ама Мата исто е класа. Баерн не го сакаше и Де Брујн? :D
Лукас во било кој од триве тима како ДМ влага лабаво..
 
R

red.devil

Гостин
Пак судиме според 5 екипи само, а лигите се составени од 20. :) Баерн пред 2 сезони ги победи и Јунајтед и Арсенал, дали Бундесот беше поквалитетен од Премиер Лигата или само Баерн беше појак од овие две екипи? Слаби се во Европа последните 2-3 сезони - тоа е факт. Но целокупно земени првенствата мислам дека во Англија има најквалитетни екипи. Еве Лестер лани влезе во ПЛ, веднаш се наметнаа играчи како Махрез и Варди, јас се кладам дека да копиме во екипите кои лани влегоа во Примера нема да најдеме играч кој е на пола квалитетен од овие двајца. :)
Имаат квалитет во Шпанија како не. Некни седнав да гледам Реал М. со не знам кој беше, Гранада или некој таков лев тим. И 20-та минута Роналдо имаше хет-трик и ништо си легнав да спијам на бел ден. И кажи ми како може лигата да не е квалитетна кога натпреварот се реши првите 20 минути. :D
Еве и германциве сега, Баерн ќе оди 17-0-0 оти квалитет им има лигата а не оти пола од екипите во самата лига им се отепани.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Пак судиме според 5 екипи само, а лигите се составени од 20. :) Баерн пред 2 сезони ги победи и Јунајтед и Арсенал, дали Бундесот беше поквалитетен од Премиер Лигата или само Баерн беше појак од овие две екипи? Слаби се во Европа последните 2-3 сезони - тоа е факт. Но целокупно земени првенствата мислам дека во Англија има најквалитетни екипи. Еве Лестер лани влезе во ПЛ, веднаш се наметнаа играчи како Махрез и Варди, јас се кладам дека да копиме во екипите кои лани влегоа во Примера нема да најдеме играч кој е на пола квалитетен од овие двајца. :)
Уште еден доказ дека лигата е ослабена....

Играчи ко Махрез пред 5 години не би ги спомнал,а сеа го спомињаш како јак талент на лигата...Фората е што ви се паднати критериумите како резултат на пад во квалитетот на лигата.

Такви ко Махрез ги има во секој втора екипа у Шпанија,генерализирам сега али не би добиле такво внимание ко што сега им се дава во Англија...Верувај дека ќе најдеме многу играчи ко овие што си ги спомнал...

И не судам према 5 екипи,и екипи од средината на табелата во Шпанија се подобри од тие во Англија..Да не ги спомињам резултатите во Лига Европа.На крај краева имаш и коефициенти кои ги рангираат лигите и моментално англиската е на трето место.[DOUBLEPOST=1443653987][/DOUBLEPOST]
Имаат квалитет во Шпанија како не. Некни седнав да гледам Реал М. со не знам кој беше, Гранада или некој таков лев тим. И 20-та минута Роналдо имаше хет-трик и ништо си легнав да спијам на бел ден. И кажи ми како може лигата да не е квалитетна кога натпреварот се реши првите 20 минути. :D
Еве и германциве сега, Баерн ќе оди 17-0-0 оти квалитет им има лигата а не оти пола од екипите во самата лига им се отепани.
Тоа што Јунајтед Сити Ливерпул или Челзи моментално не се способни екипи ко Вест Бромвич,Лестер,Норич,Вест Хем да ги здрват со по неколку гола разлика не значи дека лигата е многу јака него дека првоспоменатите не се способни моментално да го направат тоа...А памтиме милион примери од порано кога го праеле тоа.

Такада аргументов со Реал против Гранада ти паѓа у вода.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.779
Поени од реакции
9.582
Тоа што лигата е изедначена внатре меѓу самите екипи незначи по автоматизам и дека е најквалитетна од фудбалски аспект...Или попросто кажано незначи дека фудбалот кој се игра е квалитетен,и тоа е се што сакам да кажам.

Тактички,дефанзивно,фудбалот е слаб...Можеби делува атрактивно,има доста голови и изедначени утакмици но сите овие недостатоци кои ги посочувам се гледаат и познаваат во Европа.

На крај краева,добрата покриеност на сите позиции е основа и предуслов во борбата за титули на сите фронтови и тоа важи за сите екипи,не само за англиските.
Најкомпетитивна е зборот, никаде не спомнав најквалитетна. Комплексна е премногу темава во која доста мислења имаат поента.

Се сложуваме дека добрата покриеност на сите позиции е предуслов за атак кон сите фронтови, но некаде таа покриеност е 18 играчи, некаде 20, некаде и повеќе од 20. Зборувам квалитетни играчи сепак, не за младинци. Како најкомпетитивна ПЛ бара најмногу. Повеќе и од Бундес и од Примера и затоа цехот го плаќаат тимовите сега. Моментално Јунајтед, Чeлзи и Арсенал имаат под 20, Сити 20/21 и затоа е ова што се случува сега.

На сето тоа ќе пишам овде и за последниов твој пост за да не те цитирам.

ПЛ како лига не е ослабена, туку топ 4 тимовите не имаат комплетен ростер на кого му фалат по добри 2-3 за да се компетитивни и во ЛШ. На некои од тимовите кои се пласираа во ЛЕ немаат амбиција да продолжат ради да останат компетитивни во ПЛ. Вест Хем испадна во квалификациите ради што излезе со У20 состав на пример. Стоук во време на Пјулис губеше последно коло од последно пласиран за да не игра во ЛЕ. ПЛ најмногу го загубила коефициенто ради ЛЕ, а не ради настапите во ЛШ изминативе години.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.802
Поени од реакции
44.102
Уште еден доказ дека лигата е ослабена....

Играчи ко Махрез пред 5 години не би ги спомнал,а сеа го спомињаш како јак талент на лигата...Фората е што ви се паднати критериумите како резултат на пад во квалитетот на лигата.

Такви ко Махрез ги има во секој втора екипа у Шпанија,генерализирам сега али не би добиле такво внимание ко што сега им се дава во Англија...Верувај дека ќе најдеме многу играчи ко овие што си ги спомнал...

И не судам према 5 екипи,и екипи од средината на табелата во Шпанија се подобри од тие во Англија..Да не ги спомињам резултатите во Лига Европа.На крај краева имаш и коефициенти кои ги рангираат лигите и моментално англиската е на трето место.
Eпа ајде кажи некој, те прашав преги за 3 квалитетни играчи од овие поголите екипи од Шпанија...не ми кажа ни еден. :)
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.371
Поени од реакции
5.572
Алоо лигата како лига англиска е најквалитетна пошто се гледа ЦЕЛА лига а ако гледаме топ екипите се послаби со соодветните во Шпанија !!
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.371
Поени од реакции
5.572
Што не идат тренери ко Раниери у Гранада или играчи ко Вајналдум у Леванте да си прашаат!
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Што не идат тренери ко Раниери у Гранада или играчи ко Вајналдум у Леванте да си прашаат!
Пошто ги пунат со пари за кои не вредат ни пола од тоа....попросто здравје....и ја би идел таму...
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
542
Поени од реакции
731
Најкомпетитивна е зборот, никаде не спомнав најквалитетна. Комплексна е ....
На тоа додади го фактот што пред 2-3 сезони факинг Виган играше во ЛЕ како победник во ФА купот, а во таа сезона беше второлигаш. Коефициентите фактички не ја прикажуваат реалната слика за лигата. Пак ќе се фатам за италијанциве. Во ЛШ имаат 2 претставника само додека во ЛЕ мислам дека се 4-5. И сеа овие од ЛЕ ќе тепаат мртви екипи од селски лиги и ќе собираат поени за лигата додека во ЛШ само Јуве ќе иде понатаму како едини Италијански тим( евентуално и Рома мада тешко). Дали тоа значи дека Италија заслужува плус место да има во ЛШ ?
 
R

red.devil

Гостин
Тоа што Јунајтед Сити Ливерпул или Челзи моментално не се способни екипи ко Вест Бромвич,Лестер,Норич,Вест Хем да ги здрват со по неколку гола разлика не значи дека лигата е многу јака него дека првоспоменатите не се способни моментално да го направат тоа...А памтиме милион примери од порано кога го праеле тоа.

Такада аргументов со Реал против Гранада ти паѓа у вода.
Како паѓа во вода кога ти го користиш истиот аргумент за да докажиш дека екипите во ПЛ се слаби. Зошто па да значи ако го натртиш конкурентот со 5-0 за десет минути дека си многу јак, може противникот е слаб. :) Тоа е проблемот, си ги земаш аргументите како ти одговараат.

Ти самиот како аргумент користеше дека квалитетна лига се познава по организирањето на одбрана и главно премиерлигашите биле тактички заостанати. Колку и да се сложувам дека топ екипите од ПЛ се ослабени во квалитет, не ми е јасно како може за квалитетни да сметаш екипи кои примаат по пет, шест а некои и осум гола во 90 минути? Зарем не важи истото и за нив?Друго што не ми е јасно, како може тим кој што игра ЛШ или тим кој што игра во квалитетна лига да прими петарда за десет минути? Нели тој е квалитетен и тактички спремен? А сите знаеме колку е тешко да се постигне гол.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Најкомпетитивна е зборот, никаде не спомнав најквалитетна. Комплексна е премногу темава во која доста мислења имаат поента.

Се сложуваме дека добрата покриеност на сите позиции е предуслов за атак кон сите фронтови, но некаде таа покриеност е 18 играчи, некаде 20, некаде и повеќе од 20. Зборувам квалитетни играчи сепак, не за младинци. Како најкомпетитивна ПЛ бара најмногу. Повеќе и од Бундес и од Примера и затоа цехот го плаќаат тимовите сега. Моментално Јунајтед, Чeлзи и Арсенал имаат под 20, Сити 20/21 и затоа е ова што се случува сега.

На сето тоа ќе пишам овде и за последниов твој пост за да не те цитирам.

ПЛ како лига не е ослабена, туку топ 4 тимовите не имаат комплетен ростер на кого му фалат по добри 2-3 за да се компетитивни и во ЛШ. На некои од тимовите кои се пласираа во ЛЕ немаат амбиција да продолжат ради да останат компетитивни во ПЛ. Вест Хем испадна во квалификациите ради што излезе со У20 состав на пример. Стоук во време на Пјулис губеше последно коло од последно пласиран за да не игра во ЛЕ. ПЛ најмногу го загубила коефициенто ради ЛЕ, а не ради настапите во ЛШ изминативе години.
Па тоа што топ 4 тимовите немаат комплетен ростер јасно кажува на тоа дека е ослабена....појасно здравје...

По тебе која е причината што топ екипите не се комплетни и покрај енормните суми на пари за трансфери со кои располагаат?
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
^ Да затоа што и тие во ЛЕ се трудат да постигнат нешто, и лигата е наградена, за одвоениот труд, време, пари...
А ако после тоа заспијат, ќе го изгубат тоа што го добиле, и чао.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.246
Поени од реакции
18.449
На тоа додади го фактот што пред 2-3 сезони факинг Виган играше во ЛЕ како победник во ФА купот, а во таа сезона беше второлигаш. Коефициентите фактички не ја прикажуваат реалната слика за лигата. Пак ќе се фатам за италијанциве. Во ЛШ имаат 2 претставника само додека во ЛЕ мислам дека се 4-5. И сеа овие од ЛЕ ќе тепаат мртви екипи од селски лиги и ќе собираат поени за лигата додека во ЛШ само Јуве ќе иде понатаму како едини Италијански тим( евентуално и Рома мада тешко). Дали тоа значи дека Италија заслужува плус место да има во ЛШ ?
Што ги спречува Ливерпул и Тотенхем да ги победат истите мртви екипи во ЛЕ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom