Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Предложете ми го најдобриот филм за Мандела, не е битно дали е документарец или игран филм, само да биде опишан целиот живот на мандела во него.
 
Предложете ми го најдобриот филм за Мандела, не е битно дали е документарец или игран филм, само да биде опишан целиот живот на мандела во него.
Aко мислиш на Нелсон Мендела, и ако ти треба за на чколио/училиште, имам мислам некаде проектна за матура, пошто за него праев :) Можам да ти ја пратам.
 
Предложете ми го најдобриот филм за Мандела, не е битно дали е документарец или игран филм, само да биде опишан целиот живот на мандела во него.
батали филмови земи биографија некоја прочитај.
 
Aко мислиш на Нелсон Мендела, и ако ти треба за на чколио/училиште, имам мислам некаде проектна за матура, пошто за него праев :) Можам да ти ја пратам.

не, не ми е за чколија, го спомнавме денеска по енглески нешто па спомна професорката интресни факти за животот, ме заинтересира, симнувам еден документарец шо најдов од 2013 година.

батали филмови земи биографија некоја прочитај.

препорака книга некоја?
 
Предложете ми го најдобриот филм за Мандела, не е битно дали е документарец или игран филм, само да биде опишан целиот живот на мандела во него.
Mandela:Long walk to freedom овој е автобиографија и исто направен последен филм за него
 
Southpaw е слаб, полн со клишеа и предвидлив до јаја.Једино Џејк си завршил работа како што треба макар и се чудам како уопште ја прифатил улогата,вакви се даваат на клатикур актери као Џејсон Статам ама нејсе, прв слав филм што сум го виде кај што глуми Џејк
 
Southpaw е филмиште, само последната борба требало малку потензична да ја направат, инаку Ескобар баш е фаца!
 
Пред некој период прочитав една рецензија за филмот Knight Moves која иде вака

''Не прават веќе вакви филмови! Неизвесност до крај и да пукнеш од мислење кој е убиецот :) Петар е познат шахист , но кога ќе се случи убиство токму на девојка со која тој се гледа тој е првиот осмничен за него. Следуват серија убиства и се наведува дека токму тој е убиецот! 8/10.''

-Идеме вака прават.Неизвесност-одиме со дигитален речник,едниствено даунчиња не би погодиле кој е убиецот толку проѕирно и лејм до црните дупки 8-10 :icon_mrgr:
http://www.makedonski.info/search/неизвесност?


неизвесен


Што не е познат, што не може да се предвиди, да се претпостави со сигурност.
Англиски: uncertain
Примери:
неизвесен крај
неизвесна судбина
неизвесна иднина
неизвесен резултат


http://forum.kajgana.com/threads/Последен-гледан-филм-со-кратка-рецензија.25638/page-257#post-7118515

Наравоучение:Не ги доверувајте вашите очи на секого.

Денес 4-4 поглед на успешност 2-4

Song One
Knight Moves
Paddington
The Lost Weekend
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Never Let Me Go (2010)

Во суштина никогаш не гледам трејлери, пред да го изгледам филмот. А би ви препорачала и на вас.
Целата приказна е прикажана во тоа кратко видео, сфаќаш за што се работи, претпоставуваш како ќе заврши и зошто да го гледам понатаму филмот?
Филмот е неизвесен, не се открива целосната приказната. Дури и да стигнете до половина филм, може нема да ја сфатите поентата. Пополека се' се разврзува до крајот, се дознава суровата вистина. А во трејлерот се' е соџвакано и опишано, тоа што мене ми требаше саат ипол да го сфатам.
Неисе, после филмов не знам како се осеќам. Дефинитивно нестандардна приказна. На почетокот е претставена слика на сосем океј интернат, каде што децата се соодветно „третирани“, меѓутоа сосема изолирани од светот. Како што поминува времето, ја дознаваат вистината за нив, за нивниот живот после интернатот. И дека не можат да го променат тоа, сепак колку и да сакаат нешто да изменат, не е доволна само волјата и желбата. Кога едноставно „така е пишано“.
Не сакам ништо повеќе да откривам. Крајот остава без зборови.

19820.jpg
Ако ти се допаднал филмот, топло ти ја препорачувам и истоимената книга да ја прочиташ. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom