Почитувана, Ви благодарам на коментарот.Да, имате извонредни цени, во негативна смисла. Книгите ви се двојно поскапи отколку на друго место.
За да не речете дека измислувам, чисто за илустрација, ми требаше книгата "Poslovna astrologija" од Сергеj Шестопалов.
Вие ја продавате за 1219 денари, а истата на сајтот www.knjigaknjiga.com чини само 950 динари, односно 8.80 евра!!! Значи, ме чини поевтино да си нарачам од Србија, ќе ми стигне за 7 работни дена, при што ќе платам поштарина и пакување од 4 евра. Тоа е вкупно 12.80 евра, многу, многу поевтино од вашата продажна цена.
Разликата во цените е фрапантна. Исто е и со останатите книги кои ги погледнав. Разбирам дека сакате да профитирате, но ова е веќе грабеж. Срамота!
Книгата која ја споменувате чини 1650 динари во Србија. Еве го линкот од нашиот партнер таму
http://www.knjizara.com/knjige/pretraga/0/-aktuelnost//c51211/Poslovna%20astrologija
Таа е нашата набавна цена и според тоа може да забележите дека ако ги додадете трошоците за испорака до Македонија, царина, шпедиција и бесплатна испорака до Вашиот дом, цената е скоро иста.
Зошто и како сајтот кој го наведувате ја продава по друга цена ние не знаме, нав таа цена не ни е достапна.
Втора работа е сто нудиме над 30000 наслови во моментот кои ги носиме специјално за нашите корисници. Толку голема количина која се носи специјално нема ниту една книжарница во Македонија. Сајтот кој го наведувате има само 5400 наслови, токму поради тежината да се обезбедат 30000 наслови.
Наша цел е да задоволиме што поголема публика во Македонија, да им овозможиме пристап до книги кои не можат да ги најдат на едно место. Во таа желба и работа, секако се случува да бидеме поскапи за некоја од книгите.
Поздрав
KupiKniga.mk