Документот за ФФП еднаш го симнав во пдф формат, еднаш го отворив, имаше мноогу страници,и да ти кажам не се ни потрудив да го читам.
Но едно нешто што знам е дека маливе клубови се бунеа нешто за ФФП, сметајќи дека со тоа ќе се зголеми јазот меѓу нив со поголемите, оние што имаат повеќе приходи. Затоа клубовиве во Италија еве наголемо почнуваат да се подготвуваат за сопствени стадиони, нешто што ќе му носи повеќе приходи. Сега не знам колку е точно, ама имам прочитано дека Сампдорија плаќа 35 милиони евра кирија за Мараси стадионот за 2 години.
И ова плаќањево на рати, можеби го имаше и претходно, но најмногу стана во мода после стапувањето на сила на ФФП, така што сигурно имаат поврзаност тие 2 работи.