И сеа ради еден неуспешен трансфер да го ногираме човекот што донесе 450 спонзори во клубов?

Додатен факт е тоа дека Мојс го сакаше Фабрегас и напињаше за него па во 5 до 12 му текна за Ерера. Смешен аргумент другар, во најмала рака. Се гледа и дека сте си немале работа со Билбао како клуб па не ги познавате работите. Да се бркаа за вакви глупости важни човечки ресурси во мега корпорациите во светов сите ќе беа Амди Бајрам АД.
И нема врска, не се ова оправдувања, туку реалност е, а на тебе ти е смешен аргументот зошто да летал. На човекот тоа му беше прва година како СЕО. Од тогаш го врза Руни на нов договор и тоа со поголем процент од реклами за клубот + амбасадорска ролја, го донесе и Мата. Втората година еве настрана се што се случи, го донесе Ди Марија, најдобар играч во финалето ЛШ и мотор на Реал таа сезона. Тогаш се сеќавам како попарени бевте сите на темава откако се смеевте дека не лажел, не знам што, зошто тогаш не баравте да летал?
Искрено не знам зошто постираш вакви работи кога ние како фанови на Манчестер сме презадоволни од пазарот летово ( а знаеш дека генерално гледано цепидлачиме) па и самите вие гледате (не ви требаме ние да глорифицираме никого) дека сега за сега трансферите од летово се одлични. Да сумираме, едногласни сме дека играчи како Дармијан, Шо, Депај, Јанузај, Смолинг, Блинд, Шнајдерлин кои можат да истрчаат три утакмици во секое време отколку лоша зделка како Ди Марија лани.