Многу ретки се случаите каде може една ваква врска да опстои. Една моја другарка има дечко од Битола (секако дека не е предалеку, но сепак..) и веќе одат две години. Но, начинот на водење една врска толку време не е еднаква со онаа на луѓето кои се секојдневно заедно. Друго е гледање само за викенди, а друго е секој втор ден.
А за виртуелно оддржување врска да не праиме муабет. Сторго сум против тоа и на тој начин не може да ми се создадат одредени чувства за никого, земајќи го во предвид фактот дека не сум го видела ниту еднаш. Ко на пример, правејќи долго време муабет на мсн со еден тип од Пацификот - Sam, ми предложи да му бидам девојка, но веднаш му реков дека не прифаќам. Ми зборуваше дека може да произлезе некаква иднина, јас да дојдам да студирам таму, или тој ..обратно,но не се согласив со таа идеја бидејќи според мене е нереална и невозможна. Јас немав никакви чувства спрема него и покрај фактот дека беше многу убаво момче (кое навистина постои).
Сум ги запознавала идните дечковци/мувачи преку мсн.. но,никогаш не сум започнала врска на огромна далечина. Се додека е во Скопје, може да се снајде за meet me halfway.