Немора да одиш на толку строг начин на исхрана а да ослабеш, но ако си по дисциплиниран на интермитент фастинг тогаш применувај го.
Stronglifts 5x5 е одлична програма за почетничко добивање на сила но мислам дека немаш доволен волумен во неа што би ти помогнал во слабеењето, така да имаш 3 решенија, да додадеш уште вежби во неа за хипетрофија (ова би требало внимателно да го направиш зошто може да ти го ремети опоравувањето), да додаеш 3-4 пати неделно кардио или пак да избереш некоја generic бодибилдерска сплит програма со вис додека побрзо да се исчистиш а после можеш да се вратиш на Stronglifts 5x5.
Од суплементи кои би ти помогнале за слабеење јас би ти препорачал л-карнитин, најдобро ако можеш да го најдеш во прав зошто тоа е најефтина и најефикасна варијанта, исто така и зелен чај 3х дневно добро би ти дошол.