Пошто професорот ја отвори темата, сезонава малку ќе ве дружам. Ќе добијам ваљда 3 банови најмалку. Од наредна сезона кој ве еба!
Убава дискусија сте почнале. Не ќе е лошо да побарам постови од 2010 кога се карав со интерашиве и им кажав што ќе им следи после Мурињо и дека нема да им е Бенитез крив. Ама не, Рафа е крив. Мурињо тотално го исцеди тимот, и после титулата ги шутна. Самиот да останеше тешко дека ќе ровареше пак како претходната сезона. Тројна круна освоија што сакаа после интерашиве? Па Барса не ја повтори таквата сезона после 2009та, овие ќе ја повтореле со исцедени старци и нов менаџер.
Бенитез не е класа менаџер ама ги вбројувате тука Венгер (ок со сета почит за константноста ама ако ги земаме истите критериуми како за Рафа не е ни тој класа), Ван Гал кој патем освоил неколку титули повеќе од Рафа во 10+ години подолга кариера и тоа мнозинството во Ајакс (WOW) ,Хајнкес со 30 години кариера и 12 титули, да погодам заради последната сезона во Баерн е сето тоа нели? Пошто претходно што се шлепал 20 години по Шалке, Ајнтрахт, Цементарница итн е небитно.
Леонардо го спомнавте? Оној Леонардо што прими 5 дома од Шалке и можеше да прими 6-7 од Милан??
По ваша логика никој од овие не е класа менаџер. (Леонардо не е ни менаџер така го спомнав). Можиме и Анчелоти да го оспориме
Настрана 3 ЛШ (едини покрај Боб Пејсли и веројатно причина што е класа менаџер) домашно освои еднаш со Милан во колку беа 6-7 сезони? Со Челзи освои еднаш кога и немаше некоја конкуренција, во ПСЖ??? Ве молам. Што не освои во Реал? Пазете еднаш трет заврши
Во Примера.
Секако Мурињо дека е подобар од Бенитез ама дека вториов до толку не вреди не би рекол. Повеќе би рекол дека Мурињо е нешто подобар возач (не многу) што оди во тимови што се моќни (пример Ферари во времето на Шумахер) освојува па заминува. Доаѓа Рафа во Ферари во сегашно време кога се мизерија и нормално не постигнува ништо. Во тоа време Мурињо вози Ред Бул и си гази. Паѓа Ред Бул оди пак Рафа таму пак ништо.
Ете Фергусон со каков тим титула освои. Истиот тим засилен за Мата и Фелаини заврши 7ми со Мојс. На тој шампионски тим засилен со Мата и Фелаини, Ван Гал потроши уште 250 милиони и заврши четврт. Со овие пари Фергусон од табела горе ќе излезеше. Сега класа менаџер е Ван Гал? Ебави логиката[DOUBLEPOST=1438284421][/DOUBLEPOST]
А како тие свемирски играчи сезоната пред тоа изиграа 50 утакмици без ниедна повреда? Како така одеднаш за 2 месеци остареа и почнаа да кинат мускули и да летаат колена?
Ти мускул да му скинеш на играч на припреми треба у главата да си малце настинат.
Старци со 30+ години изиграле 50 утакмици на врвно ниво, се потрошиле максимално, освоиле се, и се чудиш како после се повредувале и како се истишиле? Чуди се