Да не избрзувам со заклучоци, оти на крај на сезона ќе се најде некој паметен ќе копа мислења од памти век, ама мислам дека ова им е добар трансфер на Сити и баш ќе го биде Стерлинг.
Првата сезона сите го утепавме од фалење колку е добар и надежен, втората имаше пад во форма и одма не го бива, прецент е.Лани цел тим на Ливерпул беше тиња, освен Хендо, така и Стерлинг се вклопи во сивилото, ама и покрај тоа има најдобра статисика во светот од играчи на негово годиште, најдобар е.А да не правиме муабет дека беше преигран од предходната сезона и играњето на СП му го скрати одморот, ние така Вилшер го заебавме што не му дадовме доволно одмор, на 19 години 50 утакмици изигра и наредната сезона редеше слаби игри и повреди.
На Сити баш им фали крилен играч во моментов, одма би влегол во прв тим, освен ако не го земат и Де Брујн, за разлика од трансферите на Родвел и Синклер кога беа пренатрупани на тие позиции и ги купија колку да потполнат квота.Тука ќе може да соработува со Агуеро,Силва,Бони,Туре,Насри нема цел притисок да биде врз него да ја носи екипата како што беше случај лани во Ливерпул.