Хм а кој менаџер всушност ја кажува вистината, во глобала сите велат едно а на крај излегува трето.
Се е тоа тактика за да извлечат повеќе пари од другата стана која ја инволвирана во случајот.
Гвадрадо (му го погодив името конечно
) во Англија може да биде просечен играч. Најблизу што ми текнува за асоцијација на играч ми е Валенсија. Тврд работник на терен, ништо повеќе со просечна статистика во офанзивен дел.
Дадовме солидна сума за него, имаше 6 месеци да се прилагоди, во глобала како што кажа Ајс, не е ни на ниво на Академец, во Италија е проверено добар играч, значи сума од 20 мил ако имаме на маса требало би да се прифати.
Сме пробале не бива, продавај одма. Мое мислење е ова моментално, дај боже да ме демантира немам ништо против.
Шурле, Мата, Чех. Луиз се светска класа на играчи и не заслужуваат да имаат лимитирана минутажа, за Челзи го дадоа максимумот, заслужија прв тим ама ете сплет на околности им резултираше поголемиот дел од сезоната да го минат на клупа.
Сега дали самите поднеле трансфер или не, дали клубот ги продал со намера или не ( факт е дека сите заминаа за добри суми и клубот добро профитираше од нив) мене не ме засега.
За мене Чех, Мата, Лампард никогаш нема да бидат предавници иако кариерите ги наставија во директни наши ривали, заслужуваат респект, бидејќи сите го дадоа максимумот за клубот, а на некој начин клубот не испадна фер спрема нив.
Ама за мене Мурињо > од било кој играч, знам дека знае што прави, знае кој играч му треба и како да го искористи и верувам во неговиот проект и филозофија.
За Калас се слажам со Зоки, заслужува шанса пред некој друг рандум дефанзивец што треба да се купи сезонава.
Исто така давам подршка за младиот лев бек ма да искрено немам врска кој е и што е. Ама ајде ако управата рачуна на него ок, ма да сумата за негов трансфер не треба да изнесува повеќе од 10 мил.
Фелипе е исти случај како Реми сезонава, добар е максимално си ја искористи шансата ама не е светска класа на играч.
Во глобала негово отсуство од тимот може да се надомести.[DOUBLEPOST=1435120081][/DOUBLEPOST]
Пуштете ги накај Интер Фелипе и Салах,многу ќе ви бидеме благодарни
30-че и ваши се.