Добар потег од клубот за проширување на Мостот, капацитет од 60 000 си е тмн, повеќе тешко дека би можеле да го полниме бидејќи сме од Лондон.
Скептик сум во врска со трансферот на Фалкао.
Сретствата кои се инволвирани во неговиот трансфер се ок ама моменталниот квалитет со кој располага не ми влева некоја доверба. Да беше пред 2 сезони кога во нападот ни беа Ба, Торес и Ето со две раце ќе го прифатев, ама вака не.
Го имаме Коста кој во сезона може да постиге 20 гола, Реми кој минатата сезона речиси на секој натпревар кога добиваше шанса постигнуваше гол, плус го имаме Бамфорд и Соланке како бек ап.
Е сега поради овој ако го изгубиме Реми, и некој од младиве стварно сме за никаде.
Гуардадо не е лош, ма да не е ни ништо посебно, скуад играч и голем радник.
Оно па и неможеме да имаме 24 топ играчи мора некој да седи и на клупа.