Абе види сеа од Шек 2000-2003 до Вејд 2011-2014 има светлосни години разлика.. Бош никогаш не изигра онака како што се очекуваше од него.. Реј Реј беше само 'role' играч и ништо повеќе.. Беше ѕвезда на времето за Суперсоникс, потоа трета опција во триото на Селтикси.. Ако прајме така сеа, Коби играше со Карл Мелоун и Гери Пејтон!
Стилот нема врска тука, мене на пример Пистол Пит ми е најкул играч шо сум го видел но со тие финти негови не постигнал многу во кариерата.. А Данкан со најдосадна игра без никакви атракции има 5 титули
Секој си наоѓа свој начин како најлесно да дојди до поени.. кога ја имаш градбата на Шек или Леброн нормално нема да застаниш тројки да шутираш.. Ако си прачка ко Дурант нормално ќе гледаш шутот да ти е вонсериски
Сите ќе се согласиме дека Леброн игра на сила.. Но не игра САМО на сила.. играч шо има во просек 41/12/9 има многу повеќе оружја од физичката доминација.. Со исклучок на плејмејкери веројатно само Лери Брд ја читал играта како него
http://uproxx.com/dimemag/2015/06/watch-lebron-james-give-champion-interview-16-years-old/[DOUBLEPOST=1434037132][/DOUBLEPOST]
Никој не го ставил Леброн пред Џордан.. Ретко кој го става и втор пред Карим.. Јас само реков дека дебата ќе се отвори по медиумите АКО освои годинава во вакво темпо
Во спортот легендарни играчи од типот на Али, Џордан, Рут, Пеле, Федерер толку се возвишват шо демек никој никогаш нема да ги стигни.. Колку од вас всушност сте го гледале Џордан константно како шо сега го гледаме Леброн? Поголемиот број од вас се родени околу првата пензија на Џордан.. Треба да си минимум 40 години за да си го гледал редовно.. Аааа си гледал тие утакмиците против Јута.. Ваууу.. Па да таму најјак е.. А да пуштеше тие утакмици против Пистонси кај шо го челичат не ќе беше лошо.. Или ги нема на Јутуб нив?
Факт е дека Џордан од 91-93 и 96-98 е најдобриот играч шо некогаш сме го виделе.. Но луѓето изглеа заборават дека и тој имаше тежок период како и Леброн во кој никогаш неможеше да излези од истокот.. Лери Брд и Ајзеа му го сомлеа мозокот.. Дали воопшто знаете дека Џордан без Пипен во плејофот е 1-9 ( да, еден-девет).. Дали воопшто знаете колку фанови на Булси и воопшто на НБА беа во шок и во депресија при првата неочекувана пензија на Џордан.. Многу повеќе од ебената 'decision' на Леброн