Незамисливо ми е Станис да ја изгуби битката ако всушност дојде до битка. Единствено може нешто да се случи пред или за време на опсадата, сепак е зима и се бори на непознат терен. Инаку, ако не се лажам, Станис има многу повеќе луге од Рус. А и да нема, тој е еден од најдобрите команданти во цел Вестерос, а Рус нема такви луѓе.
Е сега ме плаши само тој планот на Ремзи со тие 20 good men. Ако планира да влези во армијата на Станис, супер. Тој ќе си умри за џабе, а до Станис нема шанси да дојде. Ама работата е шо тоа е очигледно самоубиство, ни Ремзи ни Рус не би пробале такво нешто, значи по логика нешто друго спремаат. Тоа така ме копка малку.
Инаку, за жртвувањето на ќерка му - ноуп. Убеден сум дека нема шанса такво нешто да се случи. Ни Мелисандре нема такво влијание врз него.