wot
aloof
- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 19.817
- Поени од реакции
- 34.521
Kak sakam, tak ce si gi vikam![]()
Saam da kazam deka ne se isti ko so pisa, da guglnes terminot da se potsetis, da ti tekne, imase i vo serijata kazano i vo extras.
Ne se kur4i odma.

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Kak sakam, tak ce si gi vikam![]()

Saam da kazam deka ne se isti ko so pisa, da guglnes terminot da se potsetis, da ti tekne, imase i vo serijata kazano i vo extras.
Ne se kur4i odma.![]()






Me интересира нешто повеќе за white walkers да ми објасни некој што знае повеќе (без спојлери нормално). Од каде се, зошто баш сега се активираат и решаваат да ги нападнат луѓето, гледам и кај нив има некоја хиреархија и команда, што значи не се само обична група на зомбиња. И како што разбрав до сега има два вида, оние обичните како зомбиња што се, и овие смрзнативе white walkers.
Па ако не го мрзи некој нека објасни подетално, затоа што настрана сите сплеткарења во кралството, имам чуство дека овие се носечката сила во целиов овој серијал

Иначе се си мислам дека ТрпеГрозни е некој што работи во преведување на книгите, или има некој што работи во преведување на книгите. Никако поинаку неможам да си објаснам зошто ги користи термините „Змејкамен“, „ Светот на мразот и челикот“ итн. Али во ред, барем Џон Сноу не го преведува во „ Гоце Снег “![]()
99% од она што го знаеме за нив се митови, легенди шпекулации. Тој сигурен 1% е тоа дека всушност навистина постојат. Се појавиле едно 8000+ години гледано од сегашноста во серијата (морав да се потсетам, поминаа години од кога ги прочитавме книгите...), никој не знае со која цел, како, зошто...почнале да касапат се пред нив се додека не биле поразени и приморани да се повлечат на Север после што е подигнат Ѕидот.
Зошто се враќаат сега? Милион интересни теории има, но не би сакал да навлегувам во нив во оваа тема. Многу случајности има во периодов, од кометата до змејови...којзнае што е тригерот.

Обичните зомбиња се wights, како што гледаш тие се оживеани од оние главните. Најглавниот што го видовме денес е the Night's King. Ова не е спојлер пошто го нема во книгите и истото беше речено од продуцентите на серијава во рецензијата на епизодава. The Night's King го има во една од тие хорор приказните на бабата во сцените со Бран после падот од кулата. Легендата вели дека е од Северот, Старк или Болтон или Амбер. Бил 13ти по ред Commander of the Night's Watch, по име Брандон (бар така ми е останато во меморијата). Се заљубил во бела жена од другата страна на Ѕидот која што според описот би требало да е white walker. Се прогласува за крал во еден од замоците на Ѕидот, а неа за кралица. Незнам колку време останале да владеат таму но знам дека било потребно обединување на wildlings, лордовите од Северот итн. во унија против него.
Тоа е без да навлегувам во теории и да се задржам на она што може да се нарече факт.

Кога ја изгледав уште еднаш сцената, Џон кога го кикна шетачот забележав дека кога се судрија со мечовите, како изненадно и Џон и шетачот се погледнаа, како и двајцата да не очекуваа дека мечот на Сноу нема да се скрши. Е сега, велиме дека само Валериски челик може да убие шетач. Па нели Тормунд и компанија тука убиваа шетачи со обични оружја? Или не е тоа целосно уништување на шетач?
Wun-wun's da real MVPсо која елеганција и леснотија ги кинеше шетачите.
![]()
...или не баш, затоа што има само 5-6 вакви меча и никој не знае вистински да искова нов.![]()
Зошто сите го промашуваме фактот кој го спомна некој погоре дека Валирискиот меч е кован со помош на оганот од змејовите?