Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
На секои пет минути гледав уште колку ми остана од епизодава за да се добие тој ефектот за да ми изгледа епизодата подолга, ама на крајот заборавив и да дишам, кој ќе чека цела недела сега....
Дефинитивно еден мој другар не е крив што вика дека треба серијата да не се почне додека не се завршува.
 
Закон епизода! Инаку само што ја видов типката (elder wildling) реков дека ќе згине брзо... и тоа и се случи.
 
На секои пет минути гледав уште колку ми остана од епизодава за да се добие тој ефектот за да ми изгледа епизодата подолга, ама на крајот заборавив и да дишам, кој ќе чека цела недела сега....
Дефинитивно еден мој другар не е крив што вика дека треба серијата да не се почне додека не се завршува.
Буквално исто...

Инаку од кај му беше мечот на Џон Сноу?
 
Калиси бе браД, I won't spin the wheel, I will brake it :vozbud: фалеше уште бесна бекграунд музика како во Б класа акционине филмови. Среќа нејзина борбава на крај беше па ретко кој ќе ја запамети.

Не се фер шетачиве, со читови играат :D
 
Епизодава мислам дека надомести за цела сезона. Ова е тоа што се очекува и бара од ГоТ! Пет сезони чекаме зимата да дојде, и ете ја, конечно пристигна! :vozbud:
 
Демн, помислив дека ќе го изгубиме и ептен се изненадив со мечов. Сигурно има некаква врска каде е искован. Него не ми е јасно, за кој кур им се драгонглас, да ги стават у торба и да ги изгубат? :D Имаат уште од нив во Castle Black?

Дури и нас гледачите не' фатија на препад шетачиве. А овие мртвиве ме потсеќаат на оние од Walking Dead, само што овие имаат и оружја и паѓаат 100 метра и не им е ништо. :D
 
Може змејовите да убијат вајтвокери?
 
Valyrian челик е и тој меч, како што кажаа погоре, Ед што му го даде на Џон.
 
Буквално исто...

Инаку од кај му беше мечот на Џон Сноу?
Џеор Мормонт

Демн, помислив дека ќе го изгубиме и ептен се изненадив со мечов. Сигурно има некаква врска каде е искован. Него не ми е јасно, за кој кур им се драгонглас, да ги стават у торба и да ги изгубат? :D Имаат уште од нив во Castle Black?

Valyrian steel
 
За ова ја глеам серијата :) Се надевам сеа нема пак 1 сезона да не ги видиме.
 
Е ова да, пак личи на Game of Thrones. Цела сезона тапкаа в место, ама вредеше за ваква епизода.

Прво и прво, сите сцени на Хардхом беа одлични. Последните две сезони приказната на Џон ми беше најинтересна за баш ваквите случки. Не очекував ништо толку големо оти обично ваквите работи ги чуваат за деветта епизода, така да скрос неспремен ме фати. Најмногу ќеф ми е шо умрените не се баш копија на зомбите од Walking Dead или слично. Колку-толку сепак се различни и така придонесоа да е многу поинтересна сцената - со трчање, скокање, користење оружја направија појќе да личи на вистинска битка отколку на типична зомби сцена.

После, секогаш е јако кога ќе излезе White Walker на сцена, а посебно овој пат. Ако за ништо друго, сите видоа баш колку се опасни копилињата. А и плус сите се уверија дека сепак можат да се борат против нив некако. Speaking of борби, Торумунд и Џон беа супер, посебно вториов со шетачот кога се тепаше. Со исклучок на Холивудското клише кога го фрли Џон наместо да го боцни малку со копјето, цела кореографија беше предобро снимена. Вакво нешто требаше да е и со Сенд Снејкс, ама nevermind. Како шо реков, цела епизода ми се допадна во глобала, ама најјака беше последната сцена со замрзнатиот Darth Maul и армијата на мртвите. Ако може така за секунда да ги оживи, сите се fucked. Аха, ќе забораев за џинот. MVP, немам друг коментар.

Второ, Тирион конечно успеа да ја направи Денерис интересна. Уште не можам да ја поднесам, ама барем не беше досадна и иритантна како и обично. Добро, беше на почетокот кога пак го шутна Џора, ама ништо друго и не очекував. Барем драго ми беше Тирион што го бранеше и можда го спаси од погубување. И тој пак сака пред неа во арена да се бори. Има заборавено шо се случи пред една недела. Ама сепак ми фали Баристан и никогаш нема да е исто без него. :place:

И трето, Арија повторно почна да прави нешто интересно. Ми се чини нејзината приказна во сезонава беше најразочарувачка оти досега секогаш имаше добри сцени, а сега па осум епизоди со ред буквално дремеше в место. Конечно мрдна малку и дефинитивно најхајпнат сум за неа во следната епизода. Се надевам дека чекањето ќе се исплати како со сите други ликови.

Уште многу има за коментирање, ама ова мислам беше најважното. За прв пат по не знам колку недели едвај чекам да излезе новата епизода. The work continues. :love:

Демн, помислив дека ќе го изгубиме и ептен се изненадив со мечов.
"He always comes back."

Сем е полн со спојлери.
 
Mоже сум грешка, ама во сценана од кога Вокерон го фрли Џон, кога пробуваше овој да земе dragon glass, одма од левата страна на Џон, помеѓу него и она каменот има една торба. Личи на онаа кај шо ја покажа на собирот. Некој друг да не примети таква работа?
 
Џин, дивјаци, бели мадафакери и Џон Сноу, рецепт за успех ебааго. :vozbud:

Патем, не беше досега во шемата 9та епизода да биде таа на која трошат пола буџет и ја прават да биде главната дешавка во сезоната ил сум грешка?
Ако е така тогаш, кој да чека за наредната...:D
 
Ваљда ќе видиме фајт Ремзи вс Станис наредната епизода :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom