@AniMagus get a life. Стварно не ми е јасно како стигнуваш да изгледаш 190 филмови у рок од 5 месеци.
Практикувам да гледам по еден филм дневно, онака за релаксација по работниот ден. Евентуално за викенд надокнадувам со два, а некогаш дури и со три филма.
Така што сосема е изводливо, ако добро се организира денот...
Инаку, додека сум на темава, да си пишам збор-два за завршениот Бондатон.
"Новопечен" 007 фан овде.
Конери е правиот Џејмс Бонд - Голдфингер е класика, до ден денес се држи одлично филмот.
За Лазенби
веќе се изјаснив, OHMSS ми е меѓу фаворитите.
Од филмовите со Мур, најмногу ми се допадна The Spy Who Loved Me, а и да си признаам интересен ми беше и Moonraker - токму заради тој Star Wars шмек.
Далтон е изненадувачки потценет - забележав на имдб и на lbxd не го сакаат баш многу. Навистина е штета што само два Бонд филма има со него. Уживав додека го гледав, особено во Licence to Kill.
Броснан, уште како малечка си го сакав, можда дека неговите филмови најчесто ги даваа на ТВ...
Позитивни импресии и од Крег. Растури во последните филмови, Казино Ројал ми е меѓу фаворитите.
Веспер (Ева Грин), заедно со Трејси (Дијана Риг) ми се омилени Бонд девојки.
Од негативците потешко е да одберам, премногу јаки ликови има: Скараманга, Le Chiffre, Raoul Silva...
Секако од споредните ликови, неизбежно е да се спомне Кју. Хајлајт ми се тие сцени кога Кју (Desmond Llewelyn) му покажува на 007 нова палета на гаџети, експлозивни пенкала и што све не. :')
Моја
рангирана листа на филмовите.