Serie A 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Каков лузер е овај Игуаин не ми се верува..чоекот не само што е тотален фудбалски антиталент(само Гомез е послаб од него) туку сеуште на неговите 27-8 години не научи да користи зицери и како да пласира што еден напаѓач од неговата класа што е репрезентативец на Аргентина и игра за Наполи треба да му е рутина...

Не го обвинувам за пеналот..чоекот со неговата неспособност ја кошташе Аргентина и Меси светска титула каде промаше она што не се промашува,чоекот го кошташе Наполи со финале во Лига на Европа каде изнапромаши све и сешто против Днипро и сега нормално повторно во елемент на натпреварот на сезоната за неговиот тим за пак да ја оплеска...

Длабоко сум разочаран од него бидејќи се сеќавам на мојте ставови пред 5-6 години каде сум тврдел дека ќе прерасни во расен стрелец и одличен играч што ќе биди иднина на Реал Мадрид..за сега да стани еден лузер што игра во лузерска екипа и страшно стагнирање на неговата кариера ...
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Излезен бев, па на телевизорот во кафичот идеше Наполи - Лацио, па фрлав по едно око....многу јака утакмица, и искрено криво ми е за Наполи, но што е тука. Игуаин од херој до трагичар. И дај на претерувајте, јасно е дека Игуаин е расен стрелец, еве гледам сезонава, дал 18 лигашки гола. Но, уште не ми е јасно како може еден професионалец, во така битен момент да плесни пенал 3 метри над гол. Јас се разбирам, дека има притисок врз него и сето тоа, но недозволиво е за онаков професионалец да шутне онаков пенал.
Сега, Тони и Икарди имаат по 22 гола. Како е правилото во Италија, дали ќе ја поделат златната копачка, или има некои правила кои одредуваат кој ќе биде голгетер за сезоната?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Збогум лиго, се гледаме..во иднина.

Во Наполи ништо не штимаше вториов дел од сезонава, дали пошто сакаа да се ослободат од Рафа или пошто толку ги бива не знам, ама Рафа сигурно го помина последниот меч како менаџер на Наполи.

Ќе биде интересно да се видат Лацио назад во Европа. Ма да сигурно ќе им се падне некоја екипа како Јунајтед во квалификациите што ќе им биде зезнато.

Не очекував сезонава толку лесно да ја добие Јуве, здравје боже догодина можеби позирамнета ќе биде лигава.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
@the_kop по некоја логика би требало тој што изиграл помалку да биде најдобар стрелец
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.953
Поени од реакции
116.505
Дечко, многу агресивно го фалите со Џонтра. Да не го спремате за продажба?
Такви сме ја и Маки, брутални. Иначе не си иде Икарди, ќе освои ЛШ со нас па после тоа може. :angel:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Излезен бев, па на телевизорот во кафичот идеше Наполи - Лацио, па фрлав по едно око....многу јака утакмица, и искрено криво ми е за Наполи, но што е тука. Игуаин од херој до трагичар. И дај на претерувајте, јасно е дека Игуаин е расен стрелец, еве гледам сезонава, дал 18 лигашки гола. Но, уште не ми е јасно како може еден професионалец, во така битен момент да плесни пенал 3 метри над гол. Јас се разбирам, дека има притисок врз него и сето тоа, но недозволиво е за онаков професионалец да шутне онаков пенал.
Сега, Тони и Икарди имаат по 22 гола. Како е правилото во Италија, дали ќе ја поделат златната копачка, или има некои правила кои одредуваат кој ќе биде голгетер за сезоната?
Мислам дека асистенциите се гледаат, Икарди сезонава учествувал у 28 гола поише од сите играчи у Серија А. 22 гола и 6 асистенции.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Икарди е под дифолт најбољи стрелец пошо е најбољи напаѓач у лигата. :kafence:
@Malcolm van den Сабаховић, се чита овај самиот пред да тресни ваква зелена? Па, зарем постои подобар, побрз, технички и дриблерски поткован фудбалер од Лука Тони? Што и патем го прави најдобар напаѓач и играч, не само во Сериа А, туку и пошироко.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom