Здраво дечки,
Најпрвин на сите присутни овде да им посакам среќа и што побргу да им се оствари желбата за добивање на државјанство и заминување во странство.
На тие кои веќе успеале во тоа, им посакувам успешна, лесна и брза интеграција онаму каде што планираат да заминат или каде веќе заминале.
Истовремено, бидејќи оваа тема е доста корисна и помага на многу луѓе, сметам дека би било штета да оставиме работите да се завршат со она што на секого овде му е цел - а тоа е вадење на државјанство и пасош.
Мислам дека окако ќе се реализира таа цел, се отвора нов фронт, а тоа е што, каде, како понатаму и како до таа цел.
Сметам дека вадењето пасош за сите овде би било половичен успех доколку тоа што секој си го планира и замислува да го постигне со пасошот после тоа не се реализира.
Затоа, ве поканувам и ве поттикнувам во духот на споделување на корисни информации како што тоа се прави на оваа тема, откако луѓето ќе средат со документи да продолжат да пишуваат за тоа каде, како и што понатаму на следнава тема.
http://forum.kajgana.com/threads/Каде-што-и-како-понатаму-после-средување-на-документи-за-странство.78345/
Овој повик особено важи за членовите кои веќе средиле и заминале, но може да пишуваат и тие што чекаат документи а имаат некакви планови за понатаму.
Наместо после решавањето на документите сите да исчезнуваат, уште подобро и покорисно ќе биде да се продолжи со споделување на свои идеи, совети и искуства (и добри и горки) за тоа што, каде и како понатаму на работа, школување, живеење во странство.
Поздрав и уште еднаш со среќа сите да си добиете документи.