Не ми е до кладба, само ме интересира шо се смени во само едно коло? Минатото пиша дека апсолутен фаворит е Ноле машината. Толку ли Кузњецов е репер?
Сигурноста во неговите удари, пожртвуваноста за некои топки кои до пред некое време ги проследуваше само со поглед. Оди назад во темава, ќе го видиш моето мислење, како тоа против Халис (играч надвор од топ 200-300), како против него не одигра добро, си кажав дека не сум задоволен. Со Алмагро играше доста подобро од првиот меч, го кажав и тоа, меѓутоа ова денес е само показател дека играта му е како прогресија на турниров, во нагорна линија, подобро и подобро. Се надевам дека нема да застане, а и многу е важно дека Новак чувствува страшен притисок, посебно за нивниот меч, Рафа исто така, не велам не... меѓутоа можно е се, јас би му дал фаворитска улога сепак на Надал, нормално ме влечи тоа бидејќи сум му фан.
Конкретно тука на Ролан Гарос, 6-0 за Рафа.
2006 четвртфинале : 6-4 6-4 предал Новак.
2007 полуфинале : 7-5 6-4 6-2
2008 полуфинале : 6-4 6-2 7-6
2012 финале : 6-4 6-3 2-6 7-5
2013 полуфинале : 6-4 3-6 6-1 6-7 9-6
2014 финале : 3-6 7-5 6-2 6-4
После 6 дуели, освоени само 4 сета, а изгубени 18, психички Новак секогаш си има проблем, а кога не успеа пред 2 години при водство 4-2 и предност во 5ти сет... не верувам дека баш годинава ќе успее во својата цел, иако е преценат и од обложувалници и од свашта. Имаат уште еден дуел од Дејвис Куп на земја до 3 добиени сета, тогаш Рафа тепа 3-0 (6-4 6-4 6-2).
Значи човекот има скор 86-1 на 3 добиени сета на земја, 69-1 на Ролан Гарос и 17-0 дејвис куп на земја. Новак има 0-7 против Рафа во овој сегмент. Ова се само бројки, но јас искрено се надевам дека ова ќе продолжи како што тргнало.
