Roland Garros 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan-kobe
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде победник на Ролан Гарос 2015?


  • Вкупно гласачи
    97
Статус
Затворена за нови мислења.
Среќа што помина Монфилс , ќе биде интересно со Федерер утре . И Цонга - Бердих утре играле :eek: .
 
Киргиос има се освен глава за да го победи Мареј.
 
Малиов против Ноле што игра многу добар, одличен сервис има. Многу се мачи Џоковиќ да дојде до брејк.
 
Ja oд тие неколку гема шо ги изглеав, гледам дека не ни трча нешто премногу, не се замара, чека да заврши мечот, мислите му се за утакмицата со Надал во среда.
 
Кокинакис ќе биде одличен играч во иднина, уствари он веќе е, само што има огромен простор за напредок. Двајцата играат одличен меч, баш е убаво за гледање.
 
Кокинакис психички е илјада пати подобар од Киргиос.Поталентиран е и максимално се залага за сите поени.Киргиос е прав циркузант,кој го има достигнато максимумот и ќе остане на ова ниво.Игра на еуфорија,а ако тргне низбрдо се предава самиот пред време.Ете со Мареј последните два поени што ги изгуби можеше да ритнира,а тој не ни проба.

Петковиќ денес самата се победи.Еј не можеше да ја победи Ерани која во првиот сет просечна брзина на прв сервис и беше 126 км/ч.:pos:
Се искина од грешење..Можда и се префорсира со тактиката,влезена во терен 5 метри.:icon_mrgr:

Ерани женска верзија на Пипо Воландри.Иста сорта се,ама си направија солидни кариери.:kajgana:
 
Ерани женска верзија на Пипо Воландри.Иста сорта се,ама си направија солидни кариери.:kajgana:
Која кариера ја напраи Воландри, не знам дали има 3то коло на ГС, а Ерани има финалиња, полуфиналиња, у дубл има се можно освоено :D
 
Последно уредено:
Кис дефинитивно е број 1 потенцијал само мора многу да работи на движењето и да ја контролира агресивноста. Ако влезе во удар невозможно е да се одбрани некој од тие бомби.
Штета што ќе изгуби од оваа мртвава Бачински што има еден тон среќа.

Ауууу како се самоубива Кис, алал да и е. Се што удри исфрли во аут, којзнае како се чувствува. :D
 
Последно уредено:
Која кариера ја напраи Воландри, не знам дали има 3то коло на ГС, а Ерани има финалиња, полуфиналиња, у дубл има се можно освоено :D
Сакав да кажам во врска со стилот на играта,а нормално и сервисот.Тука некаде се.Мислам ако си го гледал Воландри.:icon_mrgr:А Воландри по челенџери се мота само,не ни помислив на Гренд Слем.Не се доискажав,па затоа нешто те буни.:ајнапиво:[DOUBLEPOST=1432991640][/DOUBLEPOST]Гаске три пати по ред нетс :LOL:
 
Последно уредено:
Гаске ми изгледа како да нема снага да се носи со Андерсон, сервисот на Андерсон перфектен засега
 
Болели игра многу добро.Форхенд,бекхенд,слајс,сервис,од сите аспекти игра на ниво.
 
Гофан и Борна , тие се тие играчи. Талент и све, арно ама ја немаат силата како Ѓоко Таневски и лимитирани си се .
 
Надал го избудали Кузнетсов со форхендот денес. Ептен добро изгледа неговата игра денес и ако успее со Сок да одигра меч во 3 сета ќе биде ептен подготвен за Ноле.
 
Лично и одговорно тврдам дека Рафа освојува Ролан Гарос годинава, кој мисли спротивно нека ми пише порака за кладба, а и сигурен сум дека хејтерите веќе се спремаат мислењево да ми го цитераат после потенцијалниот пораз од Новак во среда. Ајде да видиме, мене ми мириса се повеќе на 10та титула. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom