Самоубиство!

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Ах, што ти прави фрустрација:pwace:

Разиел, на погрешна тема ја искажуваш нетрпеливоста кон 1307.Па уше и твои "пајташи" се приклучуваат.
Нема нетрпеливост.Самиот Бројка рече дека другарува со членовите на кои им мава сарказам,и тоа го прави добронамерно.Јас еве се дрзнав добронамерно да другарувам со него и со неговите пајташи,меѓу кои си и ти,мила.

But, wait... Не ни има тема на форумов кај шо може лично да напаѓаш членови пошо така ти светнало едно сабајле. Затоа, cut it.
Неговиот пост може да го оцениш преку репутација. Него самиот може да го анализираш у темата за психо-анализа. Али вакви проникливо-луцидни проценки на темава, каде што друго се дискутира, не може.
Таа припроста забелешка беше само минорен дел од мојот пост.Онака,добронамерен и другарски,нели?И самиот Виктор,а особено Серпико многу често им укажуваат на одредени членови добронамерно и другарски на одредени (според нив) маани.Ако Бројка решил да биде саркастичен на така мило-брутален начин,чуму мојата минорност неможе?

And you were talking about frustrated people...

И ти и Виктор дискусијата продолжете си ја на друго место. Се напишано од вас кое е продолжение на вашата препирка ќе биде избришано.
OK...само да информирам,малце патетично можеби,дека ниту една расправа со Виктор не ја сметам за злонамерна,туку едноставно ми се допаѓа неговата реторика која е еднакво конфузна како мојата,па на чуден начин се разбираме.Освен тоа,јас напишав еден пост во кој можеше Бројка да врати,бидувајќи гениј и штотијазнам,без потреба од гореспоменатите пајташи.

И да, cheer up Разиел. Или сјебувај теми кај тебе на форум.:helou:
Не ти го сфаќам ова.Ако мислиш на објективниот неуспех од форум каде сум активен,ќе те удостојам со тоа дека на тоа место сум како услуга на многу добар другар.Нити е мое,нити имам нешто со неговата креација.You lost you edge girl.Or just generally lost it.(Ете ти и причина да го бришеш постов).

Чекај, чекај... првин покажуваш дека си го сфатил мојот пост буквално и површно, не си ја приметил намерата за саркастичен хумор (кој тебе може ти е чисто-бурлескен, али јеби га). Поради твојата површна детекција ми имплементираш туторска улога, а јас всушност само сакам да си другарувам со некои членови тука кои мислат дека играат во оро со ѓаволот (не покажувам со прст, само дискретно ги погледнувам). Да, развеселен сум, отвори си ги очите!
За потоа да ме претставиш како некој кој намерно е недоречен, мистериозен и нетијазнам што.
-Контрадикторно. Одлучи се каков сум!
Бројка,на твојот сарказам одговорив со сарказам.Ништо повеќе.Од болдираните,повеќе од јасен требаше да бидам дека мислам на второто.Штета што се изразувам така бурлескно,ама минионите го сакаат тоа нели?И зошто упорно целиов твој пост ми личи на себеоправдување?Или навистина си гениј кој на моменти се исклучува,па со Месијанскиот синдром во него се обидува на апстрактен начин да им долови поента на будали деца кои непромислено напишале два грама шит на форум и црвенееле цел ден од среќа.Или пак едноставно....не знаеш да разговараш како што треба.
Јас сум свесен дека има повеќе интелект од мене на другата страна.Ама јебига,некои од нас уживаат во орото со ѓаволот.


Можеби на нашиот малечок форумски Ла Веј треба да му се нацрта нешто, за да го разбере (од неговите форумски миниони не се ни очекува разбирање).
Добро, ќе се црта, ако треба.
Но како што кажа Франц Бардон (а и многу други): - за се' треба време.
Наскоро очекувам нова пратка време....
Долго време ми црташ пелин,Бројка.
I've grown to like you for it.
 
С

Сатори

Гостин
Погледнато од страна, интересен е фактот дека темата за самоубиство ја претварате во лична расправа која ни од далку не битна и продуктивна.
Можеби вашата наводна „супериорност“ треба да ги импресионира останатите, но на крајот од денот, сите вие горе наведени можете да си го свирнете куршумот кога секојдневието ќе стане премногу тешко.
Затоа, луѓенца, оладете малку, свртете се околу себе, можеби да го живеете животот наместо да ја бркате неговата „философија“ ќе биде попродуктивно.

А сега ајде, чекам да ми биде избришан постот бидејќи не е соодветен на темата и херархијата.
Мерси боку!:ahhh:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не бе, што ти е, какво бришење.
Постов ти владее.
 
Член од
5 април 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Читам и имсе чудам на некои од вас,а дури има и такви кои знат што конкретно треба да се прави во такви ситуации, као на пр.ThA-BiTcH.
Иако се слагам со првиот дел од текстот, а не тој со упатствата, па оваа не во случај на пожар. Ако наумил тој/таа да се самоубие тогаш никој нема да допре , освен со сила. А тоа прашај го ова , кажиму она само може да го одложи зацртаниот план, а ако случај но се убие после вие ќе си имата проблеми. Вашата потсвест има живи да ве изеде.
Додека она има ако сум во затвор , е исто што и мртов само полека умираш позади зидовите во просторија 2 со 2. А јапонците тоа што прават харакири(самоубиство) , го прават затоа што велат дека совек подобро да умре со барем малку чест што ја има , отколку бе неа. Според мене единствена причина да се самоубијам е ако знам дека некој иде со цел да ме убије а јас немам како да се заштитам. Подобро сам ке си го одземам животот отколку да паднам во рацете на некој што ке ме мачи , а потоа ќе ме убие, е тоа задоволство нема да го има. Во сите други случаеви не се давам , ми се живее некако, убаво ми е. Го сакамона што ми е даено од господа, а сакам и тој да си го земе. Ве молам немојте да се самоубивате , иако тоа е на вас да одлучите. :uvo: Има толку мн. ствари што не сте ги виделе и пробале во животот. Останете ми живи и здрави.:helou:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Самоубиството неможе да се гледа само од една страна.Ако го гледаш од страна на останатите ќе го осудиш,ако го гледаш од страна на жртвата ќе го разбереш.Ако се разгледа од аспект на осигурувањето најдобро се објаснува тезата дека самоубиството е чин во кој особата си го одзема својот живот како резултат на својата желба и во момент на психичка нестабилност.Со самото тоа што самоубиството може да се исплати како резултат на животното осигурување,осудата паѓа во вода.Значи постојат пишани правила во кој личноста има право да посегне по својот живот,во момент на безизлезна ситуација(според неа).Самоубиството според правилата кој важат не се исплаќа само во првата година,бидејќи се смета за намерен чин за стекнување корист за блиските,но после првата се исплаќа осигурената сума.Неможете да го осудите човекот кој решил да посегне по својот живот,од негови х причини,можете само да се обидете да го разберете,без разлика колку го познавате.
Додека сум на темава,ме интересира дали воопшто некој има доживеано самоубиство на свој близок(родител,фамилија)?
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Додека сум на темава,ме интересира дали воопшто некој има доживеано самоубиство на свој близок(родител,фамилија)?
Кога бев трето одделение, ни дојде ново детенце (не се сеќавам од кој град). Родителите му беа загинале во сообраќајка. И тој бил во возилото. За беља, на ликовно имавме тема сообраќајни несреќи. Наставничката по ликовно го посочи детенцето дека од него очекува најреален цртеж, зошто нели - бил директен учесник. Колку многу нетактично.
Што очекуваш Леандра, да ти се одговори на ова прашање, таман и да има некој што може да одговри?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Кога бев трето одделение, ни дојде ново детенце (не се сеќавам од кој град). Родителите му беа загинале во сообраќајка. И тој бил во возилото. За беља, на ликовно имавме тема сообраќајни несреќи. Наставничката по ликовно го посочи детенцето дека од него очекува најреален цртеж, зошто нели - бил директен учесник. Колку многу нетактично.
Што очекуваш Леандра, да ти се одговори на ова прашање, таман и да има некој што може да одговри?
Ќе одам оф топик.... кој и дал диплома за педагог нејзе бе, треба главата да и ја скршат, ако до сега не цркнала со бавна смрт.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Што очекуваш Леандра, да ти се одговори на ова прашање, таман и да има некој што може да одговри?
Зошто мислиш дека јас одговарам на темава?Зошто некои се маваат од земја да докажат дека самоубиството е неоправдано дури и за самата личност која го извршила?Зошто и личност која е зрела,која ја има доживеано ситуацијата не би можела да одговори на ова прашање најдобро од секој аспект?
Можеби очекувам малку подобро да се размисли пред да се одговори барем на вакви теми.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Кајгана е најмасовниот форум во Македонија. Најголемиот процент од форумот се деца, или млади луѓе, од 14-18 години. Токму заради таа масовност и старосната структура на членството, секој од нас, со малку повеќе години и искуство, сноси огромна одговорност за се’ што ќе напише или праша.
Сметам дека твоето прашање дали некој се самоубил по дома (пријател или фамилија) и какво е тоа искуство е во најмала рака неодговорно. Би било добро да ги следиш сопствените препораки:
Можеби очекувам малку подобро да се размисли пред да се одговори барем на вакви теми.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кајгана е најмасовниот форум во Македонија. Најголемиот процент од форумот се деца, или млади луѓе, од 14-18 години. Токму заради таа масовност и старосната структура на членството, секој од нас, со малку повеќе години и искуство, сноси огромна одговорност за се’ што ќе напише или праша.
Токму така.Бидејќи на темава претежно пишуваат над 18 би било добро,да не заземаат некој цврст став од едната страна,бидејќи на некој што има неубаво искуство,му создаваат болка.Или доколку заземаат да се обидат да ја разеберат и другата страна.

Сметам дека твоето прашање дали некој се самоубил по дома (пријател или фамилија) и какво е тоа искуство е во најмала рака неодговорно. Би било добро да ги следиш сопствените препораки:
Го повлекувам моето прашање,крајно непромислено од моја страна.Се извинувам доколку повредив некои чувства.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Кајгана е најмасовниот форум во Македонија. Најголемиот процент од форумот се деца, или млади луѓе, од 14-18 години. Токму заради таа масовност и старосната структура на членството, секој од нас, со малку повеќе години и искуство, сноси огромна одговорност за се’ што ќе напише или праша.
Сметам дека твоето прашање дали некој се самоубил по дома (пријател или фамилија) и какво е тоа искуство е во најмала рака неодговорно. Би било добро да ги следиш сопствените препораки:
Можеби формулацијата на прашањето на leandra беше несмасна и несоодветна, но сметам дека причината поради која го постави, односно поентата која сакаше да ја извлече од истото, е сосема на место.
Имено, многу лесно на темава се лепат површни, а често и крајно вулгарни, "етикети" за луѓето кои извршиле самоубиство. Што е прилично невкусно, во најмала рака, кога ќе се земе во предвид фактот дека најголемиот број такви мислења се напишани од 16 годишни деца кои од удобноста на своите домови, а и удобноста и леснотијата на своите млади и скромни со искуство животи, се ставаат во улога на судии и нарекуваат луѓе кои си го одземале животот, морони, плачипички, и сл. А, откако ќе го напишат тоа(претходно трошејќи дури 3 минути од времето за да го состават и напишат своето мислење), галантно си преоѓаат на некоја повесела тема во Играчница, не ставајќи ја осудата која ја изрекле, а и проблемот на самоубиство во глобала, ниту во позадината на својата свест.

Верувам дека од ситуациите кои погоре ги изнесов, leandra била испровоцирана да го постави прашањето. Многу нормална е нејзината реакција да праша дали воопшто некој имал доживеано самоубиство на своја блиска личност, кога повеќето, со крајна ноншалантност, некултура, а можам да речам дури и нечовечност, ги осудуваат самоубиците.

Алармантен е недостатокот на аналитичко размислување, а пред се на елементарна емпатија кај постовите за кои говорам(а, верувам дека и leandra мисли на истите). Токму затоа, ние како делумно постари имаме одговорност да посочиме на тоа. Затоа што, барем мене лично, ме плаши помислата на површна младина без тронка сочувство.

P.S
Немав интенција да и изигрувам дрвен адвокат на leandra. Се повикав и надоврзав на неа, затоа што сметам дека слични работи од темава ни ствараат негодување.
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
секогаш постојат глупи и будали никогаш не постоеле паметни и здрави,само тоа ни утеха дека постојат:smir:
 
Член од
2 мај 2008
Мислења
11
Поени од реакции
0
Samoubistvoto pretstavuva dosta cesta pojava vo denesnoto "normalno" opstestvo, se definira kako namerno odzemanje na sopstveniot zivot od najrazlicni motivi, postojat poveke pricini koi doveduvaat do toa edna licnost da posegne po sopstveniot zivot vo zavisnost od situacijata vo koja se naoga, od nejzinata psihicka sostojba, najcesti motivi se psihicka bolest, bezizlezna ekonomska sostojba, neizleciva bolest-liceto e svesno deka nema sansi da se izleci pa so samoubistvoto gi skratuva svoite maki, samozrtvuvanje, samoubistvo kako del od odreden religiski kult, pomegu mladite dominira samoubistvo pricineto od nevozvratena ljubov, raskinuvanje na vrskata so nekoja devojka/decko, jas nevedov samo nekoi od golemiot broj faktori koi se pricini za samoubistvoto, inaku samoubistvoto ne e "fenomen" na denesnicata, toa e pojava koja go prati covekot uste od odamna, taka samuraite za da ja zacuvaat svojata cest (da ne padnat vo racete na neprijatelot) izvrsuvale samoubistvo (seppuku), za vreme na Vtorata Svetska vojna karakteristicni bile kamikazite koi se samoubivale urivajki se so svojot avion (avionot go koristele kako proektil), megutoa denes osobeno me interesira samoubistveniot terorizam koj zazema siroki rameri, spored mene bombasi samoubijci se lica koi se teski fanatici, lica na koi im e "ispran" mozokot, lica koi slepo veruvaat deka kako rezultat na cinot koj sto ke go izvrsat ke gi uzivaat site pogodnosti na zadgrobniot zivot, dokolku postoi, na pocetokot se mislelo deka bombasite samoubijci se psihicki nestabilni licnosti, no podocno ispituvajki go profilot na bombasot-samoubiec bilo utvrdeno deka kako samoubijci se javuvaat i lica koi se dobro situirani, inteligentni, golem del od niv se so visoko obrazovanie, no poradi odredeni pricini (fanatizam) se odlucuvaat na toj cin.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom