2015 МОНАКО ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА

На квалификациите за Големата награда на Монако нов прв стартен ред за Мерцедес АМГ, со Луис Хамилтон на Пол позицијата. Позади нив како по обичај, Себастијан Ветел, во болидот на Ферари. Слабите перформанси на Кими Раиконен беа причина за најдобриот пласман на двата болиди на Ред Бул, со Рикиардо пред својот тимски колега на 4-тата т.е. 5-тата стартна позиција. Финецот на патека каде квалификаците се половина пласман на трката само со 6-тото најбрзо време. Серџо Перез изненади со добриот пласман, 7-та позиција, пред Саинц ЈР., Малдонадо и Ферстапен во топ 10 пласманот.
Q1 сесијата ја отворија болидите на Мерцедес АМГ. Нико Розберг забележа 6 десетинки побрзо време од својот тимски колега, кој не ризикуваше со многу излегувања на патеката со оглед на тоа што Q2 сесијата не беше доведена во прашање. Макс Ферстапен со третото најбрзо време.
Нико Хулкенберг со Форс Индија го имаше најголемиот инцидент во оваа сесија, кога изгуби контрола врз болидот во свиокот Mirabeau, и со задниот дел на болидот удри во бариерите. Целата случка заврши без поголеми последици по неговиот болид, и тој набргу се врати на патеката.
Во оваа прва сесија од квалификациите најинтересна е зоната за отпаѓање, во која беа Фелипе Наср со Заубер, Вилијамсот на Валтери Ботас, Маркус Ериксон со вториот болид на Заубер и на последните позиции болидите на Манор, Роберто Мери и Вил Стивенс. Изненадувачки за сите љубители на Ф1, Ботас не успеа да го подобри своето најбрзо време, па мораше да се задоволи само со 17-тата стартна позиција. Наср, исто така, не успеа да го подобри својот пласман над П16. Единствено, Вил Стивенс успеа да го претекне својот тимски колега, Мери за претпоследната позиција на гридот, зад Маркус Ериксон.
Првата жртва на Q2 беше Фернандо Алонсо. Неговиот болид запре кај свиокот Sainte Devote, што значеше и крај на квалификациите за Шпанецот. Болидот беше брзо изнесен зад бариерите и сесијата продолжи непречено. Нико Розберг повторно го имаше најбрзото време, пред Ветел и Хамилтон.
Во финалните моменти од Q2, во зоната за отпаѓање беа Рикиардо на П11, Батон, Маса и Хулкенберг. За Алонсо остана резервирана 15-та стартна позиција. Рикиардо не дозволи изненадување, го подобри своето најбрзо време, за седмото место на табелата, што го исфли Лотусот на Грожан на П11. Зад Французинот, на П12, остана Џенсон Батон, но тимското радио покажа колку Британецот беше разочаран од тоа и дека жолтите знамиња по грешката на Розберг, му го одзеле пласманот во најбрзите 10 болиди. Британецот рече дека резултатот "боли", бидејќи пласманот во Q3 бил лесно остварлив. Хулкенберг, пак, скокна пред Маса на П13.
Пред почетокот на Q3 на патеката се појавија неколку капки од дожд, па возачите се наредија во колона за што побрзо да излезат на патеката. Повторно први беа болидите на Сребрените стрели, со Хамилтон пред Розберг. Британецот забележа време од 1:15.304, за кое Розберг немаше одговор. Ветел го имаше третото најбрзо време, далеку зад Хамилтон. Следуваа Рикиардо, Квјат, Перез, Фестапен, Саинц ЈР., Раиконен, кој повторно имаше блиска средба со бариерите, и Малдонадо.
Следуваше нова рунда на брзи кругови и повторно Нико Розберг не успеа да забележи побрзо време од својот тимски колега. Причина за тоа беше блокирањето на предното десно тркало во првиот свиок, нешто кое му се повтори неколку пати во текот на викендот. Неговиот круг со тоа беше предвремено завршен, а Хамилтон го подобри своето време на 1:15.098.
Со најбрзо време од останатите болиди, Себастијан Ветел, возачот на Ферари. Исто така, и тој со блокирање на тркалата во првиот свиок. Даниел Рикиардо и Дањил Квјат ги задржаа своите претходни позиции. Кими Раиконен на крај заврши со 6-тото најбрзо време, пред Серџо Перез, кој немаше останато гуми за да направи втор брз круг. Карлос Саинц ЈР. напредуваше на одличната за него осма стартна позиција, пред Малдонадо и Ферстапен на последниот стартен ред од најбрзите 10 болиди.
Добитната позиција за Победа на утрешната трка ја има Луис Хамилтон, а стартот е закажан за 14:00 MK. Трката се состои од долги 78 круга и се е возможно доколку во игра се замешаат временските услови и безбедносното возило. Во сите останати варијанти ќе гледаме сигурна Победа на Мерцедес АМГ.
КОМПЛЕТНИ РЕЗУЛТАТИ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ