Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.923
Поени од реакции
41.895
Слабо со проблемите. До толку ли и е убаво или чекаат да заврши школската година :unsure:
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.163
Поени од реакции
6.040
Слабо со проблемите. До толку ли и е убаво или чекаат да заврши школската година :unsure:
Сега скоро пројде Велигден, така да сите се уште заљубени. Кога ќе помине заљубеноста, тогаш ќе почнат проблемите.
 
Член од
4 мај 2015
Мислења
3
Поени од реакции
18
mako so gledam nikoj nema kazano nesto kako da gu vrnam, drugo niso ne mi interesira
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
1.016
Поени од реакции
874
Сеирџииве на темава ќе умрат од досада пошо немаат работа. Јас предлагам да прогласат стечај.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.199
Не е љубовен проблем, ама ајде ќе го пишам тука.

Ја знам уште кога беше мала и се мочаше во гаќи. Порасна покрај мене.. Бидејќи нема брат, од секогаш ме сметала мене како нејзин брат. Од секогаш сум бил заштитник према неа, па татко и, до пред некоја година не ја пушташе навечер да излегува без мене или да остане до покасно без мое присуство. Јас сум ја враќал дома, сум бил одговорен за неа и сум знаел се за неа. Не само што ме гледала како брат, него и како добар другар. Од секогаш со мене ги делела своите тајни, барала совети од мене, сме разговарале на различни теми по цели ноќи, сме слушале заедно музика, гледале филмови, серии, играле игри и што ли уште не. Сум минел часови со неа учејќи ја на некој работи, спремајќи ја за во школо по некој предмети, а и она ми помагала во врска со материјалот на факултет што сум го учел, не на начин да ме учи, него беше заинтересирана за него да го научи она самата, па ме тераше и мене да го научам, за да можам да и го објаснам неа.

Во меѓувреме, она порасна и стана права дама.. За разлика од поголемиот број, девојки на нејзина возраст, она е поинаква, со црврсто изградени ставови, со истенчен музички, филмски вкус, со беспрекорен став, одлично размислување за сите сфери во животот. Со огромен потенцијал за напредок во неколку области кој го троши за запознавање на нови нешта и надградување на самата себе. Во главно, една од ретките особи кои сум ги сретнал што имаат таков карактер.

Тој нејзин карактер не отстапува ни кога се во прашање момците.. Иако многу момци се интересирале за неа, таа воопшто не им придаваше значење на истите и воопшто не трчаше по локални мангупчиња со коли и мотори, него имаше јасна претстава каков дечко посакува. И го најде! Со него е скоро 2 години, и он е истиот како неа, ни помалку ни повеќе. Совршено си одговараат и многу сум среќен што е заљубена во него.

За него имам високо мислење исто како и за неа, и баш сме во добри односи, плус и ми е колега, иако е неколку години помлад од мене, па јас бев тој и што го упати во факултетските води.

Пред околу месец дена, се будам едно утро и гледам неколку испуштени повици и порака, стигната во касни часови:
" Те молам дојди колку можеш побрзо. Се скаравме".
Штета што пораката ја видов тек другиот ден. И се јавив одма, ми рече дека сега се е океј, имале жестока расправија (чудно, оти многу ретко се караат), и за малку ќе раскинеле, но сепак се смириле и се е океј. Отидов кај неа, разговаравме подетално околу сето тоа, и се беше океј.

Од тогаш се видовме и слушнавме уште неколку пати, но се имав некое чуство како да ме избегнува и како јас да сум тој што се ја бара неа.. Па малку оладив, а и обврските си го направија своето, па немав некое слободно време, па така се немавме видено веќе неколку недели, а и она беше на одмор со него, неколку дена. За околностите да бидат по сумљиви, ни дечко и го немам сретнато во последно време.

Вчера славеше матурска. Не ме покани. А јас и купив и поклон и очекував да бидам повикан.. Не знам зошто така се решила, но нејзината постапка стварно ме разочара...
:unsure:
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Не е љубовен ама некако ќе излезе на љубовен:).
Ја сакаш лепи кажи си ајде:)

Си ја израснал од крцкалче до дама. Не е ова за џабе.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.199
Не е љубовен ама некако ќе излезе на љубовен:).
Ја сакаш лепи кажи си ајде:)

Си ја израснал од крцкалче до дама. Не е ова за џабе.
Си израснал преубав цвет за друг да ти го скине.
Се слагам, не е љубовен проблемот, ботаничарски е.
Далеку од таква љубов за каква вие мислите. Ја гледам како сестра. Плус во врска сум веќе некое време. Но не е тоа битно, битното што ме мачи е зошто не ме покани на матурска.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.923
Поени од реакции
41.895
Далеку од таква љубов за каква вие мислите. Ја гледам како сестра. Плус во врска сум веќе некое време. Но не е тоа битно, битното што ме мачи е зошто не ме покани на матурска.
Однеси и го подарокот и кажи и "не ме повика на матура, ама јас сепак ти купив подарок"
Да и ја видиш реакцијата.:D
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.199
Однеси и го подарокот и кажи и "не ме повика на матура, ама јас сепак ти купив подарок"
Да и ја видиш реакцијата.:D
The evil me ми го "вика" баш тоа да го направам.. :gjavol:
Но морам да ви напоменам уште една работа која ме става во недоумица.

До сега со него се имаат закарано 2 пати. Последниот пат, за кој пишав погоре, се испокараа на роденденска забава на нејзина другарка бидејќи, она, била облечена превише атрактивно (нормално, тесно фустанче, до над колена, без деколте, ништо посебно од она што денес се носи) за него!

Додека, првиот пат, се караа затоа што он дознал дека симпатија во основно и бил негов "непријател", и дека двапати била излезена со него на сладолед иако ништо се немаше десено меѓу нив.

Иако он не ми делувал никогаш како некоја посесивно љубоморна личност, изгледа ќе испадне дека е и повеќе од тоа. Па претпоставувам дека може тоа да има некоја врска со матурата...
Ако е така, верувам дека у скоро време ќе ми се јави она и ќе ми објасни се.

Иначе.. според мене, он има ниска самодоверба оти она е многу поубава од него и се плаши некој да не му ја земе, иако тапчото не сваќа дека нејзе не и е битен изгледот.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Иначе.. според мене, он има ниска самодоверба оти она е многу поубава од него и се плаши некој да не му ја земе, иако тапчото не сваќа дека нејзе не и е битен изгледот.
Или може причината е дека имаат по едвај 18 год и не знаат за што друго да се караат.

Ти штом си повозрасен, а и штом ја сметаш за сестра, не треба да изиграваш дека си ти детето, зашто она е детето и ваљда треба да ја прашаш сам што е работата. Ради која причина те игнорира, т.е запоставува. Мислам, ако тоа те замара дотолку за толкав пост да пишеш. Како инаку мислиш да дознаеш зашто го прави тоа. Или пак да почекаш сама да ти објасни што и како.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.904
Поени од реакции
6.199
Или може причината е дека имаат по едвај 18 год и не знаат за што друго да се караат.

Ти штом си повозрасен, а и штом ја сметаш за сестра, не треба да изиграваш дека си ти детето, зашто она е детето и ваљда треба да ја прашаш сам што е работата. Ради која причина те игнорира, т.е запоставува. Мислам, ако тоа те замара дотолку за толкав пост да пишеш. Како инаку мислиш да дознаеш зашто го прави тоа. Или пак да почекаш сама да ти објасни што и како.
Да си ти во мојата ситуација би и отишла на врата и би и го плеснала у лице: " Шо изиграваш ти? Оти не ме викна на матурска? "
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Да си ти во мојата ситуација би и отишла на врата и би и го плеснала у лице: " Шо изиграваш ти? Оти не ме викна на матурска? "
На човек со кого сум поминувала толку време и ко брат го гледам, да.
Освен ако не ја гледаш поинаку, па да си правиш комбинации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom