Фан Клуб: Јувентус

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.032
Поени од реакции
6.054
Алегри пак излезе прв, ваљда играчите да бидат само тие за кои ќе биде аплаузот и радувањето.
Некој го спомна ова пред неколку недели/месеци, сеа пак, на можеби и најважниот меч на Алегри.[DOUBLEPOST=1431555852][/DOUBLEPOST]
daj na youtube najdimija pesnava
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Најмногу ми е драго за човеков, срцето ми се исполни! ГОРДОСТ! :cuc::cuc:

Да, супер е што има уште една шанса во кариерата да освои ЛШ.
А се надевам и златна топка.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.129
Поени од реакции
18.062
Како и после секој натпревар исполнет со нервози, излегувам од дома за да не полудам. Да ме фати малку воздух, после со ладна глава да погледнам на работите.

Значи како прво уверен бев дека Реал нема капацитет да ни даде гол од игра. Не дека се браневме којзнае колку добро (иако подобро против ваков напад тешко и да може) ама играчите на Реал само создаваа шанси, а многу лошо ги реализираа. Шутот им беше очај, финалните пасови за никаде. Затоа ми го испука филмот Киелини со направениот пенал и уште ме држи лутината. Не за друго, тоа му е 4та голема грешка во Европа овие сезони. Не бива тоа така. Одлично игра во одбрана, исфрла ненормално голем број на топки, ама прави големи глупости. Не знам што да кажам, ама во финалето не смее ни под разно да помисли на такво нешто.

Друга работа :cuc: за Видал и Мората. Посебно првиов, се растури низ целиот терен. Гонеше, газеше, пресекуваше топки од сите страни. Мората пак од друга страна беше единствениот што го задржа нивото од првиот натпревар. За разлика од него Тевез одигра многу полошо, а истото важи и за Пирло. Маркизио си беше класика, а истото важи и за Лихштајнер и Евра. Погба реално одигра лошо, ама се извади со добиениот воздушен дуел кој придонесе за голот. Дури после тоа и играта му се подобри. Буфон мајсторот, секогаш на висината на задачата. Шутот со глава на Бензема во голот го видов, а он жива го фати.

Сега за финалето. Не знам како и со што, но мора да го освоиме првото место во натпреварувањево. Не сакам уште еден пораз во финале. Иако овие Барса нездраво се квалитетни. Нејмар, Суарез и Меси буквално газат, нападот на Реал во споредба со нив изгледа смешно. Алегри треба да седне и да го изгледа финалото Шпанија-Италија од 2012 за да сфати како не треба да се игра против технички многу поквалитетен тим. Реално мали ни се шансите, Барса е огромен фаворит но во еден натпревар со правилен пристап и со многу концентрација и трчање се е можно. Буквално се.
 
Ко видов колкав е постот, јас си реков ќе почниш и сега да плукаш.

Во врска со барса. Не ги величи само тие тројца. Тука е и Ракитич кој со тек на време станѕва ѕвер ама и Инјеста кој по мала криза ми се чини заличува на онај стариот.
Она шо е слаба точка на барса е одбраната и кај да е ќе кикснат. Со трпелива игра можи да се очекува на кикс. Мислам дека премногу почнуваат да се потпираат на индовидуалци и тука ја гледам нашата шанса. Луис енрике беше можеби најлошиот од сите тренери во полуфиналето. Вервам дека макс ќе скрои нешто и за нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom