Како и после секој натпревар исполнет со нервози, излегувам од дома за да не полудам. Да ме фати малку воздух, после со ладна глава да погледнам на работите.
Значи како прво уверен бев дека Реал нема капацитет да ни даде гол од игра. Не дека се браневме којзнае колку добро (иако подобро против ваков напад тешко и да може) ама играчите на Реал само создаваа шанси, а многу лошо ги реализираа. Шутот им беше очај, финалните пасови за никаде. Затоа ми го испука филмот Киелини со направениот пенал и уште ме држи лутината. Не за друго, тоа му е 4та голема грешка во Европа овие сезони. Не бива тоа така. Одлично игра во одбрана, исфрла ненормално голем број на топки, ама прави големи глупости. Не знам што да кажам, ама во финалето не смее ни под разно да помисли на такво нешто.
Друга работа
за Видал и Мората. Посебно првиов, се растури низ целиот терен. Гонеше, газеше, пресекуваше топки од сите страни. Мората пак од друга страна беше единствениот што го задржа нивото од првиот натпревар. За разлика од него Тевез одигра многу полошо, а истото важи и за Пирло. Маркизио си беше класика, а истото важи и за Лихштајнер и Евра. Погба реално одигра лошо, ама се извади со добиениот воздушен дуел кој придонесе за голот. Дури после тоа и играта му се подобри. Буфон мајсторот, секогаш на висината на задачата. Шутот со глава на Бензема во голот го видов, а он жива го фати.
Сега за финалето. Не знам како и со што, но мора да го освоиме првото место во натпреварувањево. Не сакам уште еден пораз во финале. Иако овие Барса нездраво се квалитетни. Нејмар, Суарез и Меси буквално газат, нападот на Реал во споредба со нив изгледа смешно. Алегри треба да седне и да го изгледа финалото Шпанија-Италија од 2012 за да сфати како не треба да се игра против технички многу поквалитетен тим. Реално мали ни се шансите, Барса е огромен фаворит но во еден натпревар со правилен пристап и со многу концентрација и трчање се е можно. Буквално се.