concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
ова е веќе добра идеа, тоа би значело дека големите серверите треба да се селат во подрумите на стамбени и други објекти на кои им треба греења, па во зима би го продавале поевтино и сите би биле среќни. За рециклирање пак на топлината во ел.енергија или во ладење да не одиме од одма...интересно како куриозитет:
http://enauka.mk/vesti/tehnologija/item/1750-besplatno-greenje-so-e-radijator#.VUdZMmU6DcM.facebook
Бесплатно греење со е-радијатор
Револуционерен нов дизајн на радијатор нуди можност за бесплатно греење. Се работи за е-радијатор кој е всушност компјутерски сервер модифициран за топлината која ја генерира да може да затопли една просторија во куќата.
Така, компјутерскиот сервер има двојна функција - компјутерските фирми добиваат бесплатен простор за нивниот сервер, наместо да користат големи центри за податоци, а топлината што се генерира при нивната работа може да загрее една соба.
„Ние всушност повторно ја користиме енергијата која ја користи серверот, па на фирмите нема да им биде потребна дополнителна енергија за да ги оладат серверите, а придобивката на луѓето е јасна и едноставна. И двете страни имаат корист“, вели Боаз Лепе, извршен директор на холандската компанија „Nerdalize“ која го изработила радијаторот.
Идејата потекнала кога, откако термостатот се расипал, еден вработен во компанијата застанал над својот лап-топ за да се згрее. Компанијата веќе поставила 5 е-радијатори во 5 куќи во Њупорт, Белгија. Секој уред ќе биде надгледуван за да се види дали произведува доволно топлина. Од компанијата се надеваат дека, иако комерцијалниот сервер на ѕидот можеби нема да биде по сечиј вкус, идејата за бесплатно греење ќе ги привлече луѓето.
Дефинитивно рециклирањето е спас за светот..во сите домени.