ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Теоријата дека ова е намерно сценарио предизвикано од владеачкава гарнитура за да се дефукусира јавноста и да се намали притисокот од протестите во Скопје некако не можам да ја сварам никако.
Мислам дека протестите ниту беа толку масовни колку што се мислеше дека ќе бидат, ниту пак реална закана за промена на власта.
На сите им беше јасно дека после првиот ден, наредните денови ќе губеа на интензитет за онаму кај Јуни кога ќе почнат да се полнат грчките плажи со загрижени Македонци дури и најупорните кучиња скитници да ја променат локацијата за да си побараат парче леб на друго место.
Евентуално некаква нова информација околу Смиљковско Езеро би можела да го иритира народот, но пак мислам дека тоа е многу далеку од нешто да се постигне за да се промени оваа авторитарна власт.
Мислам дека и самиот Заев не верува дека ќе успеа да го смени Грујо со мирни протести пред собрание.

Втората теорија околу гасоводот каде што Заев е амерички играч, додека Грујо е руски и зад цело ова сценарио стои Пентагон е повеќе веројатно од оваа првата.
За САД ова не е нешто ново бидејќи веќе уништи неколку режими како тој во Египет, Либија каде што со платеници кои предизвикуваат насилство за време на демонстрации и протести и вршат буквално пуч на режими слични како овој на Грујо и на местото од врхушката поставуваат нивни играч.
Ако е ова дел од слично сценарио тогаш останува дилемата зошто не се вмеша Русија која што си има своја добра служба за контраразузнување и им даде сигнал на Пентагон дека така нема лесно да поминат. (освен оваа акција ако не се есапи за таква)

Втора работа што не оди во прилог на оваа теорија е зошто би било потребно такво нешто каде што имаш про ЕУ влада (читај про САД) која е лесно подмитлива и неопходно е таква сложена операција како набавување на материјали за прислушкување, купување на опозиционен лидер кој нема никаков рејтинг кај граѓаните, па после купување на терористичка група и операција која што навистина е ризична за да се ископромитира држава како САД.
Зарем не би било полесно да се јави шефот кај Миле и да му текни дека не е убаво тука да помине еден куп железо оти ќе има измени во ДУП-от и чичко Сем сит и ВМРО.

Третата теорија како дека ова е дело на незадоволните Албанци од ОНА за статустот во оваа држава е рамна на теоријата за перпетум мобилето на Војо Ушевски.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.091
Поени од реакции
30.840
Некој се сеќава на војната 2001 година?
Афера ГОЛЕМО УВО со наводно прислушкување, демонстрации од СДСМ и барање за техничка влада, УЧК нападна, дојде техничката влада и си дојде СДСМ повторно на власт и веднаш коалицираше со амнестираните од УЧК/АНА/ОНА итн .
Those who cannot remember the past are condemned to repeat it.
George Santayana
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.616
Поени од реакции
31.821
Прегледај го приврзокот 120950 Господ ни пресудил да се влечкаме со оркиве цел живот.........
Oва е страната која под хитно треба да се скини, па макар и присилно под закрила на МВР. Не знам јас кој тоа дебил објавува и ја води, но толку неточни информации изнатреси во изминативе денови, што секако кај дел од народот влева страв, разочарување и уште триста грди чувства и емоции. Воедно пишува дека некој му ги праќал во порака информациите. Еве да речеме и да се спроведува акција, хипотетички, нели е некогаш подобро со чутената да се решат в корен некои работи него да галамиме нон стоп по истите? Јас му акнав вчера репорт, ама џабе..
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10152881464717143&set=a.10151108553457143.430198.698962142&type=1&permPage=1
ги гледам сликиве и многу ми се чудни, дали ова се припадници на нашите безбедносни сили, голем дел од униформите изветени и без значки, тој на кровот без никаква заштита, на една слика каде се повеќе луѓе еден од нив преку 50 години и на глава место шлем обична капа
Гледам го изменил мислењето, прво пишал дека не се наши, сега вика наши се. И ајс прашувам како без ознаки?

http://forum.kajgana.com/threads/ОБНОВЕНО-По-нападот-во-Гошинце-пукање-во-Куманово.78009/page-184#post-7243218
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.091
Поени од реакции
6.731
Oва е страната која под хитно треба да се скини, па макар и присилно под закрила на МВР. Не знам јас кој тоа дебил објавува и ја води, но толку неточни информации изнатреси во изминативе денови, што секако кај дел од народот влева страв, разочарување и уште триста грди чувства и емоции. Воедно пишува дека некој му ги праќал во порака информациите. Еве да речеме и да се спроведува акција, хипотетички, нели е некогаш подобро со чутената да се решат в корен некои работи него да галамиме нон стоп по истите? Јас му акнав вчера репорт, ама џабе..
http://dnevnik.hr/vijesti/svijet/bih-i-makedonija-su-pocetak-islamske-drzave-na-balkanu---384579.html?r=jutarnji
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.274
Поени од реакции
5.333
Се огласија родителите на Мирсад Ндрецај - НАТО

Мајката вели дека 3 месеци го нема видено синот, а веќе 2 недели воопшто не знае каде се наоѓа.
Таткото вели дека не би се чудел ако бил во Куманово, пошто он од 16 години војувал на Косово, а потоа и во Македонија во 2001, не верува дека војува за пари, туку за правата на албанците.

Се огласи и Хасан Беќа од Косово, пријател на Сами Укшини-Соколи од 2001ва

Хасан Беќа брат на косовскиот пратеник од партијата на Тачи, се закани дека ова што се случи е само симболика и предупредување за да се потсети славо-шовинистичкиот режим од Скопје дека треба да прекине со анти-албанските стратегии.
На албанците им се загрозени основните права, во вакви услови не остана друг пат освен вооруженото спротивставување за да се остварат основните права за рамноправен живот во Македонија. (набрзина преведено)
http://botasot.info/lajme/403620/kercenon-vellau-i-deputetit-te-pdk-se/
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.091
Поени од реакции
30.840
Теоријата дека ова е намерно сценарио предизвикано од владеачкава гарнитура за да се дефукусира јавноста и да се намали притисокот од протестите во Скопје некако не можам да ја сварам никако.
Мислам дека протестите ниту беа толку масовни колку што се мислеше дека ќе бидат, ниту пак реална закана за промена на власта.
На сите им беше јасно дека после првиот ден, наредните денови ќе губеа на интензитет за онаму кај Јуни кога ќе почнат да се полнат грчките плажи со загрижени Македонци дури и најупорните кучиња скитници да ја променат локацијата за да си побараат парче леб на друго место.
Евентуално некаква нова информација околу Смиљковско Езеро би можела да го иритира народот, но пак мислам дека тоа е многу далеку од нешто да се постигне за да се промени оваа авторитарна власт.
Мислам дека и самиот Заев не верува дека ќе успеа да го смени Грујо со мирни протести пред собрание.

Втората теорија околу гасоводот каде што Заев е амерички играч, додека Грујо е руски и зад цело ова сценарио стои Пентагон е повеќе веројатно од оваа првата.
За САД ова не е нешто ново бидејќи веќе уништи неколку режими како тој во Египет, Либија каде што со платеници кои предизвикуваат насилство за време на демонстрации и протести и вршат буквално пуч на режими слични како овој на Грујо и на местото од врхушката поставуваат нивни играч.
Ако е ова дел од слично сценарио тогаш останува дилемата зошто не се вмеша Русија која што си има своја добра служба за контраразузнување и им даде сигнал на Пентагон дека така нема лесно да поминат. (освен оваа акција ако не се есапи за таква)

Втора работа што не оди во прилог на оваа теорија е зошто би било потребно такво нешто каде што имаш про ЕУ влада (читај про САД) која е лесно подмитлива и неопходно е таква сложена операција како набавување на материјали за прислушкување, купување на опозиционен лидер кој нема никаков рејтинг кај граѓаните, па после купување на терористичка група и операција која што навистина е ризична за да се ископромитира држава како САД.
Зарем не би било полесно да се јави шефот кај Миле и да му текни дека не е убаво тука да помине еден куп железо оти ќе има измени во ДУП-от и чичко Сем сит и ВМРО.

Третата теорија како дека ова е дело на незадоволните Албанци од ОНА за статустот во оваа држава е рамна на теоријата за перпетум мобилето на Војо Ушевски.
Втората работа (од втората теорија), претпоставува дека другата страна (онаа руската) воопшто не е активна (и дека можеби на некој начин не ги стиска јајцата на „шефот“). Just sayin’... ;)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.763
Поени од реакции
26.327
Еве почна процедурата за метаморфоза на терористите во угнетени и загрозени видови.

БЕСА: Потребно повеќе информации за состојбата на цивилите
Движењето БЕСА смета дека институциите не дале доволно информации за состојбата на цивилите во Куманово. Поради тоа, бара од МВР да излезе со официјални информации каква е состојбата на цивилното население во кумановската Дива населба.

„Од партнерите ВМРО-ДМНЕ и ДУИ бараме да се изјаснат дали меѓу убиените има и убиени цивили Албанци? И второ, што се случува со уапсените? Дали меѓу нив има и цивили Албанци, бидејќи според старата традиција на делување на МВР, тие можат да бидат обвинети во монтирани процеси во име на наводно злосторничко здружување“, се вели во реакцијата на БЕСА. „Ние сме многу заинтересирани да не ни се повтори историјата на такви монтирани случаи, затоа бараме многу брзо да се направи јасна и праведна дистинкција кој бил цивил, а кој учесник во оружената акција“, наведувата од движењето.

Од БЕСА ги повикуваат хуманитарните организации што побрзо да се организираат и на населението во кумановската населба да му обезбедат помош за што побрзо враќање во нормален живот.

„Исто така од меѓународната заедница бараме да помогне во следење на состојбата на уапсените, во проценка на штетите од оружените дејствија и во покренувањето праведен меѓународен процес за истражување на случајот во Куманово, да бидат откриени нарачателите на акцијата и нивните мотиви“, наведуваат од БЕСА.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
не верува дека војува за пари, туку за правата на албанците.

На албанците им се загрозени основните права, во вакви услови не остана друг пат освен вооруженото спротивставување за да се остварат основните права за рамноправен живот во Македонија. (набрзина преведено)
:pos:
Основните права им биле загрозени човече...
Моментот ко ќе истрескаш некоја лајнурија на која само ти самиот ѝ веруваш. :facepalm: (не мислам лично на тебе)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.274
Поени од реакции
5.333
:pos:
Основните права им биле загрозени човече...
Моментот ко ќе истрескаш некоја лајнурија на која само ти самиот ѝ веруваш. :facepalm: (не мислам лично на тебе)
Да бидеме реални и 14 години после војната не се дојде до целосна рамноправност, остана нешто кај употребата на јазикот и правото на раководење (никој не ги прашува албанците за ништо) , а особено во економскиот аспект, но за овие работи е глупаво да се војува, пошто разликата не е толку голема како во 2001, тоа би се решило внатре во институциите, само да не беа овие корумпирани политичари, кои намерно држат отворени теми за да кренат рејтинг еден на друг.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.946

Чекај сега, овие војуваа за да им помогнат на корумпираните политичари да се задржат на власт или за да ги тргнат од власт?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.091
Поени од реакции
30.840
Хасан Беќа брат на косовскиот пратеник од партијата на Тачи, се закани дека ова што се случи е само симболика и предупредување за да се потсети славо-шовинистичкиот режим од Скопје дека треба да прекине со анти-албанските стратегии.
На албанците им се загрозени основните права, во вакви услови не остана друг пат освен вооруженото спротивставување за да се остварат основните права за рамноправен живот во Македонија. (набрзина преведено)
http://botasot.info/lajme/403620/kercenon-vellau-i-deputetit-te-pdk-se/
Му благодарам на Хасан Беќа, за мошне убедливото образложување на моето излагање каде објаснив дека институцијално решение за „етничкото прашање“ во Македонија е невозможно - се до целосното справување со факторот на албанската мафија во регионов.

Можеме ние да донесеме и нов рамковен договор, со кој би се увела конфедерација, Македонскиот јазик би се укинал како службен јазик, и рамковниот процент на учеството на Албанците во институциите би се зголемил на 80+%... Но какви и права да даде Македонија, пак и пак ќе има претставници на албанската мафија кои ќе прават зулуми, или ќе одработуваат за потребите на САД, и за тоа ќе им биде плаќано во пари, и имоти и „права“ во Македонија.

Конеченото решение мора да ги иволвира следните елементи:
- Собирање на целото нелегално оружје во Македонија, прво преку можност за доброволно предавање на истото, а потоа и преку акции на присилно собирање.
- Многу поефикасно обезбедување на границата.
- Опремување на полицијата и војската со поефикасно и современо оружје, и современи воени средства и обуки за истите.
- Бескомпромисно справување со предавниците, поефикасни и транспарентни внатрешни истраги.
- Бескомпромисно справување со терористите.

Потребни се и реформи во правниот и казнениот систем, дел од што би било:
- Воведување на смртна казна.
- Воведување на работни кампови за тешка робија
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Градоначалникот на Куманово само што кажа на Топ Тема дека уште пред 10 дена граѓани на куманово го носеле и му покажувале каде се криеле терористите, а уште пред тоа стигале информации дека се движат униформирани лица низ тој предел. Типов вика дека све пренел на надлежните, и џабе.

Мислам дека сега стварно е време да прекинете да го потите курот со руски гас и амерички илуминатски агенди.
По јасно од ова, амин.[DOUBLEPOST=1431373109][/DOUBLEPOST]ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО: Десет дена пред пукањето цело Куманово знаеше дека има дојдено група од 50 терористи, дури јас бев до една од куќите кои потоа беа упоришта и беа разрушени во Диво Маало, народот се жалеше дека се трупа оружје и муниција, МВР ништо не направи!
Само Саше политико обајвил ама кој да го прочита.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom