ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Ќе објасни ли некој зошто мвр го пушта тоа компромитирачко видео во јавност? каква корист од тоа, освен да се подгреват дополнително страстите и да се пцуе народ во коментари..
А умираш од желба да видиш и други материјали.
Во право си, треба да си ги сакаме терористите.
А народов наш ќе си се пцуе со и без вакви видеа.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Се криеле е подруми цивилите, па ќе се кријат кога никој од нив не ги пријавил...како бе не ги виделе 30 луѓе, не се сомневале у нешто, дошле на втори мај да прават скара ?
Кој им изнајмил куќите и тој да се фати за помагање на тероризам.
Ете на вести кажаа дека некој им овозможил да се засолнат кај него.Најверојатно тука поголема фамилија живеела,бидејќи биле 4 куќи а само еден влез.За 5000евра го дозволил тоа.На крај и тој пукал кон полицијата и сега ќе го јаде немиен.

Дознав дека овие учките биле "малце" издрогирани.Првите тројца специјалци кои што погинале,погинале одма од старт на операцијата.Откако првиот го убиле,другите двајца отишле да го извлечат првиот починат(не знам кој е од нив двајца),ама тоа било кобно за нив.
Учките биле спремни и ептен наоружани.Имале и тунели,што значи оваа акција тие ја спремале подолго време а не како што велат пред некој ден.Или пак можеби тие овдешните имаат спремено пред време којзнае.

Последни останале командантите кои пружиле највеќе отпор,а биле пикнати на 4 спрат.Тука се здобиле со прострелни рани доста од специјалците.
Само не знам зашто не ги убиле,ако тие пред тоа пукале а не пишман аџии се направиле па ги оставиле да се предадат.
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
Абе пак во право си ама да не ја тераме сега дискусијата општо.

Јас исто земам во предвид дека не се само врскаџии и партиски портери во партиите, знам дека има навистина и асални кадри. Кај нас е така сиромашно што тоа ги тера луѓето по секоја цена да се држат за корката леб која им ја фрлат функционериве и за нив се спремни да замижат пред сиот криминал, заговори, предавства затоа што како народ имаме МНОГУ НИСКИ ОЧЕКУВАЊА.

Затоа никој не се осудува да помисли во поширока смисла надвор од партискиот калап. Кога ќе се ослободиме од овие стеги и ќе почнеме да веруваме во себе и ќе се гледаме со почит тогаш ќе ги подигнеме и стандардите кон нашите политичари.
А ќе знаеме и да ја процениме ситуацијата како оваа која сите колективно не загрозува и ќе можеме лесно да се прегрупираме и збиеме редови.

Срамоте е луѓе една шака терористи да не фрла на земја, а ние да се пењавиме цитирајќи про-владини версус про-опозициони вести.

"Opozicijata so protestite ovozmozi da vlezat teroristite vo Makedonija, Vlasta gi potplati teroristite da go odvlecat vnimanieto od kriminalot na Gruevski ."

Kazi mi kakvi i kolku moroni ima vo ovoj narod vakvi raboti da mu se liferuvaat ?
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
МОЖЕБИ ИМАЛО ЛУЃЕ КОИ ШТО КАЖАЛЕ ДЕКА ИМА СОМНИТЕЛНИ ЛИЦА, АМА ТОА ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ НЕ МОЖЕЛО ДА ИЗЛЕЗЕ ВО ЈАВНОСТ !!!

Дај преку курот веќе со муабетите кај биле луѓето да кажат дека имало сомнителни ликови...
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.292
Поени од реакции
5.354
Не лжи у тј дел што га има на видео нема Македонци има Роми у сокачиња десно 200 метра погоре тија што су ги прибрале и сви около треба да се проверив и иселив ја давам главу дека су знале сви дека говеда су туј и су ги криле и помагале.
Самата власт вели дека 8 месеци групата била следена, а лидерот на опозицијата вели дека година и осум месеци биле следени.
И сега некој ќе ме убеди дека тие влегле во град а полицијата не знаела, чекале од граѓаните да пријават, а од кај знаеш ти дека не пријавиле? Јас ти викам дека во близина има и македонци, ти викаш имало и роми, ја викам можеби има и полицајци.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Читам теории и не можам да поверувам, руси, америкаци и што не.
Барем за американците имаме докази како работат, суптилно и шарматно (пример уривањето на авионот на трајковски). Ќе играат на картата етнички немири, од каде вакви информации ? од експертите платени од буџетот.
Па ако е за гасоводот, прво ќе дојде во посета некое високо лице од Стејт департментот и ќе не ишамара со убава дипломатска порака (и тоа уште пред 1 година), а не да ни праќаат трет ешалон задолжен за југоисточна европа и да ни каже дека треба владата да си поднесе оставка после скандалите.
Американците не се како нас, кој дојде на власт своја политика, се знае таму за надворешната политика има десетолетка направено и се тера таа агенда, без разлика на човекот.
Знаат тие дека имаме ние теории за нив и затоа повеќе не играат на таа карта, ако треба ќе направат случајна несреќа и ќе завршат работа, притоа сите политички структури ќе ја разберат пораката и ќе го подвијат опашот.

Туку гледајте/читајте текстови и барајте сличности со оние од времето на Милошевиќ и Чаушеску, бидејќи денес не води диктатор што е хибрид од нив двајцата.
 
?

..........

Гостин
АХАХАХХАААА - ХАХАХА - ХАХАХАХАХХАХАХАХАА.... да можеше иронијата да земе облик на астероид, ќе удреше во САД - и ќе ја поптопеше!
Кажи им, ги поздравија Сноуден и Манинг (и еден куп други, „шепкачи“). ;)



Тоа! ;)
Дајбоже да потрае уште малку овој сомнеж, и да се створат услови за конечно избегнување на оваа замка во облик на членство во НАТО (и ЕУ)!


Искрено, ништо не е ова бе... мека реторика. Гледај како се с’скаат овде:
http://www.balkaninsight.com/en/article/eu-must-not-remain-silent-over-macedonia-s-agony
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/se-javi-i-piter-fejt-da-ne-se-sozdade-odbivnost-kon-brisel-i-da-se-vturne[DOUBLEPOST=1431366064][/DOUBLEPOST]
Не, фатените биле двојници со фејс-трансплант.
Вистинските Јунику, Бегу и Соколи сега се спремаат за вистинската акција, отмица на жените на сите политичари во МКД - и во живо пренесувани оргии на јутјуб. Во овој подвиг, им посакуваме среќа сите ние - граѓаните на Македонија. ;)
Добро човек те прашав и во една друга тема: има ли во Македонија независно судство? има ли транспарентна истрага за криминалите на власта? има ли независни институции? има ли независен државен медиум? итн... кој дел на критиките од тие мегународни представници не е точен? не ме цитирај ако немаш одговор на овие прашања,
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
"Opozicijata so protestite ovozmozi da vlezat teroristite vo Makedonija, Vlasta gi potplati teroristite da go odvlecat vnimanieto od kriminalot na Gruevski ."

Kazi mi kakvi i kolku moroni ima vo ovoj narod vakvi raboti da mu se liferuvaat ?
Pi[u6aj be 8rat na cir1lica zi7i s3 :)

Па затоа треба малку да им ги прошириме видиците, а не да ги прогонуваме ко еретици од средни век.

Него сите они, кои на пример го делат најпаушалното објаснување кое ти го напиша, нека размислат зошто токму таквите индиции ги помагаат и српските медиуми и квази информативни портали.

Просто зачудувачки е како масовно се укључи српската пропагандна машинерија и тоа координирано по следниве точки:
- ширење сомнеж дека нашата Влада дека го нарачала ова
- Непрестајно ругање со македонските безбедносни сили
- подгревање на македонско - албански судир
- плашење на народот со лажни дојави за ескалација во останатите градови
- лажни цитати на македонски извори
- шпекулации со загинати
- лажни објави на УЧК

Искрено ова го очекував пред се' од радикалните албански медиуми, но ваквиот интензитет на пропаганда против МК не е случаен.

Од друга страна, досега во отворени обвинувања и лаги се јавија само германските медиуми, кои шират лаги дека албанската популација морала повторно да се крене со пушка поради ненормална македонска дискриминација.

И сега што, да наседнеме и да се испоколеме?

Реално на Србија и одговара компромитирање на Албанците, поготово ако се од Косово, така да не би им сметало да трампаат било какви гасоводи за статусот на Косово или отцепување на негов дел.
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
363
Самата власт вели дека 8 месеци групата била следена, а лидерот на опозицијата вели дека година и осум месеци биле следени.
И сега некој ќе ме убеди дека тие влегле во град а полицијата не знаела, чекале од граѓаните да пријават, а од кај знаеш ти дека не пријавиле? Јас ти викам дека во близина има и македонци, ти викаш имало и роми, ја викам можеби има и полицајци.
Сас вас сам израснаја знам ве како дишете и тија сокачиња сам ги милион пута прошја тамо нема Македонци а полиција тамо не е проверила ништо кој знае од кд и па ке ти кажу лжи некога што не е од тј крај ја сам тамо израснаја.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Читам теории и не можам да поверувам, руси, америкаци и што не.
Барем за американците имаме докази како работат, суптилно и шарматно (пример уривањето на авионот на трајковски). Ќе играат на картата етнички немири, од каде вакви информации ? од експертите платени од буџетот.
Па ако е за гасоводот, прво ќе дојде во посета некое високо лице од Стејт департментот и ќе не ишамара со убава дипломатска порака (и тоа уште пред 1 година), а не да ни праќаат трет ешалон задолжен за југоисточна европа и да ни каже дека треба владата да си поднесе оставка после скандалите.
Американците не се како нас, кој дојде на власт своја политика, се знае таму за надворешната политика има десетолетка направено и се тера таа агенда, без разлика на човекот.
Знаат тие дека имаме ние теории за нив и затоа повеќе не играат на таа карта, ако треба ќе направат случајна несреќа и ќе завршат работа, притоа сите политички структури ќе ја разберат пораката и ќе го подвијат опашот.

Туку гледајте/читајте текстови и барајте сличности со оние од времето на Милошевиќ и Чаушеску, бидејќи денес не води диктатор што е хибрид од нив двајцата.
И оп, после толку дискусија дојде еден со теорија која ќе ги просветли сите.
Шо искуство имаш во дипломатија, се гледа дека имаш нешто...

И сеа по што се разликува твојава теорија од другите изнесени?
 
N

new tab

Гостин
Пишав пред некој ден саат време одкако почнаа првите рафали и уште стојам зад тезата дека оваа беше една факинг fals flag операција и можам да заклучам дека со државава управуваат тешки психопати и само господ нека ни е напомош,а за таа населба попозната како диво насеље колку што се сеќавам во 2001 год не памтам да е испукан ниту еден куршум и никогаш немало проблеми на меѓуетничка релација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom