ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Брат у реду е, фала на потсетување. Денеска терористите се веќе авансно у Влада и пак ова се случува.


Македонија ќе стане многу важен транзит за 70% од рускиот гас кој оди за Европа, а воедно ќе бидеме дел од „кинескиот пат на свилата„ т.е. железницата од пирејското (кинеско) пристаниште до Европа треба да поминува низ државава. Воедно, Кина планира и изградба на значаен геостратешки канал Солунски залив-Вардар-Морава-Дунав, со што Македонија ќе има и индиректен излез на море. Со овие проекти, Македонија длбоко влегува во сверата на интерес на новите сојузници Кина и Русија.

Ништо не е случајно.

Русија и Кина не се истите од 1999 г., а сега Македонија стана премногу важна за овие две супер сили.
 
Се криеле е подруми цивилите, па ќе се кријат кога никој од нив не ги пријавил...како бе не ги виделе 30 луѓе, не се сомневале у нешто, дошле на втори мај да прават скара ?
Кој им изнајмил куќите и тој да се фати за помагање на тероризам.
 
Bratot , pa partiite koi bile na vlast vo Makedonija od sekogas preku partisko zaclenuvanje primaa lugje vo administracijata i posiroko... Na toj nacin najintelegentnite i najprogresivno mislecki lugje od nasata drzava se iseluvaa i se iseluvaat i den denes...

Makedonija za razlika od civiliziraniot svet ima ogromen procent na partiski clenovi, poradi koi konstantno se unistuva sekoja slobodoljubiva i progresivna misla koja ne e od partiskite krugovi..

Deskriminacija vrz nepartiskite clenovi vo Makedonija e ocigledna !

Zatoa baram ist tretman kon niv vo edna oddelna tema.

Абе пак во право си ама да не ја тераме сега дискусијата општо.

Јас исто земам во предвид дека не се само врскаџии и партиски портери во партиите, знам дека има навистина и асални кадри. Кај нас е така сиромашно што тоа ги тера луѓето по секоја цена да се држат за корката леб која им ја фрлат функционериве и за нив се спремни да замижат пред сиот криминал, заговори, предавства затоа што како народ имаме МНОГУ НИСКИ ОЧЕКУВАЊА.

Затоа никој не се осудува да помисли во поширока смисла надвор од партискиот калап. Кога ќе се ослободиме од овие стеги и ќе почнеме да веруваме во себе и ќе се гледаме со почит тогаш ќе ги подигнеме и стандардите кон нашите политичари.
А ќе знаеме и да ја процениме ситуацијата како оваа која сите колективно не загрозува и ќе можеме лесно да се прегрупираме и збиеме редови.

Срамоте е луѓе една шака терористи да не фрла на земја, а ние да се пењавиме цитирајќи про-владини версус про-опозициони вести.
 
https://www.youtube.com/watch?t=1507&v=QHrNljhBgYw

Луѓето викаат дека не биле тепани по станиците и дека односот на полицијата бил коректен, освен едниот кој вели дека бил тепан.
А имало еден повреден дечко од цивилите.

Но велат дека тоа што го доживеале било страшно, и чиста случајност како не е убиен некој од нив.
11 членови од едно семејство биле засолнати во една соба, а во еден момент полицијата почнала да пука низ прозорците, но за среќа ниеден не е убиен, а 4 од нив биле инвалиди.
И другите сведочат дека им бил загрозен животот, откако тие биле внатре во куќите а нивните куќи биле запалени од гранатирањето, при што решиле да ризикуваат и да излезат надвор.

Голема грешка што почнаа со полициска акција без да им дадат можност на цивилите да излезат.
Додека имаат подршка терористиве од локалното население ќе страдат вакви невини луѓе.Со ова што го напиша значи полицијава е крива за акцијата .Локалното население супер си живеело со терористиве.Добро ти си паметен само мора глуп да се направиш да не се двоиш .
 
Све се сведува на тоа дека Руски гас треба да помине низ Македонија.
Јас знам неколку факти а тие се:
1.Никој не смее да објавува туги снимки, без дозвола од лицето кое е предмет на снимање.
2. Постоење на криминал се докажува на суд (а не преку објавување снимки на медиумите) и треба време и трпение за да се докаже вистинитоста на доказите.
3. Заев еднаш е амнестиран.
4. Во една демократија во која и ние сметаме дека живееме, на власт се доаѓа преку легитимни избори а не преку насилно бутање на власт.

А што позитивно би очекувале да направи некој што дошол на власт по насилен пат, кој ниту на легитимно изгубените избори немал никаква програма, проекти, и тн.? Еве да речеме сме ги бутнале ВМРО од власт по насилен пат. Што понатаму? Заев ли ке ни биде премиер? Мислите дека има капацитет да води една држава? Мислите дека одлуките ке ги донесува самостојно или како ке му диригира оној кој го донел на власт преку пласирање на "бомбите"?
Размислете Заев ке биде должен, нели, ја ти давам снимки, ти помагам да дојдеш на власт, а ти после играш пипиревка по мој терк.
Што правиме со мнозината граѓани кои го искористиле своето право на глас и на фер и демократски избори го дале за сегашнава владеачка партија?
Дали треба да се откажеме од демократскиот систем кој како така функционира и да започнеме некој нов систем во кој ке владее анархија?
Според мене, сега луѓе, ако гледате некаква вистина во "бомбите" и ако сметате дека тие се вистинити, за добро на сите нас, причекајте, ке дојдат избори, ке си го дадете својот глас и ако мозината гласаат против сегашнава владеачката партија ке дојде некоја друга. Во што е проблемот? Што толку набрзина?
Некој гласал за оваа партија која сега владее, почитувајте ги гласовите кои се различни од вашите. Мандатот трае 4 години, проголтајте го тоа и чекајте до следните избори, па ке видиме кој ке победи.
 
Се криеле е подруми цивилите, па ќе се кријат кога никој од нив не ги пријавил...како бе не ги виделе 30 луѓе, не се сомневале у нешто, дошле на втори мај да прават скара ?
Кој им изнајмил куќите и тој да се фати за помагање на тероризам.

Имало и македонци во тој дел, зошто тие не ги пријавија? Сигурно има и по некој полицаец таму што живее, он што правел.

Они поминале десетици километри и никој не ги видел, па ти ми кажуваш тука жителите биле виновни.
Не се секирај, секоја населба има соработници на службите, они точно знаеле што се случува, тоа е и темата сега: Како им дојдоа 40 луѓе со полно оружје во вториот најголем град во државата, во кој нема планини во близина. Во време кога не убедуваат дека 40 луѓе од Косово се спремаат за нешто, и дека се видени во Липковските села. Во време кога сите полицајци беа облечени со заштитни елеци и шлемови.

Не дај боже некој од жителите да јавеше во некој медиум дека има сомнителни ликови во негова населба, ќе го судеа за издавање на државна тајна. (дај и ја малце да фрлам сомнеж)
 
Гледам дел од терористите што учествуваа во Куманово биле фатени и во Бродец... Нели беа осудени на 10 до 15 години... кога излегоја? Кај може да се најде пресудатата сите линкови веќе не постојат што успеав да ги најдам...

Добра забелешка, кој ќе даде одгвор на ова?
 
Имало и македонци во тој дел, зошто тие не ги пријавија? Сигурно има и по некој полицаец таму што живее, он што правел.

Они поминале десетици километри и никој не ги видел, па ти ми кажуваш тука жителите биле виновни.
Не се секирај, секоја населба има соработници на службите, они точно знаеле што се случува, тоа е и темата сега: Како им дојдоа 40 луѓе со полно оружје во вториот најголем град во државата, во кој нема планини во близина.
Не лжи у тј дел што га има на видео нема Македонци има Роми у сокачиња десно 200 метра погоре тија што су ги прибрале и сви около треба да се проверив и иселив ја давам главу дека су знале сви дека говеда су туј и су ги криле и помагале.
 
Ќе објасни ли некој зошто мвр го пушта тоа компромитирачко видео во јавност? каква корист од тоа, освен да се подгреват дополнително страстите и да се пцуе народ во коментари..
 
Ќе објасни ли некој зошто мвр го пушта тоа компромитирачко видео во јавност? каква корист од тоа, освен да се подгреват дополнително страстите и да се пцуе народ во коментари..
Кој да ги пцуе ја би им ордени наредија од главу до пете још и добро се однасав ја би им на главу рипаја да пуцав на мене цел дн и да ми загинев другари.
 
Владата да преземе одредени реформи, како што се проверувањето на избирачкиот систем, слободата на медиумите, независноста на судството, слободата на изразување и заштитата на „шепкачи“.
АХАХАХХАААА - ХАХАХА - ХАХАХАХАХХАХАХАХАА.... да можеше иронијата да земе облик на астероид, ќе удреше во САД - и ќе ја поптопеше!
Кажи им, ги поздравија Сноуден и Манинг (и еден куп други, „шепкачи“). ;)


Ова сериозно отвара сомнеж дали Владата на Македонија е посветена на демократските принципи и вредности на евроатланската заедница. Континуираниот неуспех ќе му наштети на напредокот за членството во ЕУ и НАТО.
Тоа! ;)
Дајбоже да потрае уште малку овој сомнеж, и да се створат услови за конечно избегнување на оваа замка во облик на членство во НАТО (и ЕУ)!


Искрено, ништо не е ова бе... мека реторика. Гледај како се с’скаат овде:
http://www.balkaninsight.com/en/article/eu-must-not-remain-silent-over-macedonia-s-agony
http://www.mkd.mk/makedonija/politi...e-sozdade-odbivnost-kon-brisel-i-da-se-vturne[DOUBLEPOST=1431366064][/DOUBLEPOST]
Како не се? Нели само тој НАТО не бил фатен?
Не, фатените биле двојници со фејс-трансплант.
Вистинските Јунику, Бегу и Соколи сега се спремаат за вистинската акција, отмица на жените на сите политичари во МКД - и во живо пренесувани оргии на јутјуб. Во овој подвиг, им посакуваме среќа сите ние - граѓаните на Македонија. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom