Се појавија и првите сведоштва за битката.
.........го видов колегата како е погоден и лежи во локва крв...местото беше под рафален и пеколен оган...довикна за помош...се решив да тргнам кон него со уште двајца колеги, тие ме покриваа со стрелба а јас тргнав кон него..успеав да стигнам, да го качам на грб и под жесток оган да го извлечам, притоа бев и самиот ранет, вели еден од полицајците........
.......бев во борбеното возило и дејствував цело време..од толку што стрелавме кабината на возилото се наполни со гасови кои ме зашеметуваа но продолжив да дејствувам. Покрај пукањето кон терористите успеав и да разурнам неколку ѕидови и да обезбедам пробив на колегите, вели друг полицаец.......
Според сведоштвата некои од повредените полицајци одбивале да бидат повлечени од битката и останале да се борат, а оние кои биле однесени во болниците откако им била укажана помош инсистирале да се вратат и да им се придружат повторно на своите колеги.
Полицајците велат дека се високо мотивирани и дека не може ништо д аги поколеба кога е во прашање Македонија.
Терористичката група како што дознаваме планирала и напад на цивилни објекти и предизвикување на огромна штета со цел привлекување на внимание и сеење страв меѓу населението. Потенцијално жариште во Република Македонија биле училишта, градинки, пазари, масовни спортски настани, трговски центри, прометни улици. Под закана биле и државни институции и објекти. Сузбивањето на терористичката група практично спаси многу цивилни жртви и недолжни граѓани.
АЛАЛ ДА ВИ Е ВЕЛИКАНИ!!