https://www.youtube.com/watch?t=1507&v=QHrNljhBgYw
Луѓето викаат дека не биле тепани по станиците и дека односот на полицијата бил коректен, освен едниот кој вели дека бил тепан.
А имало еден повреден дечко од цивилите.
Но велат дека тоа што го доживеале било страшно, и чиста случајност како не е убиен некој од нив.
11 членови од едно семејство биле засолнати во една соба, а во еден момент полицијата почнала да пука низ прозорците, но за среќа ниеден не е убиен, а 4 од нив биле инвалиди.
И другите сведочат дека им бил загрозен животот, откако тие биле внатре во куќите а нивните куќи биле запалени од гранатирањето, при што решиле да ризикуваат и да излезат надвор.
Голема грешка што почнаа со полициска акција без да им дадат можност на цивилите да излезат.