ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
26.375
Освен протоколарни работи и заклучоци друго не смеат да кажат во јавност.Секој од присутните таму е со сертификат за државна тајна и класифицирани податоци не смее да ги искаже во јавност.
Но он тврдеше дека е ова све порачано од Грујовски, има уште многу луѓе кои ја тераат таа негова теза. Не оди подалеку од форумов и ќе видиш. Зошто се заќуте Заев? Има ли информации дека не бил во право? Ако сеуште има инфо дека ова го нарачал Грујо мора да и каже на јавноста, не за друго туку како што кажав има луѓе што сеуште се бламираат тука со тврдења дека власта го порачала инцидентов. Зарем треба да ги остави во заблуда своите следбеници.

Или пак ако не е така, нека излезе и јавно нека се извини за сите гомна што ги изел и направил, и нека се извини за тепањето на полицијата на протестите.
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Не сфаќам кој би им бил ќарот на моменталната власт од ситуацијава, па да се обвинат дека све тие конструирале. Се исплашија од протестот на 17мај? Од бомбите на Заев? Па тие аудио снимки штом излегле од ДБК секако ќе излезат во јавност порано или подоцна. Протестот ако не сега после 1месец пак ќе биде одржан.

Обично војна и вакви напади се минус за моменталната владеачка структура, затоа што тие не успеале да ги обезбедат границите, тие пропуштиле парамилитантна група да им влезе во сред држава и да врши терор врз населението, тие не успеале да ги заштитат своите граѓани. Зошто тие би си креирале такво сценарио и би губеле поени кај народот. Нели помислувате дека можеби некој сака да ја искористи моменталната перцепција дека власта е "лошото момче" па се креира овој напад знаејки дека најголем дел од обвинувањата ќе одат на сметка токму на власта.

Не ја бранам оваа власт, напротив сакам братучедите да поминат долго време зад зандани, туку само давам поинакво мислење од повеќето кој апла го обвинуват Грујо без многу размислување. Грујо е крив за многу други работи за кои по смена на власта сакам да си одговара, но не верувам да е до толку монструм и да си го убива народот. Поголема игра е тука во прашање, нешто што нема врска со власт или опозиција.

И за крај, во нормална држава до сега ќе летаа откази од безбедносните структури на сите страни, ќе се правеше ремонт на луѓето на клучни позиции во МВР. До кога ќе се прават мутави и никој нема да сноси одговорност за немоќноста на институциите да:
1.спречат прислушкување(според нивното сценарио дека странски служби се во прашање)
2.спречат излегување на аудио записи од ДБК( според сценариото на Заев дека ДБК прислушкувала)
3.спречат терористи да си фрлаат проектили у сред центар у главен град кога кур ќе им текне

ЕДИТ:
Се прави истата грешка од 2001 година со апсењево на командантите. Со терористи нема преговори и требало сите на лице место да бидат убиени . Нема апсење. Требало све да се исчисти до крај и со булдожер да се помине врз нив, па после да кажат дека акцијата е успешна.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Јас не мислам дека се работи за некакво огромно вложување во споредба со целите кои се многу поголеми, а тоа е да се задржи овој регион настрана од Русија, бидејќи моментално играта се води за оние територии кои преостанаа - а Македонија засега не е ниту во НАТО нити во ЕУ, што значи легитимна цел на руските интереси.

Муабетите дека доволно е да му се јавел, можеби важат за пониски структури од Премиер, така да прашање на лична перцпеција дали сакаш истите да ги пресликуваш во високата политика и можда мислиш дека секој така може да биде на истата функција.
Затоа што не знаеме какви разговори се водат и какви карти има Груевски кој и понатаму ИНСИСТИРА за приклучување на Македонија кон руската енергетска мрежа, односно зајакнување на геополитичката улога на земјава како транзитен регион. Тогаш значењето на земјава за Русија само би се зголемило.

Албанците знаеме кому се должници, па следователно не гледам никаква пречка во нивнотоповторно ангажирање, кога и самите имаат корист.

Можеби треба да се оди и да се праша Груевски, зошто смета дека вреди ризикот да го градиме гасоводот и да проаѓаме низ нова фингирана дестабилизација. Знаејќи дека Македонија нема реална моќ да и' опонира на САД, тогаш останува заклучокот дека мора некој да стои позади.
Па сега каде е приклучена? На 100% е приклучена ком руската енергетска мрежа и да сака нема откаде да обезбеди нешто различно. Нали разбираш,дека Груевски и да инсистира, РМ е трета држава после Русиja ,а гледаме уште на почеток во Турциja имаш проблем,да не зборуваме Грциja.
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.954
Поени од реакции
11.580
Но он тврдеше дека е ова све порачано од Грујовски, има уште многу луѓе кои ја тераат таа негова теза. Не оди подалеку од форумов и ќе видиш. Зошто се заќуте Заев? Има ли информации дека не бил во право? Ако сеуште има инфо дека ова го нарачал Грујо мора да и каже на јавноста, не за друго туку како што кажав има луѓе што сеуште се бламираат тука со тврдења дека власта го порачала инцидентов. Зарем треба да ги остави во заблуда своите следбеници.

Или пак ако не е така, нека излезе и јавно нека се извини за сите гомна што ги изел и направил, и нека се извини за тепањето на полицијата на протестите.
1. Каде Заев тврдел дека Груевски го организирал ова? Јас прочитав само од Пендаровски изјава за бугарска агенција.
2. За тепањето на полицијата на протестот на 5ти мај нека се извинат оние кои замавнале.30тина души отприлика. Таму не ги водеше Заев, Грујо, Ахмети, Тачи или кој ти ја знам. Дали биле од некого пратени, може само да шпекулираме.
3. Исто така, кога веќе ги спомна протестите и извинување, и полицијата треба да се извини до оние невини луѓе што беа тепани, лишени од слобода.

Крај краева, не знам што ја мешаш таа тема со оваа, си има тема за тоа (јес да заклучена). Ако сакаш нешто да пишеш, кажи на надлежните на форумот, можда и ќе ти ја отворат.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Пред околку 1 час го погребаа вториот гостиварец што погина, баш поминував низ плоштад, колку само тажно беше, буквална тишина, многу луѓе од сите националности, градов мртов, времево тмурно, се местеше да заврне..
И на крај никој нема да “знае“ за што погинаа..
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.459
Поени од реакции
31.368
@Beric Dondarrion ајде да ги дискутираме фактиве, и на крај да се обидеме да ги анализираме овие, и други факти, во контекст на тезата која се обиде да ја наведеш во заклучокот.
Бива? Ваљда бива, пошто си се потрудил да го образложиш тезата.


- Факт е дека Стојанче кажа пред месец дена дека е платено 2 милиона евра на криминалци да го праат ова. (пази добро, реков - факт е дека он ова го кажа, не реков дека е факт оти навистина е така)
Што точно кажал Стојанче?
Еве настрана веродостојноста. Какво значение има сумата на парите?
Зошто не кажал, кој плаќал и како? Па за тоа да разговараме (и за одговорноста на службите кои не постапиле по тие информации).
Ама за сумата на парите... Што ќе разговараме, дали се дало доволно пари или премалку? За берзата на пазарот на труд, оддел нарачување на војна?


- Факт е дека Американците кои сакаат да го тргнат Груевски од власт, во најлош можен тајминг ги исценираа овие напади: првиот, баш пред референдумот за ГТЦ (првиот официјален тест за незадоволството на народот), вториот, баш пред големиот најавен антивладин митинг, баш пред објавувањето на бомбата за Смилковско, а при кулминација на незадоволството изразено во протести. Поарно за Груевски не можеа да погодат коа да нападнат.
Тотален hinder на плановите за негово тргнување од власт. Некој ќе си рече, таму у Пентагон, Ленгли... седат и планираат идиоти.
Америте не сакаат да го тргнат Груевски, тие првенствено сакаат да се прекине со изградбата на гасоводот. Се друго е споредно, и договор/исплата локалните колаборатери. За тајмингот, како што ти инсинуираш за „бенефитот“ на Груевски - било кој може да инсинуира и за „бенефитот“ на опозицијата (нов материјал за критика, или други шпекулации).

Но што е со реалноста на тие шпекулации дека демек се спречуваат демонстрациите? Дали беше прогласена вонредна состојба? Беа ли спречени новите демонстрации вчера, денес, утре?
Риалити чек?


- Факт е дека конгресот на ВМРО кој беше најавен за 9-ти мај, беше одложен за една недела порано.
И? Зарем сега ќе разговараме и за тајмингот на одморот на женатаму на ЗЗ?
Ова се врвните докази дека ВМРО или СДСМ стојат зад настаните во Куманово?? ;)


- Факт е дека борбите на овие и борбите на силите на ОНА од 2001-ва на практичен план, на терен, немаат баш многу заедничко. Ова е типично терористичка акција, при која штетата била во прв план и ништо друго.
Не знам колку е ова факт. Ама што ти е понентата со тоа?
Јас напротив гледам сличност меѓу Арачиново и Куманово, од аспект на тоа дека е факт тоа што терористите запоседнаа поголема населба - канејќи ги нашите на урбано војување.


Веќе видовме дека може да најдат прокси кој за 20.000+ евра, ќе преземе вина за згазено дете, па некој ќе си помисли дека има и луѓе кои за поголема пара ќе преземат поголема вина.
Си играат RTS со народот.
За колку пари ти би идел да војуваш под опсада во урбана војна?
Од друга страна, дали вахабис’ би гинел за 72 девици?


- Факт е дека трилион пати е потенцирано оти нашиве сили тогаш (2001-ва) и сега, не се баш исти, по опременост и обученост. Епа како бе тогаш овие жртви за толку кратко време? Или, везе нема тоа, обученост и спремност, туку се све неспособни таму (во што искрено се сомневам), или пак станува збор за класична немштаљка, од типот на Вејце и слично (што ми делува многу пореално и што се поклопува со начинот на борба на терористите). Некој сметал дека "будалетинките" се потрошен материјал, а не луѓе од крв и месо.
Тоа што трилон пати е повторено значи дека нешто е вистина? Дали и лага која е доволно пати повторена, станува вистина?
Нејсе, бројот на жртвите е резултат на урбано војување (а верувам и предавство, затоа што имаш катаљарда Албанци внатре во сите нивоа на полицијата). Алтернативата беше опсада, и долго артилериско гаѓање.

Но дали сметаш дека ќе беше добро да се употреби тактиката од Арачиново. Заборави што се деси тогаш?
Можеби требаше да се развлече работата со недели и месеци, артилериско дејствување врз гетото? CNN репортажи со расплачени деца? ОН со нови резолуции за мировни акции во Македонија? Резолуции за решавање на кризата?
НОВ РАМКОВЕН ДОГОВОР?
КОНФЕДЕРИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА?


Размисли бе малку со тоа главата, ти бар не си затуцан и глуп како повеќето овде. Еве и јас сакам да се смени власта, ама зарем сакаш тоа да се деси со обоена револуција како во Украина? Со етнички судири, во услови кога ни е компромитирана и владата и полицијата и војската? Сакаш конфедерација да стане државава?
Не ли може на следните избори да се смени Груевски? Зарем навистина сметаш дека западот ќе ја остави власта да ги намести следните избори... кога на сите можни страни зборуваат дека сакаат да си одат од власт??

Западов иначе многу ја сака владава, и навива за изградбата на гасоводот (кој веќе кажавме дека официјално е започнат). За да не дискутираме колку западот ја сака владава, еве превентивно пар написи од видни западни политичари - на тексто подолу авторот е Ерван Фуере (чинам паметиш кој е):
http://www.balkaninsight.com/en/article/eu-must-not-remain-silent-over-macedonia-s-agony
Ерван Фуере напиша:
The EU cannot continue to remain passive, hoping that the ongoing talks facilitated by the European Parliament delegation will produce a solution. How many more demonstrations, how many more injured, before the EU makes it clear to Gruevski that, the longer he remains in power, the greater the liability for the future of the country?

The only solution is for the entire government to resign as quickly as possible and make way for a transition process. This will bring some hope to the people of Macedonia that their nightmare is finally over.
Уште треба?
ОК, еве уште. Питер Фејт ти текнува кој е? Не? Посредник кој беше испратен од НАТО за да преговара со војската на ОНА во 2001
Еве што вели господинот Питер Фејт:
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/se-javi-i-piter-fejt-da-ne-se-sozdade-odbivnost-kon-brisel-i-da-se-vturne
Питер Фејт напиша:
Дали судскиот систем во Македонија може да функционира самостојно или е потребна меѓународна помош, тоа е нешто што ЕУ треба да го одреди“, рече Фејт.

Тој за холандската јавност објасни дека „во тек се преговори со посредништво на Европскиот парламент, во кои има обиди за постигнување договор, на пример, за транзициска влада која би ги вклучила сите политички сили и иницирање истрага.

Владата во Македонија треба да разбере дека мора да соработува со истрагата и со посредништвото и да престане да ги негира фактите“, рече Фејт.

Македонија треба да продолжи да оди по европскиот пат и да ги рестартира реформите. Комисијата препорачува да се почнат преговори за членство. Тоа претставува охрабрување за реформи. Спорот со Грција ги блокира тие преговори, иако постојат креативни решенија на маса.
А за крај еве ти и еден гејм-оф-троунс момент:
Питер Фејт напиша:
„треба да се внимава да не се создаде одбивност кон Брисел и со тоа да се втурне земјата во рацете на Путин и на други"
Бујака!
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
26.375
Ау, се смени теоријата, не е сега власта организатор-от туку власта е неспособната. Добро јас си реков дека ова ќе биде прв политичар во историјата на Македонија кој ќе има доблест да каже дека згрешил, но очигледно имаме работа со човек кој не гледа подалеку од 2 дена во радиус. Жално е каква алтернатива има Македонија.[DOUBLEPOST=1431352056][/DOUBLEPOST]
1. Каде Заев тврдел дека Груевски го организирал ова? Јас прочитав само од Пендаровски изјава за бугарска агенција.
2. За тепањето на полицијата на протестот на 5ти мај нека се извинат оние кои замавнале.30тина души отприлика. Таму не ги водеше Заев, Грујо, Ахмети, Тачи или кој ти ја знам. Дали биле од некого пратени, може само да шпекулираме.
3. Исто така, кога веќе ги спомна протестите и извинување, и полицијата треба да се извини до оние невини луѓе што беа тепани, лишени од слобода.

Крај краева, не знам што ја мешаш таа тема со оваа, си има тема за тоа (јес да заклучена). Ако сакаш нешто да пишеш, кажи на надлежните на форумот, можда и ќе ти ја отворат.
Знам знам, никогаш не тврделе сдсмОВЦИ дека Грујо бил нарачател за да се спречат бомбите. Еве на пример на оваа тема нема страна каде што нема барем 2 поста што говори за тоа. Сега кој кого ебе у здрав мозок а?
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.361
Поени од реакции
3.519
Ау, се смени теоријата, не е сега власта организатор-от туку власта е неспособната. Добро јас си реков дека ова ќе биде прв политичар во историјата на Македонија кој ќе има доблест да каже дека згрешил, но очигледно имаме работа со човек кој не гледа подалеку од 2 дена во радиус. Жално е каква алтернатива има Македонија
А каде виде дека имплицира дека власта не е организатор?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Па сега каде е приклучена? На 100% е приклучена ком руската енергетска мрежа и да сака нема откаде да обезбеди нешто различно.
Тоа е во ред, едно за внатрешна употреба, друго е за транзит. Не ми е намерата сега да ги разглабуваме деталите за гасоводот плусови/минуси, поентата е дека на теренот се материјализираат политиките за кои веруваме или имаме причина за тоа, дека се основата за нашите проблеми и проблемите во регионот.
 

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Да, многу е лесно да ти "промакнат" 50+ терористи наоружани до зуби стационирани во втор најголем град во земја со површина колку една педа.
Доправа треба да се види како тоа се промакнале, и колкава им е бројката, џабе ќе шпекулираме сега.А и мнозината се со наше државјанство.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Под хипотетичка претпоставка дека власта не е организатор, во најмала рака е соработник. За тоа, сите ќе се сложиме.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.954
Поени од реакции
11.580
@jamajka Јас не ти зборам за сдсмовци. Ако е за така, Фејсбук е преплавен со дпмнеовци кои ја окривуваат сдсм и Заев. И сеа што прајме? И тоа еден е толку глуп, што цел копи пејст од chat го ставил („ова треба да се препрати“ и „испратено од Messenger“). И сеа ја да кажам, еј Грујо директно ја обвинува СДСМ?!
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Доправа треба да се види како тоа се промакнале, и колкава им е бројката, џабе ќе шпекулираме сега.А и мнозината се со наше државјанство.
Бројката им е над 50 души Сигурно. Тоа е Факт. А колку се точно тоа можеме да шпекулираме.
У суштина за све шо збориме ние овде шпекулираме, со оглед на тоа дека иаме саката власт шо не излезе со никаква Реална информација на Реално поставено прашање до сеа.
Очекувајте Гујо кај и да е да излезе со уше еден прес као за бомбите кај шо сам си поставува "често поставувани прашања" и си ги одговара.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Под хипотетичка претпоставка дека власта не е организатор, во најмала рака е соработник. За тоа, сите ќе се сложиме.
На која власт би и одело од прилог да се случува војна (и да ја губат) додека владеат?
Дај ми еден таков пример во историјата. (освен УСА што си ги срушија кулите, ако може да се смета за чин од оваа катергорија)
Што би сакале да постигнат со тоа, а што неможат да го постигнат на друг начин?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom