@Beric Dondarrion ајде да ги дискутираме фактиве, и на крај да се обидеме да ги анализираме овие, и други факти, во контекст на тезата која се обиде да ја наведеш во заклучокот.
Бива? Ваљда бива, пошто си се потрудил да го образложиш тезата.
- Факт е дека Стојанче кажа пред месец дена дека е платено 2 милиона евра на криминалци да го праат ова. (пази добро, реков - факт е дека он ова го кажа, не реков дека е факт оти навистина е така)
Што точно кажал Стојанче?
Еве настрана веродостојноста. Какво значение има сумата на парите?
Зошто не кажал, кој плаќал и како? Па за тоа да разговараме (и за одговорноста на службите кои не постапиле по тие информации).
Ама за сумата на парите... Што ќе разговараме, дали се дало доволно пари или премалку? За берзата на пазарот на труд, оддел
нарачување на војна?
- Факт е дека Американците кои сакаат да го тргнат Груевски од власт, во најлош можен тајминг ги исценираа овие напади: првиот, баш пред референдумот за ГТЦ (првиот официјален тест за незадоволството на народот), вториот, баш пред големиот најавен антивладин митинг, баш пред објавувањето на бомбата за Смилковско, а при кулминација на незадоволството изразено во протести. Поарно за Груевски не можеа да погодат коа да нападнат.
Тотален hinder на плановите за негово тргнување од власт. Некој ќе си рече, таму у Пентагон, Ленгли... седат и планираат идиоти.
Америте не сакаат да го тргнат Груевски, тие првенствено сакаат да се прекине со изградбата на гасоводот. Се друго е споредно, и договор/исплата локалните колаборатери. За тајмингот, како што ти инсинуираш за „бенефитот“ на Груевски - било кој може да инсинуира и за „бенефитот“ на опозицијата (нов материјал за критика, или други шпекулации).
Но што е со реалноста на тие шпекулации дека демек се спречуваат демонстрациите? Дали беше прогласена вонредна состојба? Беа ли спречени новите демонстрации вчера, денес, утре?
Риалити чек?
- Факт е дека конгресот на ВМРО кој беше најавен за 9-ти мај, беше одложен за една недела порано.
И? Зарем сега ќе разговараме и за тајмингот на одморот на женатаму на ЗЗ?
Ова се врвните докази дека ВМРО или СДСМ стојат зад настаните во Куманово??
- Факт е дека борбите на овие и борбите на силите на ОНА од 2001-ва на практичен план, на терен, немаат баш многу заедничко. Ова е типично терористичка акција, при која штетата била во прв план и ништо друго.
Не знам колку е ова факт. Ама што ти е понентата со тоа?
Јас напротив гледам сличност меѓу Арачиново и Куманово, од аспект на тоа дека е факт тоа што терористите запоседнаа поголема населба - канејќи ги нашите на урбано војување.
Веќе видовме дека може да најдат прокси кој за 20.000+ евра, ќе преземе вина за згазено дете, па некој ќе си помисли дека има и луѓе кои за поголема пара ќе преземат поголема вина.
Си играат RTS со народот.
За колку пари ти би идел да војуваш под опсада во урбана војна?
Од друга страна, дали вахабис’ би гинел за 72 девици?
- Факт е дека трилион пати е потенцирано оти нашиве сили тогаш (2001-ва) и сега, не се баш исти, по опременост и обученост. Епа како бе тогаш овие жртви за толку кратко време? Или, везе нема тоа, обученост и спремност, туку се све неспособни таму (во што искрено се сомневам), или пак станува збор за класична немштаљка, од типот на Вејце и слично (што ми делува многу пореално и што се поклопува со начинот на борба на терористите). Некој сметал дека "будалетинките" се потрошен материјал, а не луѓе од крв и месо.
Тоа што трилон пати е повторено значи дека нешто е вистина? Дали и лага која е доволно пати повторена, станува вистина?
Нејсе, бројот на жртвите е резултат на урбано војување (а верувам и предавство, затоа што имаш катаљарда Албанци внатре во сите нивоа на полицијата). Алтернативата беше опсада, и долго артилериско гаѓање.
Но дали сметаш дека ќе беше добро да се употреби тактиката од Арачиново. Заборави што се деси тогаш?
Можеби требаше да се развлече работата со недели и месеци, артилериско дејствување врз гетото? CNN репортажи со расплачени деца? ОН со нови резолуции за мировни акции во Македонија? Резолуции за решавање на кризата?
НОВ РАМКОВЕН ДОГОВОР?
КОНФЕДЕРИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА?
Размисли бе малку со тоа главата, ти бар не си затуцан и глуп како повеќето овде. Еве и јас сакам да се смени власта, ама зарем сакаш тоа да се деси со обоена револуција како во Украина? Со етнички судири, во услови кога ни е компромитирана и владата и полицијата и војската? Сакаш конфедерација да стане државава?
Не ли може на следните избори да се смени Груевски? Зарем навистина сметаш дека западот ќе ја остави власта да ги намести следните избори... кога на сите можни страни зборуваат дека сакаат да си одат од власт??
Западов иначе многу ја сака владава, и навива за изградбата на гасоводот (кој веќе кажавме дека официјално е започнат). За да не дискутираме колку западот ја сака владава, еве превентивно пар написи од видни западни политичари - на тексто подолу авторот е Ерван Фуере (чинам паметиш кој е):
http://www.balkaninsight.com/en/article/eu-must-not-remain-silent-over-macedonia-s-agony
Ерван Фуере напиша:
The EU cannot continue to remain passive, hoping that the ongoing talks facilitated by the European Parliament delegation will produce a solution. How many more demonstrations, how many more injured, before the EU makes it clear to Gruevski that, the longer he remains in power, the greater the liability for the future of the country?
The only solution is for the entire government to resign as quickly as possible and make way for a transition process. This will bring some hope to the people of Macedonia that their nightmare is finally over.
Уште треба?
ОК, еве уште. Питер Фејт ти текнува кој е? Не? Посредник кој беше испратен од НАТО за да преговара со војската на ОНА во 2001
Еве што вели господинот Питер Фејт:
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/se-javi-i-piter-fejt-da-ne-se-sozdade-odbivnost-kon-brisel-i-da-se-vturne
Питер Фејт напиша:
Дали судскиот систем во Македонија може да функционира самостојно или е потребна меѓународна помош, тоа е нешто што ЕУ треба да го одреди“, рече Фејт.
Тој за холандската јавност објасни дека „во тек се преговори со посредништво на Европскиот парламент, во кои има обиди за постигнување договор, на пример, за транзициска влада која би ги вклучила сите политички сили и иницирање истрага.
Владата во Македонија треба да разбере дека мора да соработува со истрагата и со посредништвото и да престане да ги негира фактите“, рече Фејт.
Македонија треба да продолжи да оди по европскиот пат и да ги рестартира реформите. Комисијата препорачува да се почнат преговори за членство. Тоа претставува охрабрување за реформи. Спорот со Грција ги блокира тие преговори, иако постојат креативни решенија на маса.
А за крај еве ти и еден гејм-оф-троунс момент:
Питер Фејт напиша:
„треба да се внимава да не се создаде одбивност кон Брисел и со тоа да се втурне земјата во рацете на Путин и на други"
Бујака!