Значи јас тебе ти покажав факти, а ти мене ми нудиш ветар и магла во исто време додека фактите ги нарекуваш пропаганда.
Факт: Гасоводот се гради! Реалност е. Потпишани се договорите, решено е финансирањето, и отпочната е изградбата.
Факт: Постоењето на тој гасовод не им одоговара на САД, ако успеат да го направат невозможен македонскиот дел - успеале и да го направат невозможен самиот гасовод (на кој целта не се само Турција/Грција, туку цел Балкан и Централна Европа).
Факт: Претходната варијанта на гасоводот требаше да поминува низ Бугарија. Откако таму ги посетуваа неколку американски сенатори, и се десија „спонтани“ демонстрации - владата во Софија падна. Новата влада прва работа што направи - го прекина проектот за гасоводот. Заради тоа и Македонија влезе во игра, преку новата траса - Турскиот Тек.
Факт: Стањата во Македонија почнаа откако стана јасно откажувањето на Јужен Тек низ Бугарија, и реалноста за Турскиот Тек низ Македонија.
Ете ти факти. Ти имаш да кажеш нешто... со факти?
- Факт е дека Стојанче кажа пред месец дена дека е платено 2 милиона евра на криминалци да го праат ова. (пази добро, реков - факт е дека он ова го кажа, не реков дека е факт оти навистина е така)
- Факт е дека Американците кои сакаат да го тргнат Груевски од власт, во најлош можен тајминг ги исценираа овие напади: првиот, баш пред референдумот за ГТЦ (првиот официјален тест за незадоволството на народот), вториот, баш пред големиот најавен антивладин митинг, баш пред објавувањето на бомбата за Смилковско, а при кулминација на незадоволството изразено во протести. Поарно за Груевски не можеа да погодат коа да нападнат.
Тотален hinder на плановите за негово тргнување од власт. Некој ќе си рече, таму у Пентагон, Ленгли... седат и планираат идиоти.
- Факт е дека кумановскиот конгрес на ВМРО кој беше најавен за 9-ти мај, беше одложен за една недела порано. Причина некоја е кажана у јавност?
- Факт е дека борбите на овие и борбите на силите на ОНА од 2001-ва на практичен план, на терен, немаат баш многу заедничко. Ова е типично терористичка акција, при која штетата била во прв план и ништо друго. Според мене, некој кој се бори за агенда, идеали, не дејствува баш вака, на овој начин. Мене ми личи на платеничка акција, со строго определена цел и функција - флагрантна штета.
- Факт е дека трилион пати е потенцирано оти нашиве сили тогаш (2001-ва) и сега, не се баш исти, по опременост и обученост. Епа како бе тогаш овие жртви за толку кратко време? Или, везе нема тоа, обученост и спремност, туку се све неспособни таму (во што искрено се сомневам), или пак станува збор за класична немштаљка, од типот на Вејце и слично (што ми делува многу пореално и што се поклопува со начинот на борба на терористите). Некој сметал дека "будалетинките" се потрошен материјал, а не луѓе од крв и месо.
Веќе видовме дека може да најдат прокси кој за 20.000+ евра, ќе преземе вина за згазено дете, па некој ќе си помисли дека има и луѓе кои за поголема пара ќе преземат поголема вина.
Си играат RTS со народот.