Ако не ви е јасно, слушнете го што кажа поранешниот генерал Илија Николовски кој покрај Панде Петровски важи за вистинска легенда во редовите на АРМ. Панде и Илија ги организираа двете најголеми воени акции во историјата на Македонија - МХ1 и МХ2 (Тетово и Куманово) и двете акции завршија со целосна победа на македонските сили (не ме фаќајте за збор, во Тетово АРМ мислам немаше никакви загуби и беше освоено Кале, а во Куманово двајца војници беа убиени).
Цитирам:
„Не знам кој е организаторот и кој ја контролира оваа криза, но имам чувство дека организаторот некои работи не ги предвидел и дека работите му излегле од контрола. Ги повикувам организаторите да превземат некои мерки и ова да не ескалира. Не сакам ни да помислам дека некој ја провалил полициската акција, но според бројот на жртвите кои се најавуваат, сакам да го изразам моето жалење дека некој полицајците ги изложил како живо месо", рече Илија Николовски по што од Канал 5 му го скратија интервјуто.
Има милион нелогичности и мислам дека сите ќе се сложите дека УБК потфрли затоа што оперативците требаше да знаат однапред кој стои зад ова, колку терористи се, како се наоружани и слично. Па уште пред месец-два Стојанче Ангелов јавно кажа дека е можно некој да направи ваква работа, зошто тогаш Јанкуловска и цел државен врв не реагираше сериозно, зошто му се потсмеваа? Тука потфрлија и се случи тоа што се случи, а после овие мрачни денови МОРА да одговараат!
Побогу, државниот врв го немаше цел ден вчера, зошто никој не даде изјава, зошто не излезе Груевски/Јанкуловска да му дадат насоки на народот од Куманово? И сега кој е крив, знае некој да каже? Што, и овие деца ќе бидат колатерална штета во матните политички игри?
Дечки, загинаа 8 луѓе од кои 2-ца лично ги познавав и не можам да ви ја опишам болката која што ја чувствувам овој ебан викенд. 8 загинати е ОГРОМНА бројка, значи ОГРОМНА, а Груевски и провладините медиуми прогласуваат победа. Па каква победа бе, говеда едни расипани?
Мое лично мислење е дека сето ова е исценирано, да се заплаши народот, да се предизвика тензија и да се дефокусира народот од вистинските проблеми. Кои се вистинските проблеми? На кого му одговара сега топ тема да биде Куманово, а не срањата од разговорите што ги објавува Заев? На кого му одговара да не се дознае вистината за името и за Монструм? На кого му одговара да стивнат протестите кои се интензивираа секој ден во девет градови во државава? Сите имате глава на рамената, запрашајте се и дојдете до заклучок!
Јас само ќе им посакам бавна и болна смрт на сите тие што го исценираа ова, сите тие што ги пратија дечкиве во смрт и на сите тие што ја зацрнија Македонија!
П.С. Кога сме кај УБК, МВР и АРМ, сите треба да знаете дека поседуваат висока технологија за следење. Во книгата „Сведоштва 2001“ од генерал Панде Петровски е објаснета акцијата за ослободување на Арачиново. Панде раскажува дека МВР и АРМ располагале со опрема која што ги детектира сите движења и од некој хотел (не ме фаќајте за збор) буквално знаеле каде се и што прават терористите. Само што сето тоа заврши со интервенција на НАТО, па не заврши акцијата до крај. Поврзете 2 со 2 и запамтете - убиени се осум луѓе, Бог да им душа прости...