ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Соросовиот медиум Плусинфо ги предупреди терористите со објавувањето на сликата каде се транспортираат гумени куршуми.

Сликата ја имаше на сите социјални мрежи, а не само на Плусинфо. Мизерно новинарство и медиуми. :facepalm:
 
Интересна порака на крај на говорот.
Секој што ќе проба да предизвика дестабилизација на државата ќе заврши како терористичката група.
Ако не се лажам последниве два три месеца упорно трубат дека опозицијата и демонстрантите предизвикуваат дестабилизација на државата.
Ми делува како индиректна (уште еднаш ако размислам и директна) закана за покољ на 17ти мај.
пред овој пост....
Ако му го слушавте говорот на Грујо пред 5 минути, последната реченица му беше...
„Сите што блабла вчера пробуваа да набацат поени блабла, ќе завршат како терористите.“
Сеа на нет за 10 мин. ќе се напраи скандал и ќе има по портали,
„Груевски се заканува со убиство на сите неистомисленици?“

Како погоди значи? :ROFLMAO: Знаеш дека можеш добро да заработиш со предвидување на однесувањето на корисниците? Би напраил кариера за ФБ.

Најискрено да кажам, говорот на Груевски денес беше професионален и државнички. Одлично изведено, повик за единство, благодарност до градоначалникот на Куманово, без дневнополитички поделби, без меѓуетнички поделби.
.

Кој говор жити мене?
Тешко е исечено, лепено и прекинато после 3 минути да се нарече говор. ;) Ова беше најлошата прес конференција од аспект на медиумска покриеност.

Треба постојано да има прес конференции со значајни пораки и инструкции за народот, а не со 2 дена закаснување малку да се испофалиме и пренесот да го заебат аматерите во МТВ.
 
Интересна порака на крај на говорот.
Секој што ќе проба да предизвика дестабилизација на државата ќе заврши како терористичката група.
Ако не се лажам последниве два три месеца упорно трубат дека опозицијата и демонстрантите предизвикуваат дестабилизација на државата.
Ми делува како индиректна (уште еднаш ако размислам и директна) закана за покољ на 17ти мај.


Па ако во план им е на демонстрантите да делуват на ист начин , се заебале.
 
Соросовиот медиум Плусинфо ги предупреди терористите со објавувањето на сликата каде се транспортираат гумени куршуми.

Сликата ја имаше на сите социјални мрежи, а не само на Плусинфо. Мизерно новинарство и медиуми. :facepalm:
Па и јас тоа се нервирам јас незнам не сум стручњак за каква мониција се работело ама терористите сигурно знаат.
 
Зошто сеуште нема официјални информации за погинати цивили? Албански сајт излезе со инфо дека има многу цивилни жртви.
 
Латас, Шанац, па и Миленко имаа слични коментари (секако во спротивен правец), само што со поголема експресија...го оставив видеото од Латас на вести.
Стварно ме разочара мене Пендаровски со оваа изјава. Ок, ти давај ја изјавата, али почекај бар 2-3 дена.
Само што Пендаровски е у врв на СДСМ, а овие се небитни кретени во политичкиот свет.
 
@Bratot

Медиумската покриеност беше ужасна, затоа реков медиумите се покажаа како најнеспособен дел од општеството во овие два дена, но говорот на премиерот беше баш како што требаше, искрено по неговите настапи во последно време не очекував ваква да говори.
 
Терористите слободно си шетаат во Косово и си добиваат поддршка од таму. Таму власта е под директна американска контрола, таму се КФОР и ЕУЛЕКС, веќе е јасно дека добиваат директна помош од американски и други тајни служби (исто како во 2001), добиваат помош од Саудиска Арабија која е соработник на САД, добиваат помош од локални јатаци кои сигурен сум не се во мал број. Одамна се знае за вахабистичките гнезда низ цел Балкан ама никој не презема ништо против нив. Тие се само пиуни по потреба, кои ќе прават вакви слични проблеми кога некој ќе им даде наредба.
 
Јас не сум политички определен али ако видам пак некој куртон кај што мава по тие денес што гинеа прв ќе одам и главата ќе му ја скршам.
 
@Mr.X @INDIJANEC123
Во ред е. Не велам дека сум некој воен експерт. Само некој работи не ми беа јасни и сакав појаснување.
 
Зошто сеуште нема официјални информации за погинати цивили? Албански сајт излезе со инфо дека има многу цивилни жртви.
Правиш ли разлика од цивили и јатаци ? Имаше евакуација, кој сакаше да излезе можеше да го направи тоа. Останативе останаа да го јадат стапот за нивната идиотска кауза.
 
пред овој пост....


Како погоди значи? :ROFLMAO: Знаеш дека можеш добро да заработиш со предвидување на однесувањето на корисниците? Би напраил кариера за ФБ.



Кој говор жити мене?
Тешко е исечено, лепено и прекинато после 3 минути да се нарече говор. ;) Ова беше најлошата прес конференција од аспект на медиумска покриеност.

Треба постојано да има прес конференции со значајни пораки и инструкции за народот, а не со 2 дена закаснување малку да се испофалиме и пренесот да го заебат аматерите во МТВ.

Еве објасни ми ја пораката што е тогаш?
Легитимно имаат издадено 30 соопштенија последниве два месеци за тоа кој прави дестабилизација. Сеа човекот си рече "кој прави дестабилизација ќе заврши ко групата". Тоа што него му е смешно не значи дека не е таква пораката.
 
Зошто сеуште нема официјални информации за погинати цивили? Албански сајт излезе со инфо дека има многу цивилни жртви.
Некој напиша пред неколку страни дека на полицијата пукале и жени и деца, колку е точно не знам.
 
Абе што ви бе луѓе?
Па како се органзирала акцијава за апсење на терорсититве, ако никој не знаел дека има таква група?
100% не знаела полицијата колку терористи има нит оружје.Не може толку лоша тактика да напраат.Специјални единици реагираат брзо и ефикасно.Ако ги имале сите податоци немало шанси вака да испадне.Е сега треба да размислат,а паметни се Кој ги наместил.
 
abe profesionalci terroristive 50 saati pukanje so niv,a gi sledele ko mali deca...tuka e ocigledno deka se pusteni namerno na tesno cajkanive ni nasi ni krivi ni duzni za da ima zrtvi,za da se udri vo javnosta za tragedijata i heroizmot za da se otrgne vnimanieto od momentalnite slucuvanje so protestite i gnevot koj so go sozdadoa kaj narodot....mn takticki i mn pametno...pusti da umrat nevini za da se izvlece najgolemata korist foteljata...treba da se odgovara za uspesnosta na ovie akcii!!!treba ostavki odma
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom