Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Абе фраери, еден торент што го спуштам ми crash-на на 80% и знакчето му стана црвено и лево ми пишува Error, па не може да се доспушти. Го избришав и го ставив пак и re-check torrent му направив и џабе.
Чаре?
Тешко дека има чаре за тоа.
Пробај избриши го торентот од торент клиентот, ископирај ја содржината од торентот што е делумно симната/зафркната на друго место, пушти го пак торентот, намести да се симиња на новата локација кај што си го пренел фајлот и може ќе тргне.
 
Wild Tales луѓе, Wild Tales. Колку ми фалеа вакви приказни, не бев свесен додека не го погледнав филмот.
Обавезно симнувајте го веднаш, 6 неверојатно реални (дискутабилно ова реални, ама за мене се реални) приказни кои освен што ќе ви бидат многу интересни, ќе ве натераат да размислите за животот и како тој може да биде погоден од едноставни коинциденции, турбуленции, одлуки и размислувања во одредени ситуации.
Одмаздата, општеството, прељубата... Колку сме само... луѓе.
P.S. Каснам, знам :D
 
Последно уредено:
Шо очекуваше толку?
Епа од Ултрон очекував да биде многу појак, откако го изглеав глеам дека првиот трејлер беше ептен misleading. И ептен комедија го направија, баш само за забава филмов ко што пишаа погоре.. имав високи очекувања да биде многу боље од првиот :toe:
 
Па и забавата е цела поента на овие филмови. Не знам зошто очекуваат некои deep shit. Ве испусти Нолан со бетмените.
 
Па и забавата е цела поента на овие филмови. Не знам зошто очекуваат некои deep shit. Ве испусти Нолан со бетмените.
Затоа Бетмен ќе ми е форевер омилен :love:
п.с. добар аватар (y)
 
Ако нешто добро било поврзано со БетмеЊ то било ова

п.с Kaко треба да изгледа еден филм, пример листава е сосема солидна.

http://www.listal.com/list/favorite-movies-thewolf
 
Последно уредено:
Со Коле Ангеловски нема утка за комедија. Го глеав денес во Кинотека, Три во Едно, три приказни за љубовни сплетки, швалерисувања и слично :D, со многу дијалог и динамика.. убаво се изнасмеав. Мора да се каже дека е за 4 дена напраен филмов и го праеле без буџет, и на некои места страда ради тоа, али од друга страна напраен е со љубов и надокнадува, затоа од мене ќе добие една убава 8ца.

И уште еднаш браво за нашите јаки телевизии, прочитајте го линков за да ви стане појасно.. има и други информации

Додека да дое овој по кината, го препорачуем исто од Коле, Време за Плачење..
 
Последно уредено од модератор:
Го слушам, добар стрим меѓутоа картите за неколку часа ги снема, сигурно ги имаат раздадено на нивни луѓе.
Добар е стримот само звукот е слаб, се напињам на слушалки да го слушам.
Ни фалат вакви работи и добро е што конечно имаме разговор со режисер по светски стандарди.
 
Добар е стримот само звукот е слаб, се напињам на слушалки да го слушам.
Ни фалат вакви работи и добро е што конечно имаме разговор со режисер по светски стандарди.
Звукот беше слаб и у сала, затоа е таков и на стримот. Очигледно лош микрофон му имаа дадено. Инаку знае некој дали има карти за у МКЦ или раздадени се? :)

ЕДИТ: Пред дождот го гледав точно пред 4 месеци на ТВ и беше одличен. Втор пат го гледам сега у кино и исти емоции. Секоја чест за маестро Милчо. :cuc:
 
Го слушам, добар стрим меѓутоа картите за неколку часа ги снема, сигурно ги имаат раздадено на нивни луѓе.
Ги даваа картите(бесплатни) од средата од 10:00 на билетара во Милениум.. кој сакаше можеше да подигне, е сеа дали имало и карти тргнати на страна не знам, знам само дека имаше и по некое празно место денес на филмов.

А за тие шо беа имаше пакетче:
20150508_004259.jpg

Инаку ептен од дамна ми беше глеан и скоро ништо не памтев од филмов, така да ко нов филм да глеав.. Одличен!
 
Прегледај го приврзокот 120694

Инаку ептен од дамна ми беше глеан и скоро ништо не памтев од филмов, така да ко нов филм да глеав.. Одличен!
Одреден број сигурно си тргнале за нивни луѓе, знам ја видов Лабина додека чекавме, а таа сигурно не чекала ред на билетарница. :) Инаку не спомнав за пакетчето пошто не сакав да ставам сол на рана за оние што не биле, ама се радувам ко дете на лижавче за филмовите. :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom