Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 декември 2014
Мислења
103
Поени од реакции
31
Само едно знам, дека фасадата на владата е најнапатената фасада во свет :(
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
@Brutus, која е идеалната и посакуваната завршница на протестиве? Мене не ми е јасно, зошто уствари протестираат луѓево?
Дали можеби бараат некој друг да понесе одговорност покрај тој што сега лежи во затвор?
 

isoffProd

pluskavec
Член од
21 февруари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
162
А зошто сега, кога има стабилна економија, кога има инвестиции, кога има здрава фискална политика, кога има прилив од даноци и царини. Кога секој прави разлика, што добил, а што изгубил.
Што сега ја запнавте.
Кога се купуваат трактори, мотори и коли од салони. Што сега ви треба техничка власт. Што не ја баравте во 2009 година, на економска криза. Зашто ви е овој тајминг.
Зашто вие сите сте задоени дека се мора да е црно, за вие да му отворите очи на народот, ко божем тој не памти што имал, а што има сега !!
Абе не правете хаос, со туѓу пари и фигури у шах. Земете и кажете зошто не сте у Собрание, зошто вашите подржувачи се на ИЌ. Зошто го сакате Тито :)
???????????????????
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.447
Поени од реакции
39.075
Не, не. Чуството на недопирливи се прави токму вака со протести. Па кој и да дојде нареден на власт да знае дека ако направи големи срања дека ќе му се деси народ и ќе го јаде.

Ама што фантазирам, ние сме човечиња. Тибам робовскиот менталитет. Фетиш ни е да робуваме. Луѓе кои се палеле на Тито сеа се палат на Сашо. Уште живееме во комунистички филм, каде поголеми комунисти се оние кои треба да се десничарска партија.

Затоа се тераат и глупиве муабети за трета опција. Овие се катастрофа, ама седи бе, дур не се појави трета опција ќе ги трпиме. А трета опција нема да се појави затоа што тие што се на валст не пуштаат да се појави, ама кој да сфати ебате, сигурно не народ кој глеа турски серии 24/7.
Трета опција е глуп муабет , моменталната власт си направи монопол од државата , и спасот е Заев така? .. Колку и да вртите провидни сте , џабе ви е. Секоја разумна понуда што би била предложена на опозицијата нема да биде прифатлива ако не значи враќање на власт за нив.

Ајде трета опција ако е глуп муабет кој според тебе би бил уствари опција? Значи остај ги на страна и Грујо и Сашо и Заев и сите што се околу нив. Првите двајца ќе паднат кога тогаш , вториот само ќе сонува власт.

И пак исти курац , али битно муабетите за трета опција се глупи само затоа што не ви одговараат. :)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
@Brutus, која е идеалната и посакуваната завршница на протестиве? Мене не ми е јасно, зошто уствари протестираат луѓево?
Дали можеби бараат некој друг да понесе одговорност покрај тој што сега лежи во затвор?
Да. Реално треба, и има внатрепартиски понесено со тоа што е изолиран (Урко). У иднина може и ќе го уапсат ништо чудно. Јанкуловска ќе биде сменета доколку Груевски го издржи притисокот овие неколку месеци. Догодина не ме чуди и он да си оди се разбира откако ќе и го трасира теренот на некои свои сопартијци кои не се компормитирани и да се задржи власта. Не сум нереален ако кажам дека се сеуште далеку најсилна политичка опција во државава.
За мене посакувана разрешница е да се објават сите снимки и нормално да се најде кој ги снимал. Ама тоа дека ќе се случи не верувам.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Првото не е точно. Ти му го импутираш целосното обединување. Тој кажа деке не би сакал да види комуњари до него. Значи од почеток е исклучив и не повикува на ништо такво. Тој повикува на истиот народ на кој повикуваш ти. И на кој после му кажа дека никој нема право да се повикува. :D
Ти само кога сакаш си внимателен во читање и толкување.
Настрана што другарот темплар малку ни забега на крај, па му пуштив две напред и се обидов да му ги објаснам недостатоците на неговиот fever dream последните десетина страни.
Значи, континуитетот на нашата дискусија со другарот темплар вика дека прво другарот темплар инсистираше на НАРОД, обединет, единствен и консензуален, па во наредни неколку постови, кога веќе потонаа бродовите, прејде на себедемаскирање и почна да плука селективно по комуњари и соросоиди. Тоа е супер, го покажа лицето, ама настапот беше биполарен, одговорот како таков и за двете работи е тој. За првата, оној што бара хомогена маса сочинета од цел народ за да признае легитимитет е ненормален. Оној кој во толпа од 2000, 5000, 8000 покажува со прст кон десетина луѓе со багаж и вика дека тие се лицето на цела толпа, е исто така ненормален. Такви обиди за дискредитација, биле биполарни, алцхајмерови, паркинсонови или микимаусови, мора да се демантираат затоа што се бедни.

Сеа таа мисловна именка ја учиш на цивилизациски лекции и на аморфна маса пробуваш да и доделиш општи својства. Или може или не може. Не бива селективно да може. Ако се дозволи набројување на цивилизациски лекции што народот ги научил, сме на тенок терен. Некој претенциозен може да рече „народот од 2001ва научи дека кога групи излегуваат на улица да бараат граџански (ова изговорено ко Фрле, намерно) права и некои апстрактни правдини, притоа применувајќи насилство, најдобро е полицијата да им го просее мозокот на асфалт веднаш“. И да имаш огромен проблем со истото.
Во однос на цитатот.
Актуелните состојби, текови и случувања велат, а и ти погоре кажа, дека Народ е популистички термин. Кога политичар се осудува да говори во име на народ, всушност зборува за некој цензус од 40%, на избори на кои од тие 40% имаш неважечки гласови и тек-тук по некое фалсификатче, во кои 40% не спаѓа населението помладо од 18 години.
Мнозинството од народот, во актуелни состојби како оваа, не дејствува. Е аморфна маса. Кога ќе се испише во историската читанка настанот, станува наследство на народот. Илинден, каков-таков, бил иницијатива на неколку илјади луѓе. Денес е дел од идентитетот на народот...каков-таков. Мораш да ги разграничиш актуелниот и историскиот момент, па да го аплицираш поимот. Во овие дваесетина години независна држава, на ова поле, ние сме табула раса. Сега е првиот посериозен момент да направиме нешто околу тоа.
Си ја спомнал 2001-ва. Нема таква претенција која за 2001 може да каже и да убеди дека некој тогаш настапил со граѓански концепт. Таму немаш барање граѓански права, туку етнички. Многу децидни и далечни од ова за што ние разговараме. Бадентер е најголемиот можен шамар на граѓанскиот концепт и ти тоа го знаеш. Не знам зошто овде намерно го промаши.

Граѓански концепт и народ не одат заедно. Демократија, плураризам, право за сите, цивилна контрола на институции и цивилизациски лекции што група ги научила, во ниту еден случај не оди заедно. Второво инсистира на исклучивост и на газење на секој што не ги научил тие цивилизациски лекции. Бидејќи нели, ако нивната примена е селективна, веќе не се цивилизациски лекции. И тоа пробувам да ти кажам, контрадикторен си.
Затоа ти ја спомнав Франција. Таму имаш пет републики. Имаш еден цел развој, неколку битни лекции и многу крвав Версај за да стигнеш до граѓански концепт. Ние такви немаме. Оваа генерација нема. Лазо од старост умре, не заебавај.
Нашето искуство вика дека како млада демекдемократија, сеуште немаме демократски капацитет. Акумулацијата на моќ од власта ги преминува сите граници и не води до тоталитаризам. Неопходна е, за почеток, цивилна контрола на УБК, цивилна контрола над буџетот, поголема транспарентност и, на темава, малку поригорозен систем за некој да добие значка и да има одврзани раце да тепа. Еден Урко жареше и палеше осум години...Го тргнаа копилето три и кусур години после убиството на детето, за кое "лажел како циган".
Тоа што горе го набројав, е нешто што ниту една влада нема да сака да го дозволи. На што ние ќе мораме да ја присилиме. Тој е патот до здраво граѓанство, колку и да тебе ти изгледа незамислив, неизводлив и туѓ.

И не е ред што мислиш дека можеш да се ставиш над двете страни на паричката, па уште и група да извлечеш над нејзе и да ја газиш. Тоа може да биде резултат или на силна разочараност или на огромна умисленост. Во двата случаи грдо, бидејќи се губи контактот со реалноста, која е сурова и вика дека што и да направиш, на крај застануваш зад една од двете страни на паричката. Ама убеден сум дека знаеш, само одбиваш да се соочиш. :(
Знаеш ли што не е во ред?
Не е во ред да се крши Устав и да се гласа буџет по брза постапка за земање кредит, за изборна кампања, а потоа да се зборува за правна разрешница и за владеење на правото.
Не е во ред три дена да измислуваш приказни дека дете се сопнало, дете се удрило од клупа, дете било џанак, дете украло нешто, само умрело, баба рога го изела, ако наводно не ги знаеш сите информации, оти изгледа како да покриваш партиски газ и рејтинг на пастирот, наместо професионално да си ја вршиш работата со најобично "истрагата е во тек"
Не е во ред секој револт да е револт "фабрикуван од Сорос и СДСМ".
Не е во ред да не смее да постојат неопределени. Да нема никој право да каже Јас имам проблем. Да се бутка индивидуалецот во некоја обоена страна, за да може оправдано да се гази, оти таа обоена страна е предавничка и сака "да ја продаде државата".
Не е во ред некој друг, некој од страна, мене да ми кажува каде тоа јас сум припаѓал, сакал нејќел. Како ако сум тврдел дека не припаѓам, тоа алудирало на умисленост, разочараност или развигорченост. Не е во ред некоја Полиција на Мислата да си дава за право willy nilly да бележи луѓе, ако за тоа нема цврст доказ, досие или минато дејствување. Брутус дава такви дијагнози за џанаци. Не ти личи тебе да даваш исти за комуњари и соросоиди.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Добро е што е толку, внатре влегле 30тина желки по 10тина протестанти натегања буткања и ете некој завршил така.
Колатерална штета. 30 специјалци со полна опрема бркале 10 протестанти во читалната и после буткања завршиле така.
Ова е однесувањето за кое ти зборувам.
Нели можела да изреагира покултурно полицијата. Викаш 30 души биле. Можат да ги "затворат" излезите и еден по еден да ги вадат тие шо протестирале.
Нерафинирани брутови без грам мозок во униформи изиграваат шерифи и ете некој завршува така. Во случајов девојка некоја млада, шо отишла во читална да учи. И другар ѝ.
 
Член од
16 февруари 2015
Мислења
67
Поени од реакции
80
Македонија многу лесно ги заборави :

-Трајан Беќиров
-Полицајката Павловска која се самоубила со три куршуми
-Диме Поштарот
-Снајперистите за време на митинзите на ДПМНЕ пред 20 години

-Тепањето стечајци
-Исчезнувањето на 20 тони дрога од магацините на МВР ( не ме држете за збор)

Притоа сите забораваат дека ова не е 1973 година кога има апсолутна доминација на СДСМ во Македонија, туку 2015 година кога позади ДПМНЕ стојат 500.000 гласачи. Тоа што ДПМНЕ моментално молчи и не иницира инциденти тоа не го прави силно СДСМ. Се виде нивната сила на референдумот. Што би било ако ДПМНЕ го извади своето членство на улица? Не си играјте со оган и ќе ве замолам сите со ладни глави да размислувате. Ова на никој не одговара и не потпаѓајте на евтини емоции и лажна партиска пропаганда. На Македонија најмалку и треба украинско сценарио во коешто само НИЕ ќе изгубиме и никој друг.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Не е прв пат да им се случи ова на специјалциве да им падне пендракот.

 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Колатерална штета. 30 специјалци со полна опрема бркале 10 протестанти во читалната и после буткања завршиле така.
Ова е однесувањето за кое ти зборувам.
Нели можела да изреагира покултурно полицијата. Викаш 30 души биле. Можат да ги "затворат" излезите и еден по еден да ги вадат тие шо протестирале.
Нерафинирани брутови без грам мозок во униформи изиграваат шерифи и ете некој завршува така. Во случајов девојка некоја млада, шо отишла во читална да учи. И другар ѝ.
Теоретски да. Ама ја и ти не сме биле на терен. Видовме претходно што се случувало. За девојката и другарот не знам. Претпоставувам биле од оние што мавтаат со рацете и бараат објаснување. Памет за друг пат - кога доаѓа толпа со подигнати пендреци повлечи се и не барај објаснување во моментот.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Пред да почнат да спремаат колоквиуми
На Алсат-М на вести кажаа дека Груевски за време на протестите бил во свр скопје и од таму гледал на камерите и давал наредби. Ова е една од тие камери преку која гледал претпоставувам.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.933
Поени од реакции
116.399
Колатерална штета. 30 специјалци со полна опрема бркале 10 протестанти во читалната и после буткања завршиле така.
Ова е однесувањето за кое ти зборувам.
Нели можела да изреагира покултурно полицијата. Викаш 30 души биле. Можат да ги "затворат" излезите и еден по еден да ги вадат тие шо протестирале.
Нерафинирани брутови без грам мозок во униформи изиграваат шерифи и ете некој завршува така. Во случајов девојка некоја млада, шо отишла во читална да учи. И другар ѝ.
Да да, надвор се дешава општонароден бунт, а тие еден по еден ќе ги легитимираат. Може и кафе да испијат со секој од нив, има време за се.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Единствениот што прикривал убиство е Урко. И треба да лежи во затвор заради тоа.
НЕ! Горде и Грујо исто така треба да одговараат по командна одговорност. Урко дал усмена наредба, а во официјалната истрага е наведено дека Спасов бил таму самоиницијативно - што е лага на Спасов под притисок на Горде, Урко и Грујо. Тоа снимките го откриваат.

Сам си одговори , далеку помало. :)

Нова трета опција со сериозни луѓе ќе бидат освежување , али не дека и тие нема да забегаат со тек на време. И дефинитивно ни треба нов систем на владеење , без маратонски мандати и добивање на чувство на недопирливи.
Кажав јас - технократска влада. Додека се отстрани канцерот од општеството (од судство, полиција, администрација, политика, итн). После тоа да се организираат демократски избори.

А зошто сега, кога има стабилна економија, кога има инвестиции, кога има здрава фискална политика, кога има прилив од даноци и царини. Кога секој прави разлика, што добил, а што изгубил.
Што сега ја запнавте.
Кога се купуваат трактори, мотори и коли од салони. Што сега ви треба техничка власт. Што не ја баравте во 2009 година, на економска криза. Зашто ви е овој тајминг.
Зашто вие сите сте задоени дека се мора да е црно, за вие да му отворите очи на народот, ко божем тој не памти што имал, а што има сега !!
Абе не правете хаос, со туѓу пари и фигури у шах. Земете и кажете зошто не сте у Собрание, зошто вашите подржувачи се на ИЌ. Зошто го сакате Тито :)
Цар си! И самиот знаеш колку смешно звучиш па затоа си стави смајли на крај.

Зошто сега? Затоа што сега е моментот. Затоа што сега на народот му е скурчено. Затоа што сето тоа што си го набројал е лага што моите внуци ќе ја исплаќаат.

И како бе со туѓи фигури у шах и пари? Твои ли се парите од буџетот? Само вие ли имате право да управувате со тие пари? Ете тоа размислување што го имате (арогантно) ќе ви се лупне од глава. Тоа е тоа што не го научивте од опозицијата. Уште им се смеете за изјавата дека “Народот е во право дури и кога греши“а не гледате дека исто се понашате.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Како бе овие што ја бранат владата не стават прст на глава и не се замислат дека еден ден и тие можат да бидат жртви на корумпираната влада, па пред да излезат овие снимки и пред да ги слушне народот, истото се знаеше, се знаеше дека Мијалков е се и сешто во државава од главен полицаец до судски совет, се знаеше дека насила превзема успешни претпријатија за што повеќе акумулирање на капитал, се знаеше дека пробуваат да го прикријат убиството на Мартин, се знаеше како се фалсификуваат изборите, се знаеше дека Љубе го наместија (рака на срце самиот наседна), се знаеше дека шефот на обезбедување на премиерот во Скопје е главен рекетар ... и сега со слушање на овие разговори само се потврдува истото и овие партиските послушници на секој анчин пробуваат да ги релативизираат работите.

Најлошо во овој момент е што владата мува не ја лази што се дешава, ке пробаат на секој начин ако треба и на сила да се справат со народот и да продолжат со криминалнато владеење
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom